Двата се битолчани и врската им беше океј, а уствари познанството им е што учеа заедно основно.
Едмонд работи во фирмата на татко му, а и тој и стариот имаат 10 пати повеќе сенс и почит кон тебе како муштерија отколку било кој македонец што ќе му стапниш во дуќан / стовариште.
Со тоа изградиле салам име во градот и фирмата успешно работи во цела мкд.
Од друга страна Шијакова не иди од некоја богата фамилија, а да ја слушниш како збора ќе си речиш оваа бе козата нема 3 грама мозок.
Како и да е, таква ко шо е не е зол човек, ниту е користољубива. Од друга страна успеала (колку да е смешно) да биди еден вид инфлуенсерка со тоа инстаграмот, а позната е по тоа што и на велико збораше за нејзиното здравје дури и кога постираше слики и видеа од операцијата што и ја правеа (мислам дека тумор беше во прашање).
Дури ни тогаш Едмон не му ги удри клоците, па после тоа стигнаа и до просење, свадба, еве и дете...
Како и да е, едни од ретките во мкд кои не гледале еден на друг со предрасуди. Може да ги плукате до утре и да ги класифицирате во широкото милје во кое потпаѓаат Албанците или спонзорушите ама овие двајца немаат албанско или спонзорушко во нив туку едноставно се деца кои пораснале еден покрај друг прво со другарување и познанство, а потоа и со оформена врска. Можда еден од начините да изградиш доверба - иако си различна религија.
Јас би им честитал да сум на ваше место, наместо да се подбивам со нив.