Не е алчен Лаутаро. Добро знае дека Марота никогаш нема да му даде 12м. Ако навистина бара толку, тоа само значи дека решил да замине и тука не може ништо да се направи. Поголем проблем за него е што тешко дека ќе извадиме добра пара со оглед на тоа дека не е конзистентен и ризик е за условно речено поголеми клубови од Интер, да го потпишат. Да не се разбереме погрешно, кога е во форма е ѕвер а и кога не дава голови врши огромна работа на терен во системот на Инзаги. Но напаѓачи се земаат за голови, а напаѓачи во топ екипи треба да се убијци кога играат клучни натпревари, а Лаутаро тоа не е.
Би сакал да остане во Интер но ако решил да оди нека му е со среќа. Добро е ова да се реши брзо за да не ни се повтори ситуацијата кога го дадовме Џеко па Лукаку го фатија бубачките. Со оглед дека има интерес и за Турам, добро е да се знае кој оди а кој останува. Би било добро и двајцата да останат, за оваа лига се топ, но како и секоја година некој од најдобрите ќе биде стопен.