хмм интересно досадна веќе дебата мора да се признае, правен е муабетов по милионити пат и нешто што треба да стои со болдирано е тоа што ако не беа сите тројца во исто време, немаше ни вака да освојуваат 20,22,24, меѓусебното натпреварувачко его помеѓу тројцата е неприкосновено и сите тројца имаат голем респект меѓу себе. Сувишно е да бидеме објективни, бидејќи сите ќе си го браниме миленикот, но според бројките,освоените титули и меѓусебните дуели, Новак е над двајцата. Е сега ако сакате да цепиндлачиме и одвојуваме теми што би било кад би било, дали Рафа е подобар на тврда од Новак на земја, одговорот е дека и двајцата се апсолутно квалитетни. Рафа имаше доста добри успеси на тврда, не треба да се заборави 2013 кадешто еден период немаше ни пораз на тврда, скоро цела година а и на УС Опен памтам стигна до СФ без изгубен сервис(изгуби од Гаске еден сервис), што за бог на земја е ненормално добар факт, од друга страна Новак има 3 слема на РГ и 5-6 Рима 2 Монте 2-3 Мадрид ако не се лажам и доста поконстантен од Рафа на тврда, секако за трева не треба ни да се спомене дека е далеку пред Рафа. Само прочитав едно апсурдно мислење дека Рафа не постоел на трева.. точно дека губеше од шарлатани како Росол, Дастин Браун, оној Белгиецот како беше Дарцис ( дури во таа 2013 година, неговата најдобра според мене), но Рафа на трева ко помлад има две финалиња изгубено од Роџер 2006 и 2007, титула 2008 и 2010, СФ 2018 и 2019, што во многу тесни мечови можеше и лесно да завршат и на негова страна, особено 2018та мечот против Новак се одлучуваше на неколку микромилиматераски поени, нејсе, муабетот ми е дека Рафа не треба да се потцени на трева, иако има многу поскромни резултати од неговите двајца најголеми опоненти.
Мене ме интересира дали Алкараз-Синер ќе достигнат толку големо ниво во годиниве што следат, дали двајцата ќе одат над 10+ слемови, секако ако повредите не си го направат своето како во кариерата Доминик Тим.. да почнеме некоја нова дискусија, Вимболдон ќе се игра за прв пат без големата тројка, иако нешто се шпекулира дека Новак би играл.. но не верувам во тоа. Кој е фаворит за титула на SW19? Дали Карлитос ќе ја одбрани титулата? Според мене главен фаворит ќе биде Синер, со неговата ренесанса во последниве добри 8 месеци и офанзивна игра што ја одигрува до перфекција, мислам дека ќе атакува на титулата на Карлитос и сакам да гледам финале Синер - Алкараз на Вимболдон. Иако, Синер го доби Карлитос пред две сезони тука со 3-1, мислам дека финале е друг муабет и дека ќе биде потесен меч и ќе зависат многу фактори. Живи били па видили што би рекле Србите.