Многу играчи се спремни да играат и за помали пари од што им нудат ривалските клубови, затоа што се наши деца. Ама работата е што ние ќор денар немаме, а договори на лепе очи, Комити никогаш нема да потпишуваат.
Пак ќе кажам, некој да сакаше да го реши проблемот, ќе се седнеше одма на преговарачка маса и ќе се потпишеа играчи со време, затоа што сега се прави пазар на слободни играчи.
Пример, Тиквеш го зема Маневски од испаднатата Брега, кој ќе дојдеше топ кај нас. Ги земаа и Манасиевски и Ѓорѓиев.
Ние ако некогаш најдеме спонзор летово, ќе треба пак да потпишуваме играчи од типот на Шушњара и Сусо, ако се погоди добро, ако не океј.
На луѓе без сенс за спорт не може да им се верува. Борко ќе го среди РК со тек на времето (си ја знае работата и го сака клубот, колку и да е антипатичен во однесување), ама ФК е голем залак, не е ко во ракомет дај милион евра и донеси 5 играчи, па спремен си за ЛШ.