Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
Олисе знае да игра конкретно фудбал, слично на Палмер, многу ќе ја подобри креативноста на тимот.
Е сега проблем е што е склон на повреди, но мене ми е еден од омилените во пл.

Мадуеке е топло ладно, и спротивно од Олисе, талент без осет за фудбал.

За овој од Астон Вила резервниот шпиц, стварно незнам што толку се инсистира.
Ако треба втора опција или трета нека се даде шанса на Фофана.

Само ја ли мислам дека Палмер најдобро се снаоѓа на десно крило?

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 
E

enzo8

Гостин
Се сложувам со цело мислење на комрадов погоре, ова е знак или за снег утре или славиме титула во мај. Нема друго.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Во Ноември се збогуваме од топ 4
Би било јако да сме топ 4 (или на 2-3 поени оддалечени) до ноември, сериозен апгрејд би било.
Ако не сме... е тогаш е лошото :D
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.470
Поени од реакции
1.840
Би било јако да сме топ 4 (или на 2-3 поени оддалечени) до ноември, сериозен апгрејд би било.
Ако не сме... е тогаш е лошото :D
Знам дека уште не е ни отворен трансфер пазарот, но со имињата со кои не поврзуваат не сум оптимиста.

Одбраната урла колку е очајна. Фофана, Дисаси, Бадиашил и Тосин ни се штопери моментално, очајно фали некој со искуство кој ќе биде носител.

Во напад од Сешко и Осимен сега стигнавме до Дуран и некој чамуга од Атлетко за кој никој незнае дека постои. Последно инфо, Патетико одбиле 30 милиони за него, а они го сакаат Калагер.
Ако се деси некоја глупа размена боље нека се обесат, од директори до газди и скаути колективно бесење нека удрат.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.748
Поени од реакции
52.705


Ништо чудно ова да значи дека ќе го договорат Дуран за истите пари.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.055
Поени од реакции
2.002
Смешни пари се ова за Матсен.
Ќе си биде уште едно топ засилување за Вила.
Сега ја копираме идејата на Брајтон, ништо чудно за некоја година да ја копираме и купуваме Астон Вила

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.748
Поени од реакции
52.705


Сепак нема да е Дуран дел од моменталниот договор со Вила. Ќе видиме дали понатаму пак ќе пробаат да го земат.


Околу Олисе, од старт беше чудна ситуацијата. Јас после тоа лани што се случи, не очекував воопшто пак да пробуваат со него. Од старт се знаеше дека ќе има и доста други клубови летово кои можат да му понудат повеќе и дека чудо ќе биде ако успеат да го убедат понудата на Челзи да ја прифати. Не знам зошто сите се однесуваа како да потпишал веќе. Јасно ми е зошто го сакаа, елитен талент е. Ама јас би му верувал уште една сезона на Нони, плус Палмер од десно. Па следно лето доаѓаат и Паез и Естевао кои примарно играат од десно.
 
E

enzo8

Гостин
И Чуквуемека не го знаевме кој е па излезе добро, штета што е стаклен инаку многу интересен играч. Овој изгледа сличен бил, се надевам помалку склон на повреди.
За Олисе ми е криво зошто е готов продукт и таков ни треба моментално ама од друга страна доаѓаат Паез и Естевао, така да сувишен ќе ни беше во наредни 2-3 години а знаеш дека ти доаѓаат двајца страва играчи. Мадуеке секако до тогаш ако не покаже ништо ќе лета, Палмер ќе си игра централно, 10ка.
 
Член од
17 јуни 2022
Мислења
133
Поени од реакции
454
Премногу пари би се фрлиле на Олисе, што за самиот трансфер што за плати. Според мене е паметно што и нашите не инсистирале премногу, и на страна што самиот играч го избрал Баерн. Плус на таа страна сме премногу стакани, парите можат да бидат подобро вложени.

Тука е и Омари Хачинсон, мислам дека вреди да му се пружи шанса да видиме со што атрибути располага. Би ги оставил него и Мадуеке да се борат за првите 11 во сезоната што ни следува, би била здрава конкуренција помеѓу нив двајца така да верувам дека и двајцата ќе дадат 100% од себе, па на крајот на следната сезона послабиот да оди курбан. Дефинитивно ни Омари ни Мадуеке не се на нивото на Олисе, ама и двајцата се помлади од него, па би можела следната сезона да биде за нашево дуо, тоа што беше оваа сезона за Олисе. Едниот да проигра би било одлично, таман Естевао да не се опушта премногу, мојот личен избор би бил Хачинсон, ем тоа што е наше дете, ем тоа што Мадуеке изгледа како да има премногу куроболие на моменти, и ме потсеќа на Зијеш/х/ч кој ми беше големо разочарување, а од таа генерација можеби и највеќе очекував од него. И во двајцата лежи фудбалот, ќе бидат и двајцата интересни за гледање доколку му се пружи шанса на Омари, не би имал ништо ни против Мадуеке да остане доколку се среди во главата и почне да гине за клубот.

Мојата прва желба би бил, Хумелс, штета што не играме ЛШ па да се повтори сценариото со Силва. Тешко дека би оставил траг во Челзи како Силва, ама верувам дека добро би ни дошол покрај младиве играчи. Сигурно има многу работи кои би можеле да ги научат од светскиот шампион кој веќе игра 15 години на највисокото ниво. И да не остане како Тиаго 4 сезони јас би бил задоволен и со 1-2, ако го држат нозете и има некој допринос, зошто да не и повеќе. Сега останува да видиме да ли нашите би биле заинтересирани за вакво нешто, и дали Хумелс би се нафатил да ги брка англискиве купови, евентуално ако би останал повеќе, и се оправи Челзи па да земе ПЛ, ЛШ на убави очи што се вика.

Исто голема желба ми е и Облак, уште на времето кога тражевме замена за Куртонот. Тогаш бевме заинтересирани и за Облак и за Алисон за на крај среќата да ни искочи со Кепа кој го преплативме. Шта речи коју послуку порати? Ливерпул си го лапна Алисон за 62 милки, Атлетико имаше клаузула од 100 милиони, ма да верувам дека би спуштиле за некои 10 милиони од првобитната клаузула, доколку нашиве не се глупираа цело лето, и на крај да го земеме Кепа за 80 милинои, кој беше доста нивоа под Облак и тогаш а верувам и сега. Верувам дека и поевтино би прошле со 100 милиони директно за Облак отколку со пазарените голмани од Кепа па навака се до Петровиќ. Тоа е што е не можеме да го вратиме времето наназад, ама јас и сега би го земал Облак. Не знам за колку би го пуштиле Атлетико ама не верувам дека би тражеле многу плус ако би им понудиле некој од Санчез/Кепа мислам дека би можеле да направиме добар дил.

За крај би го довел Алварез од Сити. Си го замислувам од претходното лето, каков тандем би биле со Фернандез, како што гледам и во репката се блиски па и ако дојде би се навикнал брзо кај нас. Ми се допаѓа како играч и за греота е да пропаѓа на клупата во Сити, бидејќи, јбг, Халанд. Последниот што го земавме од Сити, дефинитивно се покажа во најзеленото светло што може некој да се покаже, ма да кој и играч да го земеш од Сити тешко дека не би се покажал добро, па така верувам дека и Алварез ќе ни легне добро. Тука исто би го спомнал и Воткинс али кој знае колку би тражела Вила, тешко дека и 100 милиони би не крпеле а и Ѓоќереш би бил околу таа сума. За Кејн, Шешко веќе е отиден возот исто така и за Лаутаро како што читав е пред потпис на нов договор ако веќе не е и потпишан. За играчи како Дуран, Омородион, Тони сум скептик и мислам дека не би биле ни како Џексон а камо ли подобри од него.

Тоа би било тоа од трансфери за оваа лето, не би сакал многу да претеруваме со непотребни трансфери само за адет, ете колку да се потпише некој играч.
Да спомнам нешто и за нашите играчи што ги имаме во тим. Гледам многу го заборавија Чилвел и навивачите сакаат да се продаде, ама јас мислам дека би била грешка, поготово што Матсен е на излезни врати од клубот. Кукуреља ја искина завршницата на сезоната а и на Европсково не се заебава, дефинивно би ми бил прв избор, ама мислам дека не е на офанзивното ниво на Чилвел. Така да мавање на резултат и на утакмици против тешки бункери првата опција би ми бил Чилвел. Плус што и левата страна ни е многу тенка па би можел и да игра слободно вингбек во некоја формација, па би го играл и на крило ако ептен загусти, бидејќи има 100% подобра завршница од Мудрик, проблемот ќе му биде само трчањето на крило ма да верувам дека последни 10-15 минути нема да му се толкав проблем. Очекувам да има чистка која ни е прекупотребна за играчи како Лукаку, Сар, Стерлинг и овие 1000 други што се по позајмици. Исто така мислам дека би била голема грешка ако го пуштиме Галагер, кој сигурно не е најталентираниот во екипата ама потребен ни е некој како него на кој му врие крвта кога и да игра, и секогаш го остава срцето на теренот. За другите во некој друг пост подетално, за овие најмногу се дига хајка на интернетот па споделив мое мислење за сега, и да не го одолжуивам повеќе постот кој и така е веќе одолжен. Накратко за останатите само се надевам дека ќе имаат помалку повреди.

Генерално гледано сум среќен за тоа што ни носи иднината, најмладиот тим во Европа, доколку не купиме некој и со трансферите на Силва и потенцијално Бетинели ќе немаме играч над 30 години. Успешна смена на генерацијата, барем на хартија сега ќе остане да ни покаже времето дали промената на генерацијата ќе биде успешна и на теренот и дали тоа ќе биде поткрепено со резултати. Би им дал некој луфт да речеме 2 сезони до 3 максимум, пред да почнеме да се бориме за озбилни трофеи. Значи да се БОРИМЕ за трофеите рамо до рамо со останатите конкуренти и во Премиер Лигата а и во Лигата на шампионите. А луфтот да не биде луфт во буквална смисла па да имаме испади како минатата па и оваа сезона можам да ја спомнам до некаде. Очекувам уште следната сезона да ја освоиме макар таа ЛК, за која би било срамота да не се освои, исто така и да се бориме во ФА купот како за и лигашкиот куп, и секако борба за топ 4. Одамно не сум пишал тука па се распишав сега доста, извинете за подолгиот пост.

#KTBFFH
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
592
Поени од реакции
318
Dobro perat pari so Aston Vila, za anonimec 19m funti, inaku odlicno sto ne mu dale 220 000 funti nedelno na Olise, potenciraat ke gi nagradat onie koi outperform kako na primer Galager koj patem aktivno baraat kupec za nego I odbivaat da mu ponudat nov dogovor.
 
E

enzo8

Гостин
Samo se nadevam ova peglanje finansii nema da ni izleze na nos. Ne znam dali ova sto pravat e nelegalno ili uste edna dupka sto nasle pa ja zloupotrebuvaat kako so dogovorite na 8 god.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.638
Поени од реакции
66.530
Не знам дали има некој метод за да се утврди вредност на играч... Тука е и дупката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom