Премногу пари би се фрлиле на Олисе, што за самиот трансфер што за плати. Според мене е паметно што и нашите не инсистирале премногу, и на страна што самиот играч го избрал Баерн. Плус на таа страна сме премногу стакани, парите можат да бидат подобро вложени.
Тука е и Омари Хачинсон, мислам дека вреди да му се пружи шанса да видиме со што атрибути располага. Би ги оставил него и Мадуеке да се борат за првите 11 во сезоната што ни следува, би била здрава конкуренција помеѓу нив двајца така да верувам дека и двајцата ќе дадат 100% од себе, па на крајот на следната сезона послабиот да оди курбан. Дефинитивно ни Омари ни Мадуеке не се на нивото на Олисе, ама и двајцата се помлади од него, па би можела следната сезона да биде за нашево дуо, тоа што беше оваа сезона за Олисе. Едниот да проигра би било одлично, таман Естевао да не се опушта премногу, мојот личен избор би бил Хачинсон, ем тоа што е наше дете, ем тоа што Мадуеке изгледа како да има премногу куроболие на моменти, и ме потсеќа на Зијеш/х/ч кој ми беше големо разочарување, а од таа генерација можеби и највеќе очекував од него. И во двајцата лежи фудбалот, ќе бидат и двајцата интересни за гледање доколку му се пружи шанса на Омари, не би имал ништо ни против Мадуеке да остане доколку се среди во главата и почне да гине за клубот.
Мојата прва желба би бил, Хумелс, штета што не играме ЛШ па да се повтори сценариото со Силва. Тешко дека би оставил траг во Челзи како Силва, ама верувам дека добро би ни дошол покрај младиве играчи. Сигурно има многу работи кои би можеле да ги научат од светскиот шампион кој веќе игра 15 години на највисокото ниво. И да не остане како Тиаго 4 сезони јас би бил задоволен и со 1-2, ако го држат нозете и има некој допринос, зошто да не и повеќе. Сега останува да видиме да ли нашите би биле заинтересирани за вакво нешто, и дали Хумелс би се нафатил да ги брка англискиве купови, евентуално ако би останал повеќе, и се оправи Челзи па да земе ПЛ, ЛШ на убави очи што се вика.
Исто голема желба ми е и Облак, уште на времето кога тражевме замена за Куртонот. Тогаш бевме заинтересирани и за Облак и за Алисон за на крај среќата да ни искочи со Кепа кој го преплативме. Шта речи коју послуку порати? Ливерпул си го лапна Алисон за 62 милки, Атлетико имаше клаузула од 100 милиони, ма да верувам дека би спуштиле за некои 10 милиони од првобитната клаузула, доколку нашиве не се глупираа цело лето, и на крај да го земеме Кепа за 80 милинои, кој беше доста нивоа под Облак и тогаш а верувам и сега. Верувам дека и поевтино би прошле со 100 милиони директно за Облак отколку со пазарените голмани од Кепа па навака се до Петровиќ. Тоа е што е не можеме да го вратиме времето наназад, ама јас и сега би го земал Облак. Не знам за колку би го пуштиле Атлетико ама не верувам дека би тражеле многу плус ако би им понудиле некој од Санчез/Кепа мислам дека би можеле да направиме добар дил.
За крај би го довел Алварез од Сити. Си го замислувам од претходното лето, каков тандем би биле со Фернандез, како што гледам и во репката се блиски па и ако дојде би се навикнал брзо кај нас. Ми се допаѓа како играч и за греота е да пропаѓа на клупата во Сити, бидејќи, јбг, Халанд. Последниот што го земавме од Сити, дефинитивно се покажа во најзеленото светло што може некој да се покаже, ма да кој и играч да го земеш од Сити тешко дека не би се покажал добро, па така верувам дека и Алварез ќе ни легне добро. Тука исто би го спомнал и Воткинс али кој знае колку би тражела Вила, тешко дека и 100 милиони би не крпеле а и Ѓоќереш би бил околу таа сума. За Кејн, Шешко веќе е отиден возот исто така и за Лаутаро како што читав е пред потпис на нов договор ако веќе не е и потпишан. За играчи како Дуран, Омородион, Тони сум скептик и мислам дека не би биле ни како Џексон а камо ли подобри од него.
Тоа би било тоа од трансфери за оваа лето, не би сакал многу да претеруваме со непотребни трансфери само за адет, ете колку да се потпише некој играч.
Да спомнам нешто и за нашите играчи што ги имаме во тим. Гледам многу го заборавија Чилвел и навивачите сакаат да се продаде, ама јас мислам дека би била грешка, поготово што Матсен е на излезни врати од клубот. Кукуреља ја искина завршницата на сезоната а и на Европсково не се заебава, дефинивно би ми бил прв избор, ама мислам дека не е на офанзивното ниво на Чилвел. Така да мавање на резултат и на утакмици против тешки бункери првата опција би ми бил Чилвел. Плус што и левата страна ни е многу тенка па би можел и да игра слободно вингбек во некоја формација, па би го играл и на крило ако ептен загусти, бидејќи има 100% подобра завршница од Мудрик, проблемот ќе му биде само трчањето на крило ма да верувам дека последни 10-15 минути нема да му се толкав проблем. Очекувам да има чистка која ни е прекупотребна за играчи како Лукаку, Сар, Стерлинг и овие 1000 други што се по позајмици. Исто така мислам дека би била голема грешка ако го пуштиме Галагер, кој сигурно не е најталентираниот во екипата ама потребен ни е некој како него на кој му врие крвта кога и да игра, и секогаш го остава срцето на теренот. За другите во некој друг пост подетално, за овие најмногу се дига хајка на интернетот па споделив мое мислење за сега, и да не го одолжуивам повеќе постот кој и така е веќе одолжен. Накратко за останатите само се надевам дека ќе имаат помалку повреди.
Генерално гледано сум среќен за тоа што ни носи иднината, најмладиот тим во Европа, доколку не купиме некој и со трансферите на Силва и потенцијално Бетинели ќе немаме играч над 30 години. Успешна смена на генерацијата, барем на хартија сега ќе остане да ни покаже времето дали промената на генерацијата ќе биде успешна и на теренот и дали тоа ќе биде поткрепено со резултати. Би им дал некој луфт да речеме 2 сезони до 3 максимум, пред да почнеме да се бориме за озбилни трофеи. Значи да се БОРИМЕ за трофеите рамо до рамо со останатите конкуренти и во Премиер Лигата а и во Лигата на шампионите. А луфтот да не биде луфт во буквална смисла па да имаме испади како минатата па и оваа сезона можам да ја спомнам до некаде. Очекувам уште следната сезона да ја освоиме макар таа ЛК, за која би било срамота да не се освои, исто така и да се бориме во ФА купот како за и лигашкиот куп, и секако борба за топ 4. Одамно не сум пишал тука па се распишав сега доста, извинете за подолгиот пост.
#KTBFFH