Македонско фудбалско првенство

Кој ќе биде шампион на Македонија во сезоната 2023/24?

  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.758
Поени од реакции
36.659
ЛШ: Слован Братислава - Струга 4:2
ЛЕ: Ноа - Шкендија 2:0
КЛ: Тиквеш - Бреидаблик 3:2
Во Лига Европа немаме преставник. И Ноа-Шкендија е меч од Конференциска лига.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
313
Поени од реакции
1.733
Од прикажаното, Струга се сели во КЛ, освен тие 15-20 минути ништо не покажа вчера против Слован, така што не верувам дека ќе ги елиминираат.

Шкендија жив очај, еден полу-шут во 90 минути. Ерменциве имаат многу нови играчи и не се воиграни, искрено не верувам дека може да ги поминат. Освен Вебстер, се друго е тешка мизерија.

Тиквеш има најмногу шанси за пласман понатаму, иако и на нив ќе им биде доста тешко.

Севкупно гледано, од година во година опипуваме се поголема клубска мизерија…
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.019
Во Скопје се игра европски фудбал благодарение на Тиквеш :icon_lol:

Штета, или среќа на крајот што тепавме 3-2. Ако се гледа целокупната утакмица, тотална доминација, преку 5 100% шанси промашени, две страшни шанси на самиот почеток и место да тргнеме со 2-0, следеше ладен туш, една контра за 0-1, потоа уште една и 0-2. До крај на полувреме му се пресекоа уште толку нозете на играчите и среќа што не примивме уште некој гол. Второ полувреме сосема друга приказна, нагазија веднаш, си реков ако дадеме гол до 60та минута ќе имаме можеби шанса за реми, дадовме гол во 73та и тепавме на крај :D
Се е отворено пред реваншот во Исланд, ама мора да се подобри реализацијата дека сигурно нема ова да се повтори и 100 шанси да имаме. Здравје, да ги поминеме, па да прајме гостување у Гњилане :D
Инаку, Лозари влегоа на полувреме и несомнено беа голем фактор во пресвртот, ама дечките тргнале кај 6 од Кавадарци, а влегоа на полувреме. Срамота и греота е на пеколниве температури да имаш очајна организација и да ги држиш 3 саати во автобус, во ситуација кога нема друга навивачка група и кога натпреварот не е баш од висок ризик. Исто беше и на финалето на Купот, кога влегоа пред крај на прво полувреме. Ама, Македонија и се е можно..
:pivo2::pijanco:
 
Последно уредено:

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.237
Колку убава вечер љочките изгубија, а Тиквеш до феноменален пресврт. Секоја чест за тренерот Мојсов, кој за кратко време направи тим за респект.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.101
Поени од реакции
3.847
Колку убава вечер љочките изгубија, а Тиквеш до феноменален пресврт. Секоја чест за тренерот Мојсов, кој за кратко време направи тим за респект.
А што очекуваш од тренери како оној Ќатип Османи (тој 5 пати ли им беше тренер на Шкендија претходно?) или на ним слични. Браво за Тиквеш денес како од 0-2 направи пресврт за 3-2 па обели образ.
 
A

Ali Pasha

Гостин

Тиквеш овој подготвителен период имаше стварно добри настапи на пријателските, и ми беше чудно што губеше 2:0, но сепак успеал да сврти и да победи, и се надевам тоа било првична трема, и на гости ќе обезбедат пласман понатаму.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.418
Поени од реакции
9.063
Тиквеш овој подготвителен период имаше стварно добри настапи на пријателските, и ми беше чудно што губеше 2:0, но сепак успеал да сврти и да победи, и се надевам тоа било првична трема, и на гости ќе обезбедат пласман понатаму.
Од извештаите може да се забележи декаТиквеш незаслужено губеле 2:0, е сега наместо да се оди на гости со комотна разлика, тие ќе треба да играат под притисок, али ако толку биле поквалитетни да се вратат од минус 2, би требало да поминат.

Кога сме кај Струга, штета што на крај ја заебале работата, тешко ќе биде да се вратат од овој резултат.
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.293
Поени од реакции
7.019
Тиквеш овој подготвителен период имаше стварно добри настапи на пријателските, и ми беше чудно што губеше 2:0, но сепак успеал да сврти и да победи, и се надевам тоа било првична трема, и на гости ќе обезбедат пласман понатаму.
Хмм, тука е клучниот дел, подготвителен период.. :D Види, на сув квалитет мислам дека сме подобри и поквалитетни од овие од Исланд, помотивирани секако. Меѓутоа, кај нив првенството е во полн ек и можеше голема разлика да се види во таа насока, многу повоиграни беа, брзи комбинации, лесно отвараа контри, меѓутоа реално не створија некоја 100% шанса. Двата гола им паднаа по контри, за разлика од нив ние се испромашувавме. Можевме уште барем 3 гола СИГУРНО да дадеме, значи онака 100% шанси. Е сеа, гостувањето во Исланд ќе видиме како е, прво играат на некоја хибридна или вештачка трева, понатаму самиот пат/гостување таму како ќе биде, искуството исто е на нивна страна дека лани победија со Струга и играа во групна фаза, на крај крајева и климата дека едно е тука на +40, а друго е таму на +10 да играш. Лошо кај нас е што едноставно не знаеме да играме одбрана реално, секогаш се оди на гол повеќе, меѓутоа...ќе видиме,умерен оптимист сум, тие треба да нападнат од почеток, па ако се подобри реализацијата и се искористи барем една шанса...ќе биде интересно :)
 
A

Ali Pasha

Гостин
Значи од трите екипи во европските натпреварувања, само Шкендија има послаба екипа, и не верувам дека ќе оди понатаму, а богами и не заслужува!
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.237
А што очекуваш од тренери како оној Ќатип Османи (тој 5 пати ли им беше тренер на Шкендија претходно?) или на ним слични. Браво за Тиквеш денес како од 0-2 направи пресврт за 3-2 па обели образ.
Шкендија лошо ги одбработува трансфер периодите во последните неколку сезони. Си заминаа Алмир Аганспахиќ и Чинари, а не донесоа соодветни појачувања. Тој Бамба што го донесоа го немаше во протоколот за вчерашиот натпревар, Адаму Алхасан исто го немаше во протоколот. А реално добра ждрепка имаа и за ова коло и за наредното коло, со оглед дека ќе играа со Слиема од Малта.
 
Член од
18 август 2019
Мислења
236
Поени од реакции
403

Шкендија од онаа генерација со Хасани,Ибраими,Алими кога стварно имаа добар тим и двапати мислам и до плејоф стигнаа,наваму се катастрофа и како да не се замара нивниот спонзор да направи пак некој солиден тим.Знаат дека во оваа аматерска лига до Европа ќе стигнат и толку е максимумот Можеби сега со силен Вардар повторно ќе направат по конкурентен состав
 
Hoy

Член од
7 септември 2017
Мислења
559
Поени од реакции
1.831
Колку убава вечер љочките изгубија, а Тиквеш до феноменален пресврт. Секоја чест за тренерот Мојсов, кој за кратко време направи тим за респект.
Ама реалноста е дупло по деструктивна за македонските екипи.
Љочките изгубија и губат 4 години уназад у прво коло, а со тоа сметката ја плаќа некоја македонска екипа што ќе заврши 4-то пласирана, а нема да игра Европа благодарение на лошите резултати секое лето на “нашите” претставници со што се губи место помалце за излез у Европа.

Они, врти-сичи пак ќе завршат на првите 3 позиции, а наша екипа ете како годинава ако се смилува ФФМ преку Куп да ја извади у Европа, па да има како-таков баланс.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.237
Шкендија од онаа генерација со Хасани,Ибраими,Алими кога стварно имаа добар тим и двапати мислам и до плејоф стигнаа,наваму се катастрофа и како да не се замара нивниот спонзор да направи пак некој солиден тим.Знаат дека во оваа аматерска лига до Европа ќе стигнат и толку е максимумот Можеби сега со силен Вардар повторно ќе направат по конкурентен состав
Газдата не се замара, тој има други поволности од тоа што инвестира. Не му е дојдено до резултати ниту пак до фудбал. Си остварува тој поволности за неговиот бизнис во Македонија. Од друга страна во клубот работат многу луѓе кои немаат никаква допирна точка во поглед на позицијата на која се наоѓаат во клубот. Ниту пак имаат соодветно знаење ниту пак вештини.

Ама реалноста е дупло по деструктивна за македонските екипи.
Љочките изгубија и губат 4 години уназад у прво коло, а со тоа сметката ја плаќа некоја македонска екипа што ќе заврши 4-то пласирана, а нема да игра Европа благодарение на лошите резултати секое лето на “нашите” претставници со што се губи место помалце за излез у Европа.

Они, врти-сичи пак ќе завршат на првите 3 позиции, а наша екипа ете како годинава ако се смилува ФФМ преку Куп да ја извади у Европа, па да има како-таков баланс.
Тоа си во право дека губат и македонските екипи, но оваа сезона не ги гледам во топ 3. Барем не со овие појачувања кои ги донесоа до сега. Немаат никаква визија ниту стратегија. Далеку ќе бидат од топ 3, барем тоа е мое мислење.
 
Член од
20 септември 2023
Мислења
313
Поени од реакции
1.733
Значи од трите екипи во европските натпреварувања, само Шкендија има послаба екипа, и не верувам дека ќе оди понатаму, а богами и не заслужува!
Мислам дека вашиов газда повеќе пари троши на маркетинг агенции отколку на засилувања.
Автоматски споено мислење:

Шкендија лошо ги одбработува трансфер периодите во последните неколку сезони. Си заминаа Алмир Аганспахиќ и Чинари, а не донесоа соодветни појачувања. Тој Бамба што го донесоа го немаше во протоколот за вчерашиот натпревар, Адаму Алхасан исто го немаше во протоколот. А реално добра ждрепка имаа и за ова коло и за наредното коло, со оглед дека ќе играа со Слиема од Малта.
Ноа се далеку од добра ждрепка, види им го ростерот. Имаат 10тина нови играчи, сигурно се уште не се и воиграни. Голем дел од странците се од поквалитетни лиги од македонската, плус со добра минутажа, нешто што е реткост кај странци што доаѓаат кај нас.
Автоматски споено мислење:

Шкендија од онаа генерација со Хасани,Ибраими,Алими кога стварно имаа добар тим и двапати мислам и до плејоф стигнаа,наваму се катастрофа и како да не се замара нивниот спонзор да направи пак некој солиден тим.Знаат дека во оваа аматерска лига до Европа ќе стигнат и толку е максимумот Можеби сега со силен Вардар повторно ќе направат по конкурентен состав
Голема грешка е и упорното форсирање на играчи од Албанија/Косово и Албанци од Македонија, ништо добро не им донесе таквата политика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom