Воспитување на дете кога живееме во близина на баба и дедо

Член од
21 септември 2011
Мислења
703
Поени од реакции
2.089
Само стаклено ѕвоно му е мајката, и едно АИ да му прави муабет по претходно зададени параметри од родителите. Немој некој да му го заебе распоредот, или да му направи муабет, сетне еден е рецептот за успешно дете ;)
После кога ќе наполни 18 години и не ќе може да се контролира или ќе се плаши да направи било што или како "куче" пуштено од ланец не ќе знае кај тера и кој порок да го фати што му бил забранет како дете. Тоа се тие модерни родители кои мислат дека СЕ знаат.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
ne e losh konceptot good cop bad cop za dete, strogost i teshka disciplina od rana vozrast go ubiva deteto vo poim i negovata sharenolikost, ludost i nemanje standard. se ova e del od ubavoto detstvo shto moze dete da go dozivee, ako majkata ne mu dava nishto od junk food, chokolada itn neli e ok bar da osekja sigurnost kaj babata i dedoto deka negovata strast za blago kje bide bar malku zadovolena? tochno e deka ova pravi problem na dolgi pateki za roditelite, ama moze da mu se dozvoli guilty pleasure so baba i dedo.
tie se dragoceni godini za dvete strani, nema dolgo da gi ima i baba i dedo taka da mislam deka go with the flow i kombinacija na ubavo objasnuvanje kon deteto i baba/dedo e dovolno za mir vo kukja.
Само стаклено ѕвоно му е мајката, и едно АИ да му прави муабет по претходно зададени параметри од родителите. Немој некој да му го заебе распоредот, или да му направи муабет, сетне еден е рецептот за успешно дете ;)
Пак не се разбираме. Детето апсолутно треба да добива и чоколадо и сладолед и чипс и овошје и слично. Ама треба да разликува што е храна што се јаде за ручек, а кога и колку се јаде чипс или сладолед да речеме. Пошто јас знам и за деца кои живеат бувално од чипс, кока кола и хамбургер и не прифаќаат ништо друго баш ради такво лабавење. Ќерка ми има скоро 11 па нема проблем со тој режим и не гледам дека нешто и фали или дека е чувана во стаклено ѕвоно, а ниту пак е гојазна ко многу деца уште пред да стигнат до тинејџ години. Ко што лестер е билдер и има одреден начин на исхрана, не гледам ништо лошо во тоа да родителот му воведе начин на ихрана и на детето кој смета дека е здрав за него, па ради тоа денес во некои приватни градинки сам си го креираш менито околу тоа што сакаш детето да ти јаде.
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
591
Поени од реакции
2.626
Пошто јак стандард имаме, одлични плати и секој може да си дозволи детето у приватна градинка да го прати.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
Абе и едните и другите сте во право. :D
Затоа реков, колку што едната страна треба да ве почитува, толку и другата страна треба да биде толерантна и да има разбирање за одредени ситуации кои треба да бидат исклучок од правилото.
Со добра комуникација и баланс не треба да има никаков проблем.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.354
Поени од реакции
38.599
Баба и дедо се закон.:love: Се додека не влијаат токсично над детето и да му ја пунат главата со некои глупости, секакво друго лигавење им е дозволено.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Пошто јак стандард имаме, одлични плати и секој може да си дозволи детето у приватна градинка да го прати.
Потруди се повеќе, ако не секад Дојчланд ти е опција. :)
Автоматски споено мислење:

И строго био мора да биде.
Строго органско
 
Член од
20 мај 2023
Мислења
591
Поени од реакции
2.626
Потруди се повеќе, ако не секад Дојчланд ти е опција. :)
Автоматски споено мислење:


Строго органско

Јебига, не земаме сите програмерска плата. Некој мора и у државна градинка да си ги праќа децата.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јебига, не земаме сите програмерска плата. Некој мора и у државна градинка да си ги праќа децата.
Дека програмерската плата од небо ми падна нели? :)

Глеам по улица идат и прашуваат луѓе, дечки да не сакаш програмер со програмерска плата да станеш?

Ете ти секад имаш опција да завршиш медицина. :)
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Медицинската плата е појака од програмерската? :D
Со мк програмерска плата од фирма?

У најмала рака изедначена, па у некои случаи и појака. А со тенденции и да стане многу појака со оглед на тоа дека медицински кадар ќе биде најбаран во иднина, со оглед на стареењето на населението.

Да не забегуваме од темата.
 

Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.777
Поени од реакции
2.919
Не верувам дека мајкава има проблем со чоколадата и чипсовите кои бабата му ги дава на внучето, ако му ги дава, сигурно и смета тоа што детето повеќе ги сака нив од неа, се јавува љубомора кај мајката. Инаку за чоколадо може и таткото да го разгали детето, одкако мојов му даде чоколадо, на син ми, малиов сега збеснат е по чоколадо, иако се каравме многу заради тоа, џабе, и ми вришти да му давам нон стоп, едвај го намолувам нормален оброк да има во денот, банана, јагоди, манџичка, лебче намачкано со нешто, хаос е, сум се карала со него, не, џабе, он го научи на се штетно и чипсови и чоколадо.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
5.042
Поени од реакции
7.707
Не верувам дека мајкава има проблем со чоколадата и чипсовите кои бабата му ги дава на внучето, ако му ги дава, сигурно и смета тоа што детето повеќе ги сака нив од неа, се јавува љубомора кај мајката.

Niedno dete ne gi saka Babata i dedoto povejche od majkata!
Na dotichnava ednostavno i smetaat Babata i dedoto, Chitaj kako sekoja snaa " Zapnalo kaj Veshterkana"
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Од многу заштита од 2 месеци па до 2 години ене и го детето на 100км да фати благо ветре тоа е настинато. Баш ради „јас само ја штитам“ муабети ... денешно време има очигледен проблем со имунитетот кој го стекнала каков-таков во „идеални“ услови без контакт со други деца и минимален со други луѓе воопшто, а тоа само по себе е погрешно и кај неа баш тоа го гледам како грешка (наместо да помогни кај своето дете, со најдобри намери, одмогнала).
Ама тоа не се вика штитење, туку се вика здрав разум. Не може ти бебе свесно да го изложуваш на вируси за да јача имунитет, пошо тоа така не оди.
Неминовно е дека кога ќе почне во градинка ќе закачи се живо таму и дека секоја втора недела ќе е болно, и тоа нема никаква врска со имунитетот, едноставно градинките се такво жариште, не познавам дете кое оди во градинка а не е со зелени мрсули од октомври до април.
Ама пак ќе речам, бебе од 3-4-5 месеци и дете од година и пол различно поднесуваат настинки, и не гледам нишо лошо доколку родителот сака да го заштити додека е најкревко.
Па јас не велам дека одлуката не треба да биде на родителот и дека не треба да се почитува, туку велам дека родителот не треба да забегува во крајности со своите одлуки. Детето не може да го чуваш во стаклено ѕвоно, бидејќи кога тогаш ќе оди на училиште, ќе оди кај другарчиња и нема да бидеш во ситуација да контролираш дали ќе консумира слатки и чипсови или не. И напротив шансите да претера со истите ако му се дома забранети се огромни.

Јас еве ќе ти кажам пак од аспект на тетка која се труди да почитува граници поставени од родителите, ама сметам и дека барањата на брат ми и снаата се сосем океј и вооопшто не се екстремистички и нереални. Секогаш се трудам да имаат здрав оброк, наместо да им купувам кока коли, им правам цедени сокчиња, али once in a while знам да им направам и пица, крофни, да им купам лижавчиња, чоколадо, да одиме на кафе (читај шлаг/топло чоколадо, а може да е и обичен цеден сок), глеаме цртани со пуканки и слично. Али правиме и други “поздрави работи”, пример пешачиме, возиме велосипед, и сл. И се додека е умерено и ги почитува нивните граници за воспитување сметам дека е океј. Ако некогаш не сум сигурна дека се согласни во врска со нештото, прво се јавувам на родителите, разговарам, па тек потоа им давам ветувања.

Значи не збориме за доенчиња, туку за деца од околу 4-5 години.
Јас те сфаќам, знам и дека претерана контрола не е добра. Апсолутно не зборувам за стаклено ѕвоно, туку за почитување граници. Во околина имам и вегани и вегетаријанци со деца, еве пример тие не им даваат месо на децата, сеа ако бабата и дедото не се согласуваат со овој начин на живеење, дали мислиш дека е ок скришно да им даваат месо? Не ми е поентата за кока кола, чоколадо, месо, чипс. Поентата ми е дека која и да е границата од родителот, треба да се почитува. Екстремна, лабава, каква и да е.
Супер ти што ете се јавуваш и прашуваш за дозвола, верувај дека многу мал дел прават така.
Се е ова легитимно, се додека ти ја водиш играта и не бараш помош од нив. Ако некој решил да живее независно, и да ги носи децата да се видат со бабата/дедото еднаш во одредено време, има апсолутно право да бара што и како смее да им се даде.

Е сега, имаш ситуации каде им е убаво на родителите додека добиваат помош за чување (мирна глава, спасени едно чудо пари, не им тапка животот и кариерата), ама од друга страна сакаат да ги диригираат правилата на игра. Правила може да се наметнуваат ако плаќаш некој, а ако бараш помош и ги користиш бенефитите, тогаш ќе трпиш и ќе прифатиш идеи/мислења и од другата страна.

Поголемиот дел од тие мамичките што плачат на форуми се од втората група. Добиено стан/куќа/спрат/возила од старите, добиваат редовна финансиска помош, добиваат помош при одгледување на децата, арно ама да било по нивно.

Да сум дедо на деца, и да ми продава приказни снаата, а истовремено ми седи во нешто што го имам спечалено или бара помош, има да ги отпишам во службен весник и неа и синот, и истото би било и ако е ќерка и зет.
Ставов ти е заглавен во минатиот век, можда и порано, и е за жал зачеток на сите проблеми кои се испишаа во темава, најверојатно и на првото мислење.
Повеќе работи ми сметаат во напишаното, да почнеме со
Добиено стан/куќа/спрат/возила од старите ..... арно ама да било по нивно.
Ако дадам нешто на поклон и со добра намера, на сопствено дете, да си гради сопствен живот и семејство, зарем треба да условувам натака како ќе живеат и да се мешам во сите одлуки? Тоа не е помош, туку психијатриска дијагноза. Даваш поклон, а очекувањата се дека ќе си играме македонски народни приказни цел живот. Баш од овие причини скоро сите што ги знам се иселија од заедница, заминаа од куќи во станчиња. Ама мирот со пари не се купува.

Да сум дедо на деца, и да ми продава приказни снаата, а истовремено ми седи во нешто што го имам спечалено или бара помош, има да ги отпишам во службен весник и неа и синот, и истото би било и ако е ќерка и зет.
Па кој ги терал да печалат во куќи со 3 спрата, по еден за секој син? Снаата или зетот? Ако не сакаш да седиш во заедница, зошо не сакаш, за кого ќе е спратот, за кого го градевме. Па ќе се налутат. Ако седиш, седи ама многу пуфки јадење не, како ќе каже чорбаџијата така.
А ако седат посебно од старите, ме интересира, еве старите денар не инвестирале во нив, тоаш ок е да продава приказни или како?

Ако даваш помош, каква било, дали е тоа спрат, стан, куќа, чување дете, не значи дека треба да му се мочаш на глава на тој на кој што му НУДИШ помош. Или не нуди, речи не можам, не сакам, имам други приоритети, ок е, никој не се лути. Ама тие болни паѓаат по внуциве ( денес го видовме само еден сат, зошо ни кратиш време ), и уште на се што си рекол, ќе направат обратно.

Еве да ти кажам малце за продавање приказни кога го оставаш детето да го чуваат баба и дедо кои последен пат те чувале тебе како дете пред 30 години, и појма немаат кои се моменталните препораки, пошо тие гледале деца, знаат како треба:

-Шетајте, излезете, ако плаче ќе му ја пикнеме цуцлата во мед и ќе се смири. ( зошо не треба мед на деца под 1 година, пример )
-Излегувам да завршам нешто ( не дека не можам да го земам детето со мене, повеќе го оставам за тие да го видат ) и викам да не го форсираат да седи, мал е. Се враќам ( и ова е 10/10 пати, детево седи, околу него перници, демек да не падне да не се удри ). Кажано од педијатриска сестра, педијатар и ортопед ( и пренесено на сите баби и дедовци ) дека бебе не се форсира да седи, пошо се ствара притисок на колковите, и негативно се одразува во понатамошен развој. Исто и за одење, не се патка дете кое самостојно не знае да стане.
-А зошо не му давате вода? Греота е, дајте му вода, топло е. ( доенче од 3 месеци ). На секој преглед повторено од педијатар дека не се дава вода додека не се почне со цврста храна.
-Ние вас ви дававме манџа на 6 месеци, зошо не му давате? ( доенче од 4 месеци )
-Излегувам, оставам зготвена храна што треба да му ја дадат кога е време за јадење. Се враќам, храната нечепната, му давале смоки. Сакал смоки, не сакал да јаде.
-Повторено сто пати, дека апсолутно не треба да им падне на ум да му даваат газирано, чоколадо, чипс. На дете под 1 година. Му дале, греота бил, ги гледал кај што јадат, па да пробал.
-И најомиленото, дома 26 степени, детево облечено во 3 слоја, со капче и чорапи, да не му било ладно. Тоа се исфрлало цело од топло, плаче од што се поти, тие мислат дека му е ладно.

И ова кажано од особа која има контакт со баби/дедовци два пати годишно. Ако ме веруваш кога сме сами тука ми е сто пати поубаво, на никој не се објаснувам зошо вака, а не така. Кога одиме МК ме фаќа нервоза, не сакам да го оставам детево баш од вакви причини, не е еднаш, не е два пати, не е три пати, туку секој еден пат прават спротивно на тоа што си им рекол. Ако го оставам детето на чување, сакам да ми е мирна главата, не да го мислам цело време.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Во околина имам и вегани и вегетаријанци со деца, еве пример тие не им даваат месо на децата, сеа ако бабата и дедото не се согласуваат со овој начин на живеење, дали мислиш дека е ок скришно да им даваат месо?
Да.
Месото не е штетно ко што секташите сакаат да го прикажат. Друг е муабетот за лижавче, чоколада, чипс, газиран сок и слично кои негативно влијаат врз здравјето на детето.

Еве ти на пример убаво пиша претходно за солта и шекерот, што е во ред.
Кое е објаснувањето на веганите и вегетаријанците што не им даваат на децата производи од животинско потекло?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom