20 еур од гума земаа за монтажа, уште една гума ти излегува
А не практикувам зимски и летни туку ќе земам едни па ќе ги сменам по 2 години наново (чисто да не барам челични бандажи + да не се дриблам со замена), нема нешто снег и минус температури моментално кај што сум.
Фала за инфо, инаку имам дилер на едно 400м од мене + АТУ на 3км (тие 2 ми се најблиску, баш утре ќе одам да прашам за инфо). Основната понуда во АТУ беше нормално замена, вентили гумени, балансирање.
За Континентал сум изненаден, обично сите ги фалат, иако немам возено континенталки. На Маздата 5 имав ставено Барум (што е повторно производство на Континентал) и баш ги возев пред 2 години во жешкото до мкд и назад (ај за Германија не е така жешко) - гумата немаше мака, не квичеше, океј лежеше на пат, нормална бучава (М+S). Со ниет бев исти да земам. За тука на дожд исто добро се покажаа.
Тоа ми е и мене најповеќе, мачка во вреќа е, а мислам дека законски не се обврзани нова да ти дадат туку до 5 години се сметала за ОКЕЈ. Оди сега ти вози гума произведена пред 5 години.
Дури барав, додуше, не ни најдов некоја понуда со попуст и онлајн, така да... исти курац на крај, само ризикот помал на лице место.
Минатите баш од АТУ ги зедов ама кај механичарот ги монтирав не кај нив, сега као ако им земиш кај нив имаш мал попуст на цена за монтажа (баш утре ќе прашам колку им е попустот).