Значи паротитот те доведе до орхит (воспаление на тестисите ако разбрав добро ), а тоа може да да влијае на способноста на тестисите да не произведуваат тестостерон во некои случаи....Епа не знам што да ти речам
@bijons можда знае повеќе...за тука..
... мој совет, гледајте го видеото до крај!!!
1 ампула 250 мг/ 1 мл,
„ Тестостерон Депо Галеника“
е анаболичен стероид кој често се користи во бодибилдингот за зголемување на мускулната маса и сила, депото на тестостерон е синтетичка верзија на машкиот хормон тестостерон и може да се користи во форма на инјекции или таблети.
...во бодибилдингот, обично се користи како дел од циклус на стероиди, а дозата може да варира во зависност од индивидуалните потреби и цели, така да Testosterone Depo Galenika може да помогне да се зголеми нивото на слободен тестостерон во телото, што може да ја зголеми синтезата на протеините и да го забрза закрепнувањето после тренинг, може да помогне и во намалување на телесните масти и да ја подобри густината на коските.
... како и сите стероиди, акумулацијта на тестостерон може да има сериозни несакани ефекти како што се гинекомастија, намалување на тестисите, акни, зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, зголемен ризик од рак на црниот дроб и бубрезите и нарушувања на расположението, вклучувајќи депресија и агресија.
... затоа тестостерон секогаш треба да се користи под надзор на лекар и со внимателно следење на несаканите ефекти инаку употребата на депо тестостерон не се препорачува за секого, особено за адолесценти или луѓе со одредени медицински состојби, како што се рак на простата, срцеви заболувања или проблеми со црниот дроб или бубрезите.
Со упат од ендо (хипогонадизам) се изнашетав по апотекиве во потрага по Тестостерон Депо (ампули), консензус е дека ги немало некое време и немаат идеја дали ке ги добијат. Ендо вели дека и на клиника се без залихи. Сега гледам дека и србија е дефицитарна. Некоја препорака каде би можел да најдам, а очигледно ке сум долгорочен корисник :\
...дефицитарен е брендот и јачината само за една ампула т.е. фирма Галеника и една ампула од 1 мл има 250мг Testosterone (enanthate), но кај нас моментално ја има во јачина на една ампула од 1г/4 мл Testosterone (undecanoate) т.е. како 4 ампули од 250мг х 4 во една инјекција што е месечна доза на Небидо дали од Shering, дали од Bayer се разликува само како ампула /вијала, а јачината е иста.
...цената е околу 100 Е за една ампула од 1г/4мл да се купи со сопствени средства, месечна доза, инаку е на позитивна листа на лекови за болничко лекување и најчесто го препишува специјалист уролог и го има во сите здравствени болнички установи како Небидо вијала или ампула.