UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

Кој?


  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
9.607
Поени од реакции
8.396
Уште една победа до мојата прогноза за Англија. Кејн ќе крева пехар луѓееее :vozbud:
Да не веруеш... :D

Човекот си е баксуз на себе, отиде у клуб што ја доминираше лигата и му немаше рамен и изгуби трофеј.:pos:
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.571
Поени од реакции
13.920
Уште кога ги изваде Белингам со голот во 9530 минута си реков освојуваат. Во нормални услови 5 треба да јадат од Шпанија, ама сега ќе тепаат :sick:
 
Член од
10 јули 2018
Мислења
1.404
Поени од реакции
2.225
Уште кога ги изваде Белингам со голот во 9530 минута си реков освојуваат. Во нормални услови 5 треба да јадат од Шпанија, ама сега ќе тепаат :sick:
Кои се тие нормални услови? Ако Шпанија излезат раштимани и немаат два паса, шут у гол и изгубат заслужено ке освои Англија или не?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.951
Поени од реакции
17.816
Треба преку вечер да заборават Шпанците да играат фудбал па така би освоиле Англија, или евентуално ако фатат пролив Јамал, Родри и Вилијамс.
Ама штом стигнаа пустите до тука со мачење со тегнење ништо чудно.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.645
Поени од реакции
43.441
Треба преку вечер да заборават Шпанците да играат фудбал па така би освоиле Англија, или евентуално ако фатат пролив Јамал, Родри и Вилијамс.
Ама штом стигнаа пустите до тука со мачење со тегнење ништо чудно.
...бидејќи за Англија играат Величе Шумуликовски и Панче Ќумбев? :D
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
9.607
Поени од реакции
8.396
...бидејќи за Англија играат Величе Шумуликовски и Панче Ќумбев? :D
Ќути неможат инцестите со Шпанците, си го имаат они "новиот меси" ма да незнам веќе кој им е по ред. Последниот у Брајтон не се снајде. :D
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.370
Поени од реакции
3.162
Ќути неможат инцестите со Шпанците, си го имаат они "новиот меси" ма да незнам веќе кој им е по ред. Последниот у Брајтон не се снајде. :D
А што е работата со инцестите? Толку ли се ограничени, освен фудбал ништо немаат.:D
Шпањолците - кошарка, ракомет...итн...Пред некој ден пуштам на тв вести и вест " ...и оваа година имаше повредени во трчање на бикови по улиците на тој и тој град у Шпањолска"...се' си имаат, цареви...:D
 
Последно уредено:

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
9.607
Поени од реакции
8.396
А што е работата со инцестите? Толку ли се ограничени, освен фудбал ништо немаат.:D
Шпањолците - кошарка, ракомет...итн...Пред некој ден пуштам на тв вести и вест " ...и оваа година имаше загинати во трчање на бикови по улиците на тој и тој град у Шпањолска"...се' си имаат, цареви...:D
Повеќе како сељаци ми изгледаат али ај. :D
Инцестите освен фудбал други најпопуларни спортови им е снукер и дартс. Не се они толку спортска нација уживаат во фудбал и толку.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.733
Поени од реакции
43.987
Мене стварно не ми е јасно како судија кој у свое досие има црна дамка од типот на местење натпревар и зимање пари, да добие шанса да суди било каков натпревар под покровителство на УЕФА или ФИФА, а тек па да му се даде полуфинале на едно такво натпреварување. Oва само по себе е тежок фејл.

Пеналот за мене не беше пенал, да ти се насерам у спортот ако секој изнуден контакт се суди, и да не биде ова некое мое субјективно мислење, и Карагер и Невил вчера гледам ја критикувале таа одлука, а цел живот играле одбрана, какво сакате мислење имајте за овие двајца сега, поише од доволно се кадарни да дадат мислење за ова и истото да им држи вода.

Кејн шутира, и тоа го направи непречено, Дамфриз пружа нога да блокира, како што секој фудбалер би направил, инерцијата на движење на ногата на Кејн после волеј едноставно овозможува неизбежен контакт со Дамфрис, што требаше Дамфрис тука да направи, да не блокира? Шутира волеј, и мава во него, у најлош случај двајцата се удрија ама такви контакти во ваква ситуација се најнормални, и да, знаат да бидат и многу болни. Не беше ова клизач и задоцнета реакција на дефанзивецот, па да му ебе 100 мајки после шутот, најобичен блок и удар во ногата на противникот, односно обостран удар.

Се слагам комплентно и со Невил и со Карагер, кои иако се енглези, не гледаа субјективно на ова и уште на полувреме се изјаснија дека не е фаул, дискутабилен пенал кој доста судии и не би го свирнале. Неам ништо против енглезиве какви сака нека се на терен, си тераат си стигнаа до финале и тоа е тоа, ама ваквите одлуки го ништат овој спорт дефинитивно, не секој контакт под дифолт е и фаул, ко што е случај и со играњето на рака, не секое под дифолт е и пенал.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.645
Поени од реакции
43.441
Според досега прикажаното ? Шпанија лагано треба да се прошета до трофејот.
Зошто мислиш дека е битно досега прикажаното? И Јунајтед според прикажаното во цела сезона требаше 5 комада да јаде од Сити во финалето од ФА Купот, па дури и беа подобар противник и скроз заслужено го освоија.

Англија вчера во прво полувреме изигра одличен фудбал, без дилема најдобро нивно полувреме на турнирот. Во второ се исплашија малку да не примат некој глуп гол, па се повлекоа, ама ете пак најдоа начин како да го решат мечот на крај. Мислам дека повеќе им одговара екипа која сака да игра со топка и е отворена од тимови што имаат цврста дефанзива и баш поради тоа сметам дека со Франција многу потешко би дошле до шанси за гол отколку со Шпанија. Реално колку и да ги хејтате тука англичаните, на ова ЕУРО досега покажувааат карактер. Во нокаут фазата имаат 2 гола во судиско продолжение за израмнување и победа, и победа на пенали, со сите 5 рализирани удари. Нешто што и онаа златна генерација на Англија можеше да го сонува.

Шпанците од друга страна, се сложувам дека во глобала изиграа најубав фудбал на турнирот, ама знаеме дека убавината немора да значи ништо. А реално со Франција и не покажаа ништо посебно, дадоа 2 гола во 5 минути и потоа гледаа да ја чуваат топката и да си го заштитат голот. Во цело второ полувреме не ни пробаа да нападнат уствари, ама секако оправдано, со оглед на резултатот и противникот. Со Германија исто така мечот можеше да оди на било која страна, не е нешто како да ги издоминираа или надиграа. Така да, Шпанија е и тоа како ранлива како репрезентација, да не ги правиме сега како да се супер тимот од периодот 2008-2012.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.129
Поени од реакции
18.062
Шпанија не игра нешто најубав фудбал на турнирот (за да играат најубав, треба да има и друг што игра убав фудбал, ама слабо), туку играат најдобар, најпрецизен и најпрактичен фудбал од сите.

Во финале се може да се случи, ама факт е дека Шпанија е фаворит против Англија. Играат многу подиректно, знаат и акција да градат и контри да играат, покрај визија имаат и брзина, а згора на тоа ја држат многу топката што оневозможува премногу напади за противникот.

Минатото финале немаше изразит фаворит меѓу Англија и Италија, а тогаш англичаните со исклучок на првите 20тина минути беа целосно надиграни, иако истуркаа дури до пенали. Овојпат сепак имаат објективно посилен противник, па ќе треба да изиграат многу подобро отколку на било кој меч досега на првенството и да ги послужи среќата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom