Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Секој различно си го интерпретира правилникот.
Не е до правилникот. Тоа е компјутерски систем кој или дава или не дава според одредени шифри. Еве и со конкретен пример. Тоа е како да ти пресметаат затезна 5000 денари во една експозитура, а во друга 1000 или ич. Еден систем е, еден сервер, еден внесен шифрарник, една затезна за сите експозитури, за сите аптеки.
Ова е најпластично што можам да ти го објаснам. Ако немаат сите аптеки ист клиент програм и ист шифрарник (во сотверскиот дел) според кој треба да работат, тоа е космичка глупост.
Рачно и усно аптекарката не е дека не ти дава, не вели не може него системот блокира при внес и автентификација на шифрите (претпоставувам автентификација, друго нема, тоа е ист алгоритам). Негде блокира, негде не. А начинот на блокирање/неблокирање е прилично едноставен.
Али којзнае кој и што има интерес да си игра играчки со народ.
 
После ова со бсж некој доброволно би се вакцинирал да се заштити од грип :unsure:
Да и веднаш се пријавив. Зашто 2025 Јануари 14 дена лежев на инфективно ради тој мочан грип.
 
Да и веднаш се пријавив. Зашто 2025 Јануари 14 дена лежев на инфективно ради тој мочан грип.
Слободно вакцинирајте се против грип. Вакцините се корејски и француски. БСЖ која јави компликации кај дечиња во Хрватска беше бугарска.
 
Фала @Sledge Hammer.
Инаку можеле и од Нова Година да почнат. Скоро половина ќе се чекаат до 15 ноември, што вкупно е многу малку за 350 илјади пензионери и којзнае колку хронични, ризични групи. А според докторите оптимално било септември. И стално го пробиваме рокот, дури и за октомври. А сега и сајтовите им се капут.
Тоа револтира,

У секој случај, фала за инфото, ќе мора секојднево да се информираме кај матичните.

@Lurtz
Друже што направи со вакцинација за сезонски грип?
Те повикаа ли за вакцинација со системот мој термин?
Јас денес покрај гласање на изборите, и се вакцинирав во Србија.
Со 4 - валентна вакцина од Француски производител Санофи се вакцинирав.
Нека е на здравје.

Немаа од Холандскиот Абот вакцина набавено за оваа сезона во Србија, па изборот беше или 3- валентна вакцина од Торлак или 4 - валентна од Санофи, и јас избрав од Санофи вакцина.

ГО откажав барањето за вакцинација на мојтермин.мк
Нека се вакцинираат луѓето со вакцината од Јужна Кореја.
 
@Lurtz
Друже што направи со вакцинација за сезонски грип?
Те повикаа ли за вакцинација со системот мој термин?
Јас денес покрај гласање на изборите, и се вакцинирав во Србија.
Со 4 - валентна вакцина од Француски производител Санофи се вакцинирав.
Нека е на здравје.

Немаа од Холандскиот Абот вакцина набавено за оваа сезона во Србија, па изборот беше или 3- валентна вакцина од Торлак или 4 - валентна од Санофи, и јас избрав од Санофи вакцина.

ГО откажав барањето за вакцинација на мојтермин.мк
Нека се вакцинираат луѓето со вакцината од Јужна Кореја.
На здравје нека е

Не, нема ништо. Како тргнало, може и да извисам, а досега со години редовно навреме ме известувале.
Но, нема проблем, ќе пребродам (со оглед на тоа кој го води здравствениот сектор) како и засекоја здравствена "услуга", ќе платам. Татко ми утре ќе се вакцинира. Ако деновиве не ми стигне порака, останува во екот на грипот, ноември од таа пратка. Ако не или ќе платам или нема да се вакцинирам, зависно од буџет.

А ти добро си направил. Држава се тие, свака им част.

Нека се вакцинираат луѓето со вакцината од Јужна Кореја.
ќути, колку им сече памет, можеше да биде и од Северна Кореја. Ким Бун Мун, како и да се викаше, да не опслужи :)
 

Па кој треба да организира и менаџира во Универзитетски институт за клиничка биохемија да не дојде до вакви несакани ситуации?
... поранешна членка на ДУИ, па кога падна ДУИ, прелета преку ноќ во ВЛЕН и опа цупа бидна Директорка дојдена од село Желино со три деца на грб, ќе ја води главната државна лабораторија, патувајќи секој ден толку бре нема скопски медицински кадри, па мора да патуваат од уџум во скопските клиники?
И кога би Директор не е присутен секојдневно на работа или касни со часови и другите вработени го следат примерот, па наместо да се почне на време работа со пациенти, каснат со часови, е па ќе има револт кај пациентите, е па ќе има... и ќотек ако треба, инаку поинаку не се решава проблемот очигледно!
( Директорка др Мимоза Бафќари- Бакијиа- нели треба барем да се извиниш??).
Според Законот за здравствена заштита, министерот за здравство има надлежност да го разреши директорот доколку се утврди несовесно работење, лош менаџмент со ресурсите или неможност да се обезбеди квалитетна и еднаква здравствена заштита за сите граѓани.

... медицинскиот персонал, без оглед на нивната етничка припадност, е обврзан на висок степен на професионализам, емпатија и почит кон пациентите, сугерирањето на лаборантот кон пациентот да ја напушти сопствената земја затоа што бара ред и почитување на правилата е директно кршење на кодексот на медицинска етика со што конкретно тој вработен треба да биде даден на Дисциплинска за таков испад.

... и кога би реагирале институциите веднаш, нема да се повтори, вака ем Директорката не одговара, ем вработените се однесуваат недолично како здравствени работници и затоа пак ќе се повтори ваков немил настан!

др Сашо Клекоски, што ќе превземеш како Министер за здравство?
 
Последно уредено:
Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите - детали за големата акција

Као демек изненаџени овие, не знаеа досега.
Ами гинеколозите кога ќе ги чешлаат?
На секоја трудница му следува бесплатно преглед и скрининг ама на прсти се бројат матичните гинеколози кои не наплаќаат, прегледот кошта 300/500 а за Скопје прочитав и над 1000 денари.
Објавувано е по сите портали, јавна тајна е дека наплаќаат без фискални за услугите и никој ништо не му можи.
Исто и за пап тестот, бесплатен ама ќе си платиш некогаш.
И после раѓајте деца, правете многудетни семејства ...
 
... во здравството се знае кој со што го тера бизнисот, како што е и со оперативно вметнување на леќи, а тие интраокуларни леќи низ сите офталмолошки здравствени услуги ги носи познатата фирма ,,Промедика" , како што е ,,ДрПановски за онкологија,,.

...неуспешен бил притисокот да се купи болницата на Жан Митрев, за разлика од ,,Промедика" каде првичниот сопственик ја губи скоро фирмата, Маја Николовска добила 25%, а Павел Ангелов 50% ?

...вака по логиката на нештата презимето Ангелов (како и машкото име Павел) статистички е најмногу застапено и карактеристично за Источна и Југоисточна Македонија, посебно за струмичкиот, радовишкиот и малешевскиот регион.

...иако во официјалните бизнис регистри не се објавуваат приватни податоци за семејствата на сопствениците, дали е случајна коинциденцијата дека во Скопје презимето Ангелов го има во голем број, но корените на семејствата со ова презиме во огромен процент водат потекло токму од Струмица или околните градови од тој регион.

... и сега фирмата „Промедика“ преку својот бренд за здравствени услуги активно ги шири своите капацитети со нови ординации токму во Струмица (како што е регионалниот центар „Промедикал“), што често во бизнис практиката покажува лична или логистичка поврзаност на сопствениците со тој крај.

... ако знаете кои тоа двајца политички фактори сакале да ја земат ,,Жан Митрев,, , лесно може да се претпостави кои се вистинските купци и бизнисмени кои се позади параванот на овие анонимуси кои имаат процент, посебно овој со 50%,

...така да на сличен начин што се правело со онколошки лекови, се правело и со офталмолошки материјал, па исто и со други примери каде се врти голема пара, да речеме и предијализните пациенти што се зема побајаги износи од Фондот, а прашање што услуги во дијализа даваат, но тоа понатака дали некој ќе се сети да провери кој има склучено договор со Фондот за дијализна услуга на пациентите, па после се ексклузивни приватни болници со високи плати...е па се, на ваков начин и баба ми знае да работи и да се збогати, ем пари од Фондот ем од пациентот, дупла наплата за една иста работа!
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom