баки, овој твојов град господ не го оправа. И овие оправки делуваат како нешто тотално неприродно што секој архитект и планер се кикоти кога ги гледа. А кај Скопје е проблем само населението. Градот не е планиран за толкава популација. Иначе совршено е испланиран и оптимизиран сообраќајот.
Се китиш со јапонски и светски планови после земјотресот.
Кажи ми што направија нашите од 1991-ва па навака ?
Клучка кај Момин Поток, 3 години се гради никако да заврши, скоро без експропријација.
Подземниот булевар под Дајмонд, со години се гради не се знае кога ќе заврши, а и кога ќе заврши нема да се користи, нема влез-излез кон истиот.
Булеварот од Хотел Русија до Ист гејт, не се знае кога ќе заврши, изграден мост од пред 2 години кој никаде не води, не се користи.
Мостот од Карпош кон Злокуќани, завршен а никаде не води, не може да се употреби.
Значи за 33 години осамостојување само се проширени некои булевари над државно земјиште без никакви имотно правни пречки.
Цел Чаир, Бутел, Радишани итн поминуваат преку Цветан Димов, на најгусто населениот дел на Скопје, за да преминат до Центар.
Ако Скопје не е планирано да има толку жители, испитај за Тирана, од 1991 имале неконстролирано доселување од цела Албанија.