Кирче златен, ќе ме извиниш шо каснам ама заглавивме пак со прилепската фанта (читај Крали Марко) не повтори од вчера. Арно неколку души ми пишаја да ме подсетат
Првиот контакт е остварен неколку дена пред дербито со Вардар во Битола на 30.11.2016.
Бевме контактирани од еден од нивните истакнати членови, кој е уредник на полското списание "To My Kibice". Многу луѓе тука од групите го познават чоекот. Уште од пред то имаше сипматии кон балканските групи и стилот на навивање. Голем удел за рекламата на Чкембари имаше и “Чкембари фанзинот". За ова конкретно има неколку страници во бројот број 5. Така да ако имаш желба ќе се потрудиме да најдиме и ќе го добиеш.
Е сега да продолжам. Му се обезбедва акредитација за та утакмица за сликање на натрпреварот. Дел од нашите членој се запознават и лично пред утакмицата. Колку шо памтам јас утакмицата не беше ништо посебно и врска немаше со она дерби шо знај да биди. Памтам само дека имаше заврнато многу снег Битола, и замисли најинтересен детал беше то шо се фрлаше со топки снег кон судијата.Убај топки јаде в гла
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
После неколку опомени и повторно продолжување од наша страна имаше и реакција од полицијата, па се префрлиме потаму кон обичната публика за да не ја прекини делегатот утакмицата. Таму и се крена кореографијата.
Се останва во контакт со дечкото од Полска и за некој месец добиваме покана Чкембари да гостуват во Белхатов на еден ревијален турнир кој го организира нивната групата.
Ја прифаќаме понудата и го чекаме денот. 15ти јуни 2017та година, како вчера да беше. Го памтам денот оти баш тогаш ми е роденден. Се собира екипата класика на бутки ако не грешам 17 души и пред тргнување нашиот бивш воџа ќе го цитирам: "Еј знајте кај одите сега, без алкохоли без глупости ве чека 24ч пат, треба таму да се покажите а не да не срамите, значи не да стигните умрени, никој да не пиел по пат". Да се испочитува муабетот тргнуваме ние од тука како шо треба се, и првата продавница во росоман застанва комбето и како шо е редот роденден ми е нема бегање, почастив 1л жестоко и неколко пива, нормално се докупија уште толку од сите други. И од тука почнува историја
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Морам да спомнам како најмлад во комбето дека од сегашен аспект ова за мене беше најдоборото искуство во животот и задоволство да патуваш со такви ликој и навивачки легенди.За жал еден од нив не е поќе меѓу нас.
Еве ја екипата и првата слика напраена по пат.
Прегледај го приврзокот 417613
Стигнуваме во Белхатов. Првите реакции на пољаците покажват симпатии и респект кон екипата од Битола,иако имаше над 10-15 навивачки групи од неколку држави. Балканскиот менталитет напрај сите очи да се вперени кон нас.Имаше фудбалски турнир, победивме некоја рунда и во тргање јаже. Се покажавме во сите "дисциплини" ама буквално во сите
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)
Таква беше екипата приспособена за се
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Пред еден ноќен клуб околу 100тина навивачи од поќе групи кој прв пат ги гледаме со нас грмеа Crazy Green Fuckers и who let the dogs out
Дајте да напрајме подкаст мак-тифо да заматиме фаците, па ко ќе слушнат се да се чудат и најбудалите
Да сумираме, оставаме одличен впечаток, заедничка дружба и голема хемија се создаде конкретно со сегашните браќа. Зелената боја, сличноста на градојте во големина, термоцентралите шо ги имаме итн беше поќе од доволно да останиме во одлични односи.
Тераме за Битола и судбината ко ќе сака, сака. На граница Србија-Мкд само шо стига информација дека Пелистер за противник ги доби Лех Познан. Е сега другари то е уште едно историско патување, има и за таму шо да се пиши, ама да се вратиме на главното. По околу 2 недели се враќаме за Полска. На натпреварот во Познан ни се придружија околу 10-15 тогаш пријатели од Белхатов, со нивни обележја но без знаме на трибина. Еве едно сличе од утакмицата.
Прегледај го приврзокот 417614
Еве ја и првата заеднична слика од двете групи напраена на стадион во Познан.
Прегледај го приврзокот 417615
Завршва утакмицата и замислете останваме без превоз. Долга приказна, реков некогаш наредно се детално.
Наоѓаме превоз и за неколку сати тргаме и одиме за Белхатов. Таму пак сме пречекани одлично, одмараме неколку сати и тргаме за Битола. На возвратната утакмица во Струмица со Лех Познан ги поканваме и ни идат на гости неколку припадници на Торфиорже, каде за прв пат и официјално се поставува транспарент.
Септември 2017та екипа на Чкембари оди оди пак за Полска ЛКС Лоџ - Гкс Белхатов, кај шо имаше забрана ама Торфиорже сепак најдоја начин и околу 300 навивачи се појавија во Лоџ. Заради забраната мислам дека немаше знамиња па така Чкембари знамето не беше клаено на ограда тогаш. Наредно имаше дерби Битола Пелистер-Вардар и мислам дека беа дојдени околу 20-30 луѓе.То му беше прв пат под Тумбе Кафе, а пред то и на ракомет бевме Пелистер-Металург.
После то кај нас ко беа политичките случувања за промена на името од Белхатов испратија поддршка со израбтоена парола,еве сличе:
Прегледај го приврзокот 417616
Наредно во 2018та околу 20 души ојдовме пак на гостување со нив.
Видзев - Гкс Белхатов
Страшно гостување, околу 700 навивачи бројка на нашите браќа. Исто многу јако искуство. Прв пат во животот се осетив како во војска и шо е почитување на инструкции на групата. А замисли 700 души. Ние на 300 се сериме.
Еве сличе:
Прегледај го приврзокот 417617
Ќе спомнам и за ова, имаше утакмица Македонија у-19 со Полска во Белхатов, нашите браќа напраја знаме кое го изработија специјално за тој натпревар, Сличе:
Прегледај го приврзокот 417618
Ова е се околу година до две и почетоците на нашете братство. Има уште многу после ова заеднички утакмици, дружби итн. Има уште многу да се пиши ама целта беше како шо праша за почетоците. Така да се потрудив колку шо можам да доловам за заедничкиот респект и како се почна.
Можно е да имам нешто згрешено или пропуштено, така да можи да ме попрај некој