Изгледа дека случкава ја споредуваш со некои сцени од филмот Officer and a Gentleman кога само 1 војник малтретираат а другите гледаат сеир од страна.
Имаш поминато основна воена обука?
Знаеш за што правиш муабет и кој всушност се обучува на Криволак на +50 на отворено?
Човекот ти кажва шо му се дешава на еден организам при таква работа ти го цитираш со муабет од пред кооперација.
Башка шо, во официјална изјава од АРМ имате кај што пишува дека тоа била
последната дисциплина од селективниот курс. Што мислиш, претходно кокичиња да не береа или селфи да не си правеа за на инстаграм?
Да, човек здрав-прав при такви околности може да западне во електролитски дисбаланс + додај на тоа ако имал приватно стрес од кој знае какви работи или проблеми со срце (кој да му знае, мада велат здрав бил, ги подвргнуваат на прегледи), не е чудо и со ваков исход да заврши. Кога врвиш таква обука не ти даваат да јадиш и да пиеш како во ресторан, ниту пак се фини со тебе, тоа е и поентата да видат организмот до каде ќе ти издржи.
Изгуглај само, не мора да знаеш, специјалци низ светот низ какви сурови обуки минуваат па врати се и пиши го истото.
Штета за младиот живот прерано заминат, а тоа што вика Бјонс дека е последица на вакцинација, независни истраги и слично,
тоа е мисловна именка за многу поразвиени држави од нашата, камо за нас.
Нема обдукции и независни истраги за вакви случаи, за постковид пак особено нема никакви официјални и одобрени институционално или на државно ниво, напротив се заташкуваат случаи кои директна или индиректна последица на вакцинацијата - имаше истражувања каде докажаа дека слабее срцето, пример, но од орел нокти ставија да го тоа прикријат и да ги дискредитираат оние кои го објавуваат.
Сепак, тоа не ни дава за право да мислиме дека секој случај е таков, години подоцна, може да се сомневаме ако има индикации - мада од каде ти тоа ќе знаеш?
Детево замина од други причини и лесна му земја, штета за него и фамилијата.