@Џонтра Волта беше на прославата, нека каже он дали и колку луѓе имало.
Да, убаво прочитавте, реномираните интераши
@Stefan-kobe и
@Џонтра Волта длабоко во себе се за Реал Мадрид. Едниот беше на Ел Класикп, другиот на прослава на титула.
Јас искрено очекував многу појака атмосфера за прослава на титула на најголемиот клуб на светов. Беше прилично мех, а стоев одма позади кранот односно главната камера што снимаше накај фонтаната и тоа огромната зграда (поранешна пошта било тоа) позади кај што беше бината.
Навивачите скоро и да не пееа освен спикерот што галамеше и коа ја пуштаа таа химната што ви е Хала Мадрид и нада мас, и таа другата Реалмадрид оле оле. Дојде бусот сврте круг околу фонтаната, после искочија горе низ тоа парадираа со трофејот летаа конфети и за едно 40тина минути почна да си иде народот. За гужва имаше нормално, неам глеано слики по тоа другите улици што идат према Сибелес до каде и колку беа пуни, али мислам дека не е некоја прослава со која би се фалел и гордеел човек. Е сеа стои и фактот што Реал секоја година освојува по некоја голема титула па им нема драж таквата прослава.
Јас со Интер маица си бев, никој ништо не ми рече нит па ме погледна накосо, освен една жена што ме замараше дека и дував цигара у тил. И едни така као на полузаебанција мислеа дека сум италијанец ми викаат ееејј италијано каде со маицава, викам не сум италијанец ко прво, ко второ за 2010та треба увек да сте ни благодарни така да не замарај и радувај си се, ми вика е у право си и толку.
А и глупаво им е местото за прослава до немај каде, тоа Сибелес е една фонтана на кружек тек со 3 ленти и булеварите што се спојуваат со него, народ се собира и ништо не се гледа на 500 метри од фонтаната. Не е плоштад па да се собере народ на едно место кај што ќе има бина као на концерт.