Италијанско првенство

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар италијански клуб?

  • Вкупно гласачи
    746
Статус
Затворена за нови мислења.
Па не е битно каков е битно е трофеј.Ти праша да трофеј јас ти кажав.А за Серија А чудо може да се случи.Распоредот на Интер после ова коло е доста тежок,башка и треба да гостува во Торино кај Јувентус.Знаејќи го Интер и лани исто така во последното коло се решаваше да титулата а Интер имаше предност пред Рома околу 10 бодови.

Па добро Милан не играл во купот.Па нели оваа година Уефа ќе беше ваш?Нели Гатизо изјави дека ќе се врати за финалето на УЕФА?

Гатузо не знаеше дека свињата дебела ќе игра со скоро втор тим со Вердер
 
Гатузо не знаеше дека свињата дебела ќе игра со скоро втор тим со Вердер
кој втор тим бе? кога немаат ни прв :))),шала на страна,освен повредените милан играше со комплетен тим
 
Абе не зезај и ти. Купот , таму играат екипи ко Лацио и Сампдорија, и за твоја информација Милан никад не ни играл у купот на италија, секогаш последниве години губел во раната фаза.

А за шансите за скудето, не би рекол, 10 кола до крај има не е тоа многу :wink:

За купот можам да ти кажам дека 80% е наш..а за екипите кои играат во него мислиш дека се слаби???па тогаш зошто го нема Mилан, и Интер има негатива од 3 гола со Сампдорија.....А за скудето е рано да се зборува,сеуште имаме шанси..
 
Последнота шампионска титула на Интер во ЛШ е освоена далечната 1965 година..
Последната шампионска титула на Јуве во ЛШ е освоена 1996 година...
Последното финале на Интер е далечната 1972 година..
Последното финале на Јувентус е 2003 година..

Проста математика, (1996 - 1965 = ?), (2003-1972 = ?)...Множи, дели, собирај, одземај, пак фактите се факти, и од тие не можеш да избегаш...:toe:

А за тоа каде нема плаќање нема победување, чичко Морати најдобро го знае...Тој плаќа секоја година по 70 милиони за засилувања и пак не победува во ЛШ,последната титула им е 1965,а последното финале го играа 1972...Значи треба повеќе од пари за да се триумфира во ЛШ...:toe:

Џабе го споредуваш Јуве со Реал, кога Реал последниве години има кошмари од Дел Пиеро и Залајета..Ѕирни малку низ историјата на ЛШ натпреварувањата и провери колку пати Реал бил директно елиминиран од понатамошните натпреварувања во ЛШ од страна на Јувентус..Ете ти споредба...
Тоа дека е најтрофеен клуб во ЛШ и во Шпанија никој не го оспорува, тој е факт за почитување...

А за Европските титули на Италијанските екипи се знае..Најтрофеен тим во ЛШ е Милан со 7 титули, а Интер и Јуве имаат по 2...Во УЕФА Купот Јуве и Интер имаат по 3 титули, додека Милан нема ниту една..

Бројките се тие што даваат меродавен карактер на клубот..За некој може и Ф.К Бангладеш да е најдобар клуб, но реалноста е една за сите...

Значи можете да имате освоено титула и вчера, а ние на самото основање па пак двојка си е двојка, проста математика 2 = 2. Газда Морати си вложува пари, вложува во тимот наместо во судиите, затоа сега не е зад решетки и нема обвиненија против него. Јас никаде не ги споредив Реал и Јуве во директни дуели, незнам каде го виде ти тоа. Едноставна ми беше поентата, многу логично би било ако освојуваш во домашното првенство, да освоиш и во Европа. Нели имаше таму еден ваш фан што викаше дека и по неколку титули во деценија сте освојувале, да де, епа како не ми е јасно барем во две децении да сте освоеле една титула во ЛШ сега ќе сте имале 5-6 титули во ЛШ.
Затоа убаво рече, бројките се тие што даваат меродавен карактер на клубот, нема пари нема музика нели...
 
Да да и имате сеа 3 место чисто како солза без никаква шанса за второ место и шанса за било каков трофеј.Ама битно ги имате тие 7.Погледни си го тимот сега каков ви е-НИКАКОВ.По се изгледа дека си ги променивте позициите со Интер во италијанското калчо.

А вие демек имате шанси ?
Погледајте се првен вие после кажувај за другите тимови.
 
Значи можете да имате освоено титула и вчера, а ние на самото основање па пак двојка си е двојка, проста математика 2 = 2. Газда Морати си вложува пари, вложува во тимот наместо во судиите, затоа сега не е зад решетки и нема обвиненија против него. Јас никаде не ги споредив Реал и Јуве во директни дуели, незнам каде го виде ти тоа. Едноставна ми беше поентата, многу логично би било ако освојуваш во домашното првенство, да освоиш и во Европа. Нели имаше таму еден ваш фан што викаше дека и по неколку титули во деценија сте освојувале, да де, епа како не ми е јасно барем во две децении да сте освоеле една титула во ЛШ сега ќе сте имале 5-6 титули во ЛШ.
Затоа убаво рече, бројките се тие што даваат меродавен карактер на клубот, нема пари нема музика нели...

Јувентус има 2 титули во ЛШ и уште 5 пати завршил како второ пласиран во кои од поновава историја на 1996/1997 и 1997/1998 последователно и 2002/2003 загубил во финалето, што значи дека овие 2 титули лесно можеле да бидат 5-6. Ти текнува на финалето со Милан на пенали, тоа се пенали и секој секого може да победи, па така лесно можеше да се случи и Јувентус да победи. Јувентус погоди пречка, а и Недвед не играше тој натпревар, кој во тоа време беше во најдобра форма во кариерата. Тука факторот среќа не утепа.

Не знам што се случувало на останатите финалиња дали недостиг на среќа или недоволна подготвеност бил проблемот ама и самото учество во финалето претставува успех. 1996/97 и 1997/98 од 'само' 2 финалиња лесно можеле да бидат и 2 последователни титули.
Значи сакам да ти кажам дека во соодносот со титули во ЛШ заостануваме многу малку заради факторот среќа од Калчо титулите и дека со малку повќе среќа би се кителе со повеќе титули во ЛШ.
 
Има една група на фејсбук , се вика кога Интер освои последен пат Куп на Шампиони :pos2::pos2::pos2::pos2: TV-та сеуште беше црно-бела.

Еххх,тоа беа златни времиња
 
А вие демек имате шанси ?
Погледајте се првен вие после кажувај за другите тимови.

Ние се погледнавме и знаеме какви сме.Имаме тим кој е на втора позиција во Италија,имаме супер талентирани играчи во составот, не купени играчи туку од школата на Јувентус.Полека се качуваме и се враќаме на тоа што бевме порано-страв и трепет за сите тимови од Италија.Кај нас воопшто не е болна смената на генерациите која моментално се одвива.Имаме добра одбрана,солиден среден ред и супер напад.Имаме ѕвезди во надоаѓање(Џовинко,Маркизо,Дауд,Имобиле,Араудо...) за кој не дадовме ни денап.Во тимот имаме играчи кои ќе ја држат играта во наредните години.Го имаме најдобриот голман и најдобриот напад во Италија.

А вие што имате?Малдини,Фавали,Инзаги и Шева?
 
Како што гледам по новиов рејтинг на лиги црно му се пишава на италијанското првенство со можност да го изгуби 4 место за влез преку квалификации за лигата на шампиони и да му го преземи германското со + 1 ,за да не дојде до тоа потребно е удинезе да стигне што подалеку од баерн минхен и хамбург без разлика дали куп уефа или лигата на шампиони.
 
јас колку што знам ова нема врска,туку се гледа рејтингот на националната селекција
 
грешка си братче ова го кажаа и на телевизија и во весници го имаше пред два дена.
 
Ние се погледнавме и знаеме какви сме.Имаме тим кој е на втора позиција во Италија,имаме супер талентирани играчи во составот, не купени играчи туку од школата на Јувентус.Полека се качуваме и се враќаме на тоа што бевме порано-страв и трепет за сите тимови од Италија.Кај нас воопшто не е болна смената на генерациите која моментално се одвива.Имаме добра одбрана,солиден среден ред и супер напад.Имаме ѕвезди во надоаѓање(Џовинко,Маркизо,Дауд,Имобиле,Араудо...) за кој не дадовме ни денап.Во тимот имаме играчи кои ќе ја држат играта во наредните години.Го имаме најдобриот голман и најдобриот напад во Италија.

А вие што имате?Малдини,Фавали,Инзаги и Шева?
Па ако ти кажам дека ги имаме:Матео Дармиан, Микеланџело Албертаци, Давиде Ди Џенаро, Алберто Палоски, Игнацио Абате, што ќе кажиш?
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom