UEFA Euro 2024 (Европско Првенство)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

Кој?


  • Вкупно гласачи
    112
  • Гласањето е завршено на .
Добро Хрватите немаа среќа против Албанија и Италија, но да не заборавиме каква среќа имаа во Катар против Белгија и Лукаку на последната утакмица, слично и против Русија, Данска во 2018та. Таква е среќата, ќе врти, ќе врти и некогаш е со тебе, некогаш против тебе.
 
Спалети е тешка превара од тренер, Forza Italia сепак, ако некако се решат да не го слушаат може и да догураат до полуфинале.
 
Засега познати само 2 двојки во 1/8


Португалија - Маџарска
Италија - Швајцарија
Унгарија сеуште може да испадне од игра. Хрватска е секако под неа во табелата на третопласирани, а Австрија и третата од група Е се скоро сигурно над неа. Австрија треба да изгуби над 4 разлика, а прво и второ пласираните од група Е треба исто така да победат со по 3-4 гола разлика за Унгарија да биде над овие 2 екипи.

Остануваат третата од група Ц и група Ф. Во група Ц, ако Словенија земе бод од Англија ќе биде пред Унгарија, а во група Ф, ако Чешка ја победи Турција со 1 или 2 разлика, или ако Грузија победи со Португалија (или и двете ако тепаат било колку), Чешка/Турција/Грузија би биле подобро рангирани од Унгарија.

Од се што набројав, победа на Англија над Словенија изгледа наједноставно, за да го заверат пласманот Унгарците во нокаут фаза.
 
Гледам колку се крева фама (со право) околу Калафиори, најнов љубимец е на интернет експерти, твитер е во еуфорија, но поради тоа каков тип на дефанзивец е, нема да помине премногу време, а ќе биде исто така еуфорично напаѓан.


Одушевување од него, најмногу е поради тоа каков е на топка, дефанзивно и вчера имаше вина за голот, против Албанија во финишот имаше две лоши реакции што за малку (читај Донарума, кој веројатно е единствен фудбалер кого го "хејтам", но брани одлично на ова првенство) ќе доведеа до гол и нерешен резултат. Против Шпанија ни со топка во нозе не беа добри со Бастони, кој имаше хендикеп да игра на контра нога против одличниот пресинг на Шпанија. Затоа вечер Спалети при отварање го постави централно, играа со тројца, тој беше централено, а Ди Лоренцо десно.


А и вчера се виде дека внесување на напаѓач плус, кога бркаш резултат, не те прави автоматски поопасен кон противничкиот гол, напротив, најчесто тоа изгледа лошо.

Хрватска се ослободи од притисокот, кога влезе Скамака. Италија ја изгуби средината, Хрватска почна лесно да освојува топка и простор, веќе не се играше пред нивен гол. Ако немаш структура што ќе те донесе пред противнички гол и ќе ти овозможи брз поврат на топка, стави и 100 напаѓачи кога бркаш резултат, се е тоа џабе.
 
За Хрватска да иде даље требало Англија да ја тепа Словенија со три гола разлика а да не биде 4:1 или поише, Данска да ја тепа Србија, Турска да ја тепа Чешка и Португал да ја тепа Грузија и ретрограден Меркур да е у трета куќа.


 
За Хрватска да иде даље требало Англија да ја тепа Словенија со три гола разлика а да не биде 4:1 или поише, Данска да ја тепа Србија, Турска да ја тепа Чешка и Португал да ја тепа Грузија и ретрограден Меркур да е у трета куќа.


Нај добро е Словенија да тепа па и Англија дома да си иде
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom