Вчера изигравме одлична утакмица до моментот кога Рис Џејмс реши да биде Ромеро. Не знам кај му беше паметот ама како капитен на Челзи, ова му е огромен минус, неможе ваков блам да си дозволи, еден од најискусни е во екипава и „лидер“, ај што пола сезона не ја ни игра обично па уште вакви киксови, не се допустливи, мора сериозно да се разговара со „капитенот“.
Генерално, задоволен од утакмицата, како одминува сезонава се позрели и посигурни сме, буквално во ниту еден момент не се секирав за водството, апсолутна контрола имавме до црвениот картон. Пофалби до сите освен Џејмс.
Ќе бидам искрен и ќе кажам дека со оглед како почнавме, јас сум задоволен од сезонава, ваков пласман на старт ќе го прифатевме секако, имавме премногу турбуленции и повреди кроз сезона кои се надевам ќе ги надминеме и ќе градиме на овој моментум.
Покетино има многу прашалници за кои сум пишувал и пишувал така да нема да се повторувам ама со играњето на Кукуреља како инвертед ДМ покажа дека знае нешто, тимот го консолидира и фативме „правец“. Така да, нека добие и следна сезона и да видиме дали ќе продолжиме на ова или имавме „среќна серија“ и бог отац Колд Палмер.
За засилувања, немаме потреба од многу, ниту од скапи, потребно е мирно лето, со паметни аквизиции во одбрана и напад, немаме потреба од мега засилувања во напад, Џексон е и повеќе од солиден, како за прва сезона, има одлични бројки и покажа потенцијал, нека си остане како број 1 шпиц ама нека се донесе некој како него што ќе сака да напредува и да се бори и да му гори цело време под нозе за стартно место и ќе прерасне во класа шпиц, нема да биде никад како Дрогба ама ќе биде Диего Коста, го има тој менталитет и знаење со нозе.