Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.579
Поени од реакции
6.289
Не бе овој нема шанси да е со сите. Не ми е јасно како ваков падобранец може да е претседател на велесила како Америка освен ако во позадина други не ги влечат конците.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.419
Поени од реакции
87.024
Не бе овој нема шанси да е со сите. Не ми е јасно како ваков падобранец може да е претседател на велесила како Америка освен ако во позадина други не ги влечат конците.
А ти што мислиш, Бајден ги влече конците и одлучува за се? :icon_mrgr:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.897
Поени од реакции
12.255
тарифите се глупава идеја да го браниш неодбранливото. Не сме 1890та па ќе ставаме тарифи на чај и зачини. Ова сега е високо технолошка работа. Ти им ставаш тарифи на возила, они ќе ти стават на батерии. А сите знаеме дека батериите и другите системи за електрични возила се праат у Кина, башка и соларни панели, и ред други работи на кои западот се надева за некаква зелена иднина. Сето тоа после овие работи ќе им стане минато.
Тарифите и царините всушност биле главниот извор на финансии за американскиот буџет се` до почетокот на 20-от век, додека даноците биле воведувани претежно за време на војни, економски кризи и природни катастрофи.

Првиот закон за федерален данок во САД е усвоен дури во 1861 година - едно 85 (ОСУМДЕСЕТ И ПЕТ) години после осамостојувањето на САД во 1776 година - поради потребите за финансирање на вооружените сили и федералната влада на САД за време на американската граѓанска војна. Законот предвидувал наплаќање на рамен данок, односно сите кои имале примања од над 800 (ОСУМСТОТИНИ) американски долари, плаќале иста стапка на оданочување во износ од 3% (ТРИ ПРОЦЕНТИ), а бил укинат во 1872 година, 7 (СЕДУМ) години после завршувањето на американската граѓанска војна во 1865 година.

Имало други усвоени закони за оданочување после 1872 година, но повеќето биле укинати од страна на Врховниот Суд на САД, на пример оданочувањето на имот како крушка паднало пред Судот, поради што федералната влада на САД не можела ниту да сонува оданочување на имот или на издавање на имот под кирија.

Пресвртницата започнува во 1909 година кога е усвоен 16-от Амандман на Уставот на САД, ратификуван од страна на сојузните американски држави во 1913 година, а со кој му се дозволува на американскиот Конгрес - не на владата, туку на Конгресот - да воведува и да наплаќа даноци.

После ратификацијата на 16-от Амандман на Уставот на САД од страна на сојузните американски држави, американскиот Конгрес го изгласува законот за федерален данок од 1913 година, а Вудро Вилсон со трчање го потпишува истиот во октомври 1913.

Потоа следува Прва Светска Војна, во која САД си играат светски банкар со тоа што ги финансираат буквално сите завојувани страни - некои директно, а некои индиректно - а после војната САД се единствената држава која нема претрпено финансиски последици од крвопролевањето, поради што стануваат економски фактор во пост-воената обнова на Европа.

Од тој момент кога започнува пресвртницата во 1909 година, тарифите и царините масовно се намалуваат во САД, на сметка на зголемување на даноците кои обичните смртници ги плаќаат.

Но Кина изгледа не функционира како Индонезија, Малезија, Индија и други дувла на евтина работна сила, бидејќи Кинезите имаат навика да учат од сите страни - и од пријателите/сојузниците, и од душманите/противниците - и наученото да го применат во пракса.

Очигледно на западот не му чини богата и развиена Кина, бидејќи Кинезите не се расфрлуваат со пари како арапите, туку заработениот капитал го инвестираат и ре-инвестираат во сопствената економија и во сопствени технологии кои ги прават конкурентни на светските пазари.

Па сега западот се обидува да си игра двојни аршини: ем оданочување на обичните смртници со нездраво високи даноци, ем високи тарифи и царини за увезените производи од државите на кои немаат со што да им конкурираат.

Рестартирање на домашното производство не е неизводлива мисија, но не може да функционира во држава која го одерува сопственото население со нездраво високи даноци, за потоа со истите тие пари од истите тие нездраво високи даноци да субвенционира компании под услов да вработуваат луѓе кои не се квалификувани за работна позиција според професионални критериуми, туку според измислени идеолошки догми од типот раса, малцинско потекло и разновидност.

А да, исто така ќе мора да опфаќа масовно намалување на даноците и на законските регулативи за да можат обичните смртници да остварат некаков профит за себеси, а не само за работодавачите и за државата која ги одерува со нездраво високи даноци.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.249
Поени од реакции
7.608
Рестартирање на домашното производство не е неизводлива мисија, но не може да функционира во држава која го одерува
Зашто народ не бара да се примени секуларност и во бизнисот односно економијата? Зашто повторно бараат враќање на нов модел комунизам...

Кина така го доживува својот бум, УК пред 2-3 века така се спасиле од пропаст и ред други држави.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.065
Поени од реакции
9.310
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.494
Поени од реакции
41.972


Thomas Massie tells Tucker Carlson that every Republican congressman ‘has an AIPAC person’
@jamajka по твоево тврдење мислев републиканците биле такви фанатици за Израел пошто така сакале не зошто некој трчал по нив нон стоп да ги моли.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom