@Near Треба Дачо да се седне на клупа и босанџерос да игра ако е опоравен од повредата.
Хмм...не би се сложил. Босанецот бил далеку од спремен, и покрај тоа што скина ахилова тетива лани во август месец. Мојсов ваков-таков реално уште е у топ 5 штопери во лигата, има искуство еден тон, за оваа лига е сеуште измислен. Другиот штопер е проблем. Фетаи ваков-таков, лани од 2-ра лига дојде одлично се надополнуваа со Мојсов, е сеа бил само на позајмица и си го врати Беса. Стоименовски не е тој левел, и лани не ме импресионира нешто посебно, види кривица за првиот гол на овие од Исланд, отидоа со Маневски да го бркаат на аут линијата тој ботот, и назад остави кратер, Брзи против 4ца нивни од тотално безопасна ситуација и примавме гол. Босанецот недоволно залечен и друг стопер ни е проблеем.
Ии врти-сучи, кога ќе размислиш, реално одбраната најголем проблем излезе. Капитенот, секоја му чест, еден од моите омилени играчи, одличен лик, пред 5-6 години на негови 30 години можеше да си игра уште прва лига реши да се врати у Тиквеш, меѓутоа веќе е потрошен материјал. Не е за прва постава, а камоли за неговата позиција десен бек каде што современ фудбал се бара нон-стоп шпартање лево десно. Може да покрие на стопер, ама принудно. Вчера овој шпицот на Бреидаблик беше 1 глава поголем и минимум 3 пати посилен, дуел не можеше да му земе. Друг десен бек - немаме.
Лев бек бевме одлично покриени со Карче, кај пукнала црпката со него појма неам, типот реално ептен беше пронајден тука, се бореше максимално, играше со срце иако понекогаш ме го ринкав дека преку глава ми доаѓаше со непотребните жолти картони ради кавги и дофрлање по судијата
, дефанзивно беше одличен, ораше буквално по таа страна, на негово место доаѓа Маневски што искрено, никогаш не ми оставил впечаток (7-8 пати сум го гледал додуша, и во Шкендија, и во Брегалница). Друг лев бек - немаме, Дончев каков-таков патарушка без сила, покрај примарна позиција што го трансформиравме од крило во лев бек, можеше секаде да покрие низ одбраната.
Е сеа, на сметка на одбраната, сметам дека сме ПРЕПОЛНИ во средината. Ама онака, везњаци за извоз буквално. Го имаш Робертињо, го имаш Миле Тодоров што трча по 15 километри на утакмица, го имаш Петелот (Спиркоски) што е играч што е убедливо најборбен на целата средина и вчера тој го смени текот на играта, го имаш Стојкоски (Лука Модриќ, ајде он може и поофанзивно да изигра), го земаш Давид Манасиевски, и капак на се го земаш и Мики Петровиќ. За кавадаречките деца што се на клупа, да не ги ни додавам (Данаил, Стојан Петковски, Жути). Не знам, мислам имаме реално добар тим, ама многу неизбалансиран ми е некако. На сметка на некој од средината искрено јас би земал некој назад да игра, десен бек ни е потребен под итно барем резервен дека капитенот ќе цркне, штопер уште еден ни треба дека само 2-ца природни штопери имаме..
@nsan твое мислење? Имаме тим за топ 3 на табелата?
@Незапирливи 1903/87