*princess*
..SiMpLy GorGeOuS..
- Член од
- 17 февруари 2008
- Мислења
- 747
- Поени од реакции
- 21
Салмонелите се бактерии кои се многу раширени во природата. Тие живеат и како паразити во различни животни (риби, змии, инсекти, живина и цицачи). Салмонелите се многу отпорни на надворешните фактори и можат долго да преживеат надвор од својот домаќин. Најчесто заразата со Салмонела се случува со јадење на храна која потекнува од заразени животни – јајца, месо и млеко. Особено често во летно време се случуваат мини-епидемии на труење од Салмонела од сладоледи – посебно од сладоледи во корнет-додека сладоледот се чува на ладно, лажицата со која истиот се става се чува во чаша во вода !
Често се случува заразата да се пренесе и со нечисти раце. Исто така, не смеат да се заборават и домашните миленици бидејќи тие можат да ги имаат бактериите на своите влакна. Поволна средина за развој на Салмонели се разни слатки и сладолед кои се припремаат од живи јајца, како и мајонез. Затоа салатите со додаток на мајонез не би требало да се чуват надвор од фрижидер подолго време. Исто така и месото кое не е доволно термички обработено е одлична средина за развој на Салмонели.
Болест кај човекот може да предизивика само голем број на Салмонели, но Салмонелата е бактерија која брзо се размножува. За неколку часа од 100 бактерии можат да се развијат и неколку милиони. Салмонелата е паразит на цревата и предизвикува воспаление на слузокожата на цревата, и на тој начин предизвикува акутен гастроенетерит – со обилни повраќања и проливи. Првите симптоми на болеста обично се јавуваат 12-48 часа по конзумацијата на заразената храна. Првите симптоми се болка во стомакот, мачнина, повраќање и пролив. Се јавуваат и малаксалост (како резултат на токсемијата), вртоглавица и жед. Неретко се покачува и телесната температура. Лечењето е симптоматско, што значи дека треба да се надокнади изгубената течност и соли, а во потешките случаи е потребна и инфузија. Потребно е водење на лесна диета барем една недела по инфекцијата, за да се обнови оштетениот цревен епител. Лечење со антибиотици не се препорачува кај некомплицирани случаи бидејќи тие ја уништуваат нормалната цревна флора и со тоа правата поголема штета отколку корист. Но тоа не важи за тешките облици на болеста, кои мора да се лечат во болнички услови.
Практични совети :
Често се случува заразата да се пренесе и со нечисти раце. Исто така, не смеат да се заборават и домашните миленици бидејќи тие можат да ги имаат бактериите на своите влакна. Поволна средина за развој на Салмонели се разни слатки и сладолед кои се припремаат од живи јајца, како и мајонез. Затоа салатите со додаток на мајонез не би требало да се чуват надвор од фрижидер подолго време. Исто така и месото кое не е доволно термички обработено е одлична средина за развој на Салмонели.
Практични совети :
- Летно време да се избегнуваат слатки кои се прават од јајца
- Обратете внимание на рокот на употреба на намирниците
- Храната држете ја во фрижидер
- Храната обработете ја термички на минимум 80 степени Целзиусеви.
- Избегавајте подгреана храна, која подолго стоела надвор.