Никаде не реков дека е осудено на пропаст, не знам од каде извлече таков заклучок?Не се согласувам со последното мислење, моето дете тука нема да има баби и дедовци, зарем од старт е осудено на пропаст?
Дури и сама си одговори на прашањето и пак дојде до мојата поента:
Јас практично живеев со моите баба и дедо, имав прекрасно детство, прекрасни спомени, навистина необично силна врска. Едни од најубавите спомени ми се со нив. И навистина сакам и моето дете, колку што може секако, со оглед на околностите, да го има истото.
Исто, ова... баш ова, следното:
Од многу заштита од 2 месеци па до 2 години ене и го детето на 100км да фати благо ветре тоа е настинато. Баш ради „јас само ја штитам“ муабети ... денешно време има очигледен проблем со имунитетот кој го стекнала каков-таков во „идеални“ услови без контакт со други деца и минимален со други луѓе воопшто, а тоа само по себе е погрешно и кај неа баш тоа го гледам како грешка (наместо да помогни кај своето дете, со најдобри намери, одмогнала).Апропо примерот со другарка ти, и јас гледав и гледам да го заштитам колку можам. Да, некои работи се неизбежни, ама бебе од неколку месеци и дете од година-две скроз различно ги поднесуваат болестите, макар и обична настинка.