Браво за Бостон.
Заслужена титула и крунисување на тоа што го градеа со години. 100+ плејоф утакмици на Тејтум и Браун , уште се млади, а колку поминаа. Најмило ми е за тренерот и пристапот кој го имаше со овој тим , одлично го спушти на земја егото на Тејтум и еве го трипл дабл може ќе има.
Ја ако се прашувам Вајт треба да биде FMVP сегде го има братот, ама кој и да биде од Тејтум и Браун сеедно.
Историска победа на исти ден како во 2008 и тоа доминантно.
Неаме јако НБА финале од 2016 у пичку матер, суша.
Лука по стапките на неговиот идол од детство Леброн , го губи првото НБА финале и тоа убедливо како во 2007.
Многу помртов ростер имаше тогаш Леброн од овој сега и многу се залетаа по Мавс годинава. Па уствари издоминираа на западот како да не се залеташ. Секако никој нема да го памти тоа и ќе има огромни критики кон Лука и Кајри.
10% шут за три во последниве утакмици е допирање дно и подоле. А Кајри сепак ќе остане на стара слава поради Леброн и тројката над Кари , другото се покажа во најбитни моменти дека го нема.
Најслаб плејоф за Лука ако може така да се каже со просеци 29/9/8 , не навикна на полуди бројки , повредите си се повреди и тоа никој не го памти.
Се надеваме на поhealthy Лука догодина , па да видиме што може. Мора да обрати огромно внимание на килажата и со тоа поагилен ќе биде во одбрана.
Според мене МВП сезонава , му ја земаа таа награда , ама овој пораз значи дека Јокич останува најдобар играч на планетава.
Сеа кој е фаца на лигата , се знае дека ќе се форсираат Шаи , Ент и сега 100% Тејтум , али реално работите не се толку статични.
И за крај , за момент некои , па и лично јас мислев дека Лука може да го загрози Џордан ако старта со НБА титула на 25 години.
По 100ти пат затоа се глеа големината на Џордан и колку тие 6-0 со два три пита се масивни.
Лука статистички има луди бројки и после ова едино 5 титули по ред ако освои може да се стави пред goatot.
Научна фантастика