Јас мислам дека добра ИТ фирма (збориме за програмери/инженери) никогаш не би тракирала луѓе со камера.
Ако некој не работи ништо, тоа ќе му се види во output-от. На крај тоа е тоа што е битно.
Ако имам вработен кој успева да си ја заврши работата за 4-5 саати наместо 8, супер за него. Супер е и за неговиот line manager, кога знае дека човекот лесно ги решава проблемите и не се мисли дали може да му го даде таск Х или ќе му биде претежок.
Вработениот е посреќен бидејќи не работи full-time, има време да си заврши некоја работа низ дома/обврска. Сеа нели иде тука одма тоа капиталистичкото, ама сакам и тие 3 саати да е продуктивен. Е тука е грешката. Ќе му стаат камера, овој ќе се изнервира и ќе го намали output-от за 50%, па после нека му ја мислат менаџерите кај отишол перформансот. Работи 8 саати ама output има како да работел 2 саати порано.
Тие што не работат ништо без камера, кога ќе им ја стаиш, ќе го качат оutput-от за 50%. Ама нивното 50% и 50% на овој добриот не е исто. Можеби се исплати ако имаш фирма составена од лоши програмери
Според мене како менаџер во ваква ситуација имаш 2 опции:
1. Остави го човекот да си работи по 4-5 саати активно, ама кажи му да биде available во сите 8 саати. Под available мислам да одговара на пораки директно пратени до него.
2. Зголеми му ги обврските и компензирај го соодветно.