Тоа е резултат на долгогодишно руинирање на факултетот и слаби критериуми поради партиски вработувања. Годината кога полагав интерна медицина, буквално само оние студенти кои се паднаа да полагаат кај кардиолози учеа да читаат ЕКГ. Не ми се веруваше дека некои колеги поминувааѕ со неколку болести научени од специјалноста на професорот кај што полагале, ама ете можело. И дури тие, како јас, што полагаа кај кардиолог добиваа базични ЕКГ снимки( нормално ЕКГ и инфаркт).
Кога имаш недостатоци во рудиментите, нема никогаш да се справиш со комплексни ситуации, не само во медицината,туки во сите бранши. Ќе веруваш ако ти кажам дека на кардиохириргија моментално се вработени млади колеги, borderline со потпросечен интелект, кои буквално сите големи испити ги положија според партиска основа?
Ова на кој факултет т.е. универзитет се случува?
Ако ти кажам дека има големо препишување на мојот факултет, што ќе кажиш? Во Економски факултет Прилеп има препишувачи, отворено ти кажувам. После ќе биде некој дипломиран економист исто како мене, кој дојдол на факултет колку да земе диплома за да се вработи после на подобра позицијата и да ми го земе местото.
Мислиш дека економските директори што се на болниците имаат некакво познавање од тоа што треба? - Едноставно одговорот е дека тие се партиски потрчковци кои што одат по партијата и после како најистакнати членови си превземаат голема и одговарна позиција. Јас чекав повеќе од месец за лиценцата да ми ја изработат, што на други за побрзо им ги изработуваат. Економските директори буквално не се трудат да направат нешто, да бараат специјализации за докторите, доктори да имаат, опрема, да го средат проблемот со осигурувањето за специјализантите, опрема за хирургија, повисоки плати и т.н. Интернисти ни фалат доктори, ортопедии, гинеколози, невролози, медицински сестри и т.н.
Знајш што е проблемот кај нас - партиското вработување, кога ќе седни некој на чело на болницата, ќе си направи програма за вработување во која ќе вметни дека партиско вработување е строго забрането, доктори да се вработуваат со целосно знаење (учел општа медицина, раководството треба да го испрашува за секоја болест општо да кажи) и се што е проблем да се реши, па макар некој и затвор да влези за нешто како што направија на онкологија во Скопје.
Господ нека ти биде напомош, јас повеќе од тебе се нервирам за се што прават пред мои очи, ама ете колку и да се трудиме нешто да направиме промена сепак некој друг пред нас ќе направи.