Вака, најпросто да објаснам од мое искуство.
Не ги интересира ни авионска карта, ниту хотел, ниту за натпревар, затоа што сѐ тоа можеш да го купиш, и да го откажеш или пропадне.
Ги интересира, со која намена одиш, колку дена планираш да седиш (од-до датум) и да покажеш солидна сума на примања, заштеда и други документи кои ќе одат во прилог на тоа дека ти всушност не планираш да останеш таму.
Ја проаѓав низ цела таа процедура во декември 2023, па знам што и како треба. Не значи дека сум 100% во право, ама јас добив 6 месечна виза со документите што ги доставив при аплицирањето како доказ. Процедурата за да собереш документи, ќе ти требаат неколку дена, плус околу 3 недели се чека да се добие одговор позитивен или негативен (со или без виза), во пасошот.
Ако планираш да одиш во Ноември, јас ти предлагам најдоцна почеток на Септември да почнеш со собирање на документите и аплицирање.