Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно, денес е прв ден на тргување со MPT без право на дивиденда, и пак оди за 84000. Очекував да биде минус дивидендата.
Или некој не знае, што не ми се верува, или уште повеќе да славам што не наседнав кога беше понудата за преземање.
Искрено ги жалам тие што подклекнаа...
Автоматски споено мислење:

Времето на четирите трансакции е на отворање, можно е да е останат налог за купиување од претходната недела.
Некој убаво продал а фаќа дивиденда ;)
 
Последно уредено:
Штотуку легна дивидендичка од ТНБ. 2636 денари бруто од акција, 6.75% од вредноста на акцијата. Со здравје да си ги трошиме!
Кај мене конкретно 12.7% од инвестицијата. Нот бед.
 
Штотуку легна дивидендичка од ТНБ. 2636 денари бруто од акција, 6.75% од вредноста на акцијата. Со здравје да си ги трошиме!
Се уште најдобра можност на МСЕ. На секои вложени 1000 денари во ТНБ годишно од дивиденда имаш поврат од 68 денари додека за исти вложени средства во КМБ добиваш 42 денари. Тоа е разлика од над 60% DY.
Е сега, последниве кварталиТНБ има раст на добивката од 30% за разлика од СТБ и КМБ кои имаат раст 50 - 60%. Мислам дека ова беше клучен фактор во смената на ЦЕО-то на ТНБ и во промовирање за ЦЕО на тој заменикот од СТБ.
Но добро тоа ни покажува дека во ТНБ се бараат резултати и дека никој не е вечен...
 
Imaa rezervacii, imaat izmeni vo zakon mora da se platat sredstva od krediti do 90 dena, ako se zakasni i eden den mora da napravat rezervacija na kredit - zatoa beshe 30%, ke vidime sega noviov kvartal shto ke pokazat site banki.
Istiot sluchaj beshe kaj TTK i UNI, a site tri banki se so zgolemeni rezultati.
 
Последно уредено:
Кај отидоа продажните налози на КМБ? Само куповни на 22500
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom