Сега треба да се правиме луди, да живееме во илузија и заблуда, да ги негираме официјалните статистики на државата, тебе да ти веруваме, од извор рекла казала т.е. верувај ми брат, важи.
Еве ти статистика и за просечна старост на население по региони
Прегледај го приврзокот 422965
Што приметуваш? Индексот на стареење е многу помал во региони со доминантно албанско население.
Просечна старост во МК 41год.
Источен регион : (чисто етничко македонски) 44.2год
Полошки регион : (69% албански) 38.5год
На сево ова и фактот дека полошкиот регион е единствениот во МК кој се уште има позитивен природен прираст, сите останати се негативни, скопскиот неутрален ( и тоа само поради албанците)
Убаво кажав дека нивното иселување е тоа што се уште не држи, затоа и кај бројот на умрени се само 16%, овде се раѓаат но добар дел живеат и умираат во странство.
Европски држави кои се уште имаат позитивен природен прираст
1.Косово*
2.Албанија
3.Црна Гора
Како тоа само држави кај што Албанците се доминантно население се уште не владее бела куга? Со исклучок на ЦГ.
Сите факти посочуваат дека Албанците и ден денес, иако со многу помал интензитет за разлика од порано, се уште успеваат да се одржат во биолошка позитива, нешто што патем е и општо познато, за луѓе кои објективно и реално ги гледаат работите.