Ако одат Франција и Англија финале тоа ќе биде нај незаслуженото финале во историјата на фудбалот, две репрезентации кои буквално ништо не прикажаа и испрличија како глувци, поготово Франција со нула голови ќе биди дебакл.
Не можам да разберам, составите им се бомба а да не знаат со топка да се спојат.
Франција ги има Мбапе и Гризман во составот, двајца класа офанзивни играчи со еден куп голови зад себе и немаат гол од игра постигнато, и за тоа треба да си експерт
Навивам за Франција општо во фудбал од времето и се согласувам дека немаат убава игра на првенствово, ама па што одиграла повеќе некоја друга екипа (освен Шпанија)?
Па и тие автоголови да ги дадеш, некој треба да шутне кон гол. Не е дека земале противниците и сами си ја шутнале топката во мрежа.
Евидентно е дека имаат проблем со завршницата на акциите, дека не играат убаво за око, ама па факт е и дека со лаганица игра креираат шанси и со малку повеќе среќа ќе имаа многу повеќе голови дадено.
Чисто статистички, за удари кон гол, со Аватрија имале 14 шута кон гол, со Холандија 16, со Полска 19, со Белгија и Португалија по 20. Австрија против нив имала 7 шута кон гол, Холандија 8, Полска 10, Белгија 6 и Португалија 15.
Во сите дуели имале повеќе шутеви кон гол, со тоа што голем дел завршуваа вон рамки на голот, али беа огромни шанси.
Па против Белгија имаа доволно чисти шанси за 5-0 да победат, пред автоголот. Со Холандија беа 50-50, а Португалија може беше подобра од нив. Сепак, имаа три чисти шанси во 10 минути. Како на пример онаа на Коло Муани, што беше потешко да се промаши.
Факт е дека играат лош фудбал за око, ама и покрај тоа креираат доста шанси, па макар и со опасни шутеви на Чуамени од далеку. Да се земе предвид и дека Мбапе игра со скршен нос цело првенство, што се гледа дека е голем проблем, бидејќи нема кој да даде гол. Не игра со глава, бега од дуели, а фаќа место на терен, затоа што просто не можеш да го извадиш од игра.
Јас колку што знам имаше тимови кои во минатото титулите ги освојуваа со фул дефанзива. Сите викаат Франција немала гол дадено од игра, ама па колку голови има примено од игра на првенствово? Исто така 0.
Единствен гол што го примија беше од пенал, по несреќно играње со рака против Полска.
А реално не нииграат дефанзивно, што се гледа по број на шутеви на сите утакмици.
Ајде да се бранеа со овој состав, па противникот да се истураше од шанси, па да даваа гол на среќа и да победуваа, ќе сфатев да се бунат луѓево.
Али реално напаѓаат, ама не можат да дадат гол.
Не е ниту дека играа со слаби екипи. Австрија, Холандија која е полуфиналист, Полска во единствениот меч во кој играше Лева, Белгија и Португалија.
Цело првенство е тапанарија. Никој никаква игра не прикажува, освен Шпанија која стварно отскокнува. Пола играчи се влечат по терен, единствено поголемиве екипи се разигруваат ако примат гол први од послаба екипа.