Кајганџиски книжевен предизвик за 2024 година

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2024?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
14 февруари 2009
Мислења
491
Поени од реакции
1.697
Здраво на сите

Избрав 10 книги за читање за оваа година, а почнав со читање во Април и досега имам 3. Читам само на киндл, освен два романи што ги имам купено последниот пат од Мк кога бев. И двата романи се од Достоевски. @Staufer, и кај мене побрзо оди на киндл. Може е навика. Нема да пишувам рецензии, дека... јебига, не ме бива.

1. Atomic Habits by James Clear
2. The Hitchhiker's Guide to the Galaxy by Douglas Adams,
3. Записи од подземјето од Фјодор Михајлович Достоевски
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
7
Поени од реакции
18
Здраво на сите

Избрав 10 книги за читање за оваа година, а почнав со читање во Април и досега имам 3. Читам само на киндл, освен два романи што ги имам купено последниот пат од Мк кога бев. И двата романи се од Достоевски. @Staufer, и кај мене побрзо оди на киндл. Може е навика. Нема да пишувам рецензии, дека... јебига, не ме бива.

1. Atomic Habits by James Clear
2. The Hitchhiker's Guide to the Galaxy by Douglas Adams,
3. Записи од подземјето од Фјодор Михајлович Достоевски
Јас така кога се рестартирав со читање првата година имав предизвик за 10, па постепено растев, и сега стандардниот предизвик ми е 50 книги годишно. Така што без гајле, ќе биде. Можеш и да мамиш со некој пократок роман :)
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
491
Поени од реакции
1.697
Јас така кога се рестартирав со читање првата година имав предизвик за 10, па постепено растев, и сега стандардниот предизвик ми е 50 книги годишно. Така што без гајле, ќе биде. Можеш и да мамиш со некој пократок роман :)
Одлично за тебе, баш така и треба, чекор по чекор. Јас првите 3 месеци оваа година немав многу време за читање, па почнав дури минатиот месец. А веќе имам 7-8 книги прочитано, ама некои не се романи, туку се помали информативни книги. Пример има еден серијал на книги A very short introduction се вика и има премногу книги на разни теми. И не би сакал тие тука да ги бројам како прочитани.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.198
5) Secrets of Malta - Cecyly Blench

Судејќи според насловот и историјата на Малта, ќе помислиш дека се работи за некои масони, илуминати, темплари...но овој роман кој е тазе издаден пред неколку месеци е сместен во ВСВ и инволвира игра на шпиуни.
Фиктивен роман кој се базира на вистински настани и кој можел да биде уште подобар кога би имал поинаков крај и едно стоттина страни помалку, но генерално го задржува вниманието. Барем моето.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.699
Поени од реакции
36.524
09. Единствен матичен број - Лидија Димковска (Три, 2023)
1716710095531.png

Прекрасен роман! Според мене, најдобриот од Димковска. Темите се на иста линија како во претходните нејзини романи: домот, идентитетот, егзилот, отуѓеноста... што значи - веќе видено, ништо ново. Но на оваа приказна тука многу повеќе и верував отколку на било која од претходните нејзини романи. Некако дури во некои сегменти ја доживеав и лично и навистина многу ми се допадна. Она на што најмногу Димковска инсистира во нејзините романи каде се се врти околу домот и оддоменоста и каде се ми е толку повторливо и здодевно, тука не ми сметаше, веројатно зашто ликовите се поцврсти, подобро изградени и затоа што самата приказна создава некој амбиент кој кој сите ние го живее(в)ме и кој на сите нас ни е близок, па затоа таа идеолошка повторлива матрица која Димковска ја применува тука некако ја видов само во позадина и воопшто не ми сметаше. Особено ми се допадна и употребата на хуморот, особено во описите на Милка која не може никој да не ја препознае во ликот на некоја жена од сопственото соседство или семејство. На некои од нејзините реплики не можев, а да не се изнасмеам гласно. И една забелешка за сите оние кои имале поинакви очекувања од крајот на овој роман - да се оствареле вашите очекувања и да имаше некој каков-таков happy end, ова ќе беше далеку од реалноста, од животот. Вака - на текстот многу повеќе му верував.

Убав роман, морам да признаам дека е трет од петте финалисти за Роман на годината за 2023 кој навистина ми се допадна па затоа сметам дека сосема е заслужена наградата (иако било кој од другите два да ја добиеше, ќе го имав и за нив истото мислење). 5/5

Ми остана уште „Заборав“ од Томислав Османли, но за жал не можам да го најдам никаде романот.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
12. Соларис - Станислав Лем

Кога слетува на станицата која се наоѓа на планетата Соларис, Крис Келвин открива дека екипажот чудно се однесува а живиот океан кој ја покрива планетата има способност да ги чита спомените на луѓето и да создава суштества.

Ова е роман за кој прочитав/слушнав многу добри критики по разни страни, ytube канали па и овде на форумот и имав големи очекувања и мислев дека ќе ми се допадне ама за жал не се случи тоа :(

13. Шега - Милан Кундера

Првиот роман на Кундера, а за мене втор од него што го имам читано. Иако "Неподносливата леснотија на постоењето" повеќе ми се допадна сепак и ова е добра книга. Романот е раскажан преку перспективата на неколку ликови: Лудвик, Костка, Јарослав и Хелена. Дејството се случува во Чехословачка каде власт има Комунистичката Партија.

14. Непобедливиот - Станислав Лем

Непобедливиот е името на вселенскиот брод кој слетува на планетата Регис III и се обидува да дознае што се случило со бродот Кондор и претходната експедиција.
За разлика од Соларис овој роман повеќе ми се допадна и сметам дека е полесен за читање.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.524
Поени од реакции
22.172
Jenny Erpenbeck - Kairos

Наидов на книгава покрај тоа што беше но шорт лист на годишниот International Booker Prize. Се работи за љубовна врска на млада девојка со доста постар маж во крајните години на државата ДДР. Двајцата се дел од ДДР елитата и живеат во источен Берлин. Случајно се запознаваат и почнуваат љубовна врска која е интензивна но добива сериозен пресврт кога жената има афера со друг, помлад маж. Од тој момент врската станува тортура. Како втора приказна си тече субтилно распадот на источна Германија со паѓањето на Берлинскиот ѕид и со тоа дисрупција во животите на двајцата. Многу добра приказна и се гледа дека авторката Ерпенбек беше дел од ДДР елитата и на некој начин ги преработува тие настани. Убав јазик и стил на раскажување. И за не љубители на љубовни приказни вреди да ја читаат. Во меѓувреме книгата ја освои наградата за која беше номинирана.
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.714
Поени од реакции
9.545
Здраво другари, се надевам се прифаќа и ова моето како дел од книжевниот предизвик, не барајте од мене да ви објаснувам со свои зборови затоа што тешко ми оди со тие работи, затоа одиме вака:


1) Корто Малтезе - Хелвечани.



"Možda je eklektičnost Pratovih stripova o kojoj je Umberto Eko toliko pisao, najvidljivija upravo u ovoj priči. Korto u društvu profesora Štajnera dolazi u Švajcarsku i gotovo odmah zalazi u sfere jedne drugačije avanture. U prostorima na razmeđi između jave i sna nižu se susreti sa Klingsorom, Kortovim slamnatim dvojnikom, Alhemijskom ružom, King Kongom, a sve isprepleteno sa Mrtvačkim plesom i procesom pred velikim paklenim sudom. Da li je avantura Pratov Sveti gral ili je Sveti gral samo ishodište Kortove avanture? "

1) Корто Малтезе - Му.



"
Korto je ovog puta „okupio“ gotovo sve svoje saputnike iz prethodnih knjiga u potrazi za izgubljenim kontinentom. Neočekivani sled događaja ga uvodi u harmonijski lavirint u kojem se rastaje i ponovo sastaje sa sopstvenom senkom, bezglavo jureći kroz prostor i vreme u pokušaju da spasi one zbog kojih je i sa kojima je u lavirint i ušao.

Kako je Prat Korta slao „uvek malo dalje“, tako Mu predstavlja za njegovog junaka priču u kojoj se na najčudesniji način prepliću metafikcija i metafizika, a u kojoj naš junak odlazi najdalje, na sam kraj avanture."
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.714
Поени од реакции
9.545
3) Хуго Прат- Сент Егзипери, Последњи лет и др. приче.



"„Meni se groblja sviđaju… Njihovi čempresi, mir prožet mirisom tamjana, gušteri na zidu pod letnjim suncem…”

Izviđački avion P-38 31. jula 1944. godine vraća se, posle izvršene misije, u bazu na Korzici. Za kormilom se nalazi jedan od najpoznatijih francuskih književnika svih vremena: Antoan de Sent Egziperi. Ali avion i njegov pilot nikad neće stići na cilj.

U sam osvit Drugog svetskog rata, sudbina će razdvojiti dva prijatelja, italijanskog i britanskog pilota, koje povezuje ljubav prema dalekom nebu i jednoj ženi. Samo jedan od njih dvojice dočekaće kraj ove tragične priče.

Drugi svetski rat vodi Morgana, mladog britanskog oficira, u razne krajeve Jadranskog mora. Od Jugoslavije do Venecije, pred njim je mnoštvo tajnih misija. Nadređeni cene Morganov učinak, čak i kad je prinuđen da oduzme život koji je prethodno spasao."
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.699
Поени од реакции
36.524
10. Кога цветаа тиквите - Драгослав Михаиловиќ (Темплум, 2017)
1717750068585.png

Многу работи имав слушнато и прочитано за овој краток роман - и позитивни, и негативни. Знаев дека морам да го прочитам и многу се израдував кога го најдов. Станува збор за еден од предвесниците на југословенскиот „црн бран“ во книжевноста, роман-пионер на цела една сцена која подоцна се протега дури до крајот на деведесетите и дури и во остатоците од некогашната Југославија. И можеби не толку во книжевноста, колку во филмот и театарот. Во романов јас ја видов инспирацијата на многу од српските филмови од 90-тите: од Лепа села лепо горе, Ране, па се до Небеска удица (иако во фабулата и немаат баш многу допирни точки). Штета што по „Кога цветаат тиквите“ никогаш не бил снимен филм. Била поставена театарска претстава, но истата, поради чувствителните теми кои ги допира а се поврзани со општествено-политичката ситуација во Југославија, за затворите на политичките неистомисленици и за Голи Оток (каде и самиот писател Драгослав Михаиловиќ одлежал еден период), веднаш е тргната од репертоар.

Романот е речиси линеарна монолошка исповед на Љуба Сретеновиќ - Врапче (фиктивен лик), поранешен шампион на Србија во бокс, емигрант во Шведска кој се сеќава на деновите од 40-тите и раните 50-ти години во Југославија, на неговата младост во Душановац и почетоците и крајот на неговата боксерска кариера. Ги опишува случувањата во неговото семејство со еден едноставен јазик, но таков кој изгледа толку природно што не можеш да не му веруваш. Но низ тие описи за случувањата во неговото семејство се испреплетени и описи на целиот тој свет во поранешна Југославија, за Информбирото, за политичките затвореници, за Голи Оток и за што уште не. Но освен тоа, ова е и роман за носталгијата, за емиграцијата, на некој начин и трилер, но и роман за боксот. Навистина е краток - на само 160-тина странички џебен формат (ова не би било повеќе од 100 страни во книга со нормален формат и нормален фонт и проред), но кажува многу повеќе отколку романи од по 500+ страници. За тоа пред се е заслужен стилот и јазикот на Михаиловиќ кои се навистина импресионирачки.

Многу од негативните коментари за романот се насочени за почетните глави на истиот каде има навистина експлицитни сцени и се по малку непријатни за читателите (особено жените), па морам да признаам дека и јас не гледав некоја вредност во нив и очекував таков да биде и до крај. Но приказната со семејните драми и како таа е вплетена во целата таа генерална слика и за Југославија, но и за емиграцијата од неа е она што мене особено ми се допадна. Така, од роман на кој бев спремен да дадам една тројка, по 2 глави во кои ме наежи од глава до пети и навистина допре до мене, ова не заслужува ништо помалку од 5/10!

Многу ми се допадна и најтопло препорачувам! Се чита во еден здив, за неколку часа, буквално - со едно кафе. Прочитајте го, нема да зажалите!
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Ау од февруари тука не сум апдејтирал статус на предизвиков.
6. Измеѓу - Кристина Гавран (Антолог) 4.5/5 Хумористичен приказ на животот на мигранти од Балкан во западна европа. Шармантна е Гавран.
7. Американа - Нгози Чимаманда Адичи (Арт-Конект). Немав сомнеж (по многуте препораки) дека ќе наидам на еден одличен роман за животот на мигрантите од Африка во САД во поновово време. Она што ние источно-европејците малку површно го гледаме и се палиме на евтиниот расизам што ни се пласира од двете екстреми. Романов нуди слоевит опис на животот на еден црнец роден во(н) американските граници. 5/5 - Една од фаворитите за прочитан роман на годината.
8. Зелениот дворец - Сибо (Арс Либрис). Симпатично книже, но се гледа дека му е едно од првенчињата на писателот. Сепак е на добар пат да се надогради. 4/5
9. Before coffee gets cold - tales from the cafe - Toshikazu Kawaguchi. 4/5 Позитивно книже, продолжение на кецот. Интерсен концепт
10. Чиракот на Архитектот - Елиф Шафак. Кога ја почнав очекував дека ќе ја завлечкам можеби месец ако не и јаче, испадна за неполни 10тина дена ја завршам со оглед на нејзината масивност. Шафак умее да раскаже историска фикција, се приметува нејзината посветеност колку црпела трудови и истражувала за историјата на отоманците во 16ти и 17ти век. По мене, рамо под рамо со големиот Памук. Прекрасна, навистина прекрасна книга. 5/5
Еве ме пак подзаборавен тро да ја ажурирам бројката, иако сега можеби намерно малку повеќе оставив да се насобере материјал.
11. The reading list - Sara Nisha Adams.
После прочитаната на Шафак, сакав малку да си земам оддишка, но и да ја продолжам ориенталната жичка, па убаво ми дојде ова книже. Неодамна го начекав како random pick во Академска и ми се допадна тематиката; се работи за сегашен период во Англија како читачката рутина пополека изумира по библиотеките, па така една по една се затвораат. Во една иста таква се среќаваат двајца ликови Мукеш - чија сопруга (огромен љубител на пишаниот збор) е скоро почината, татко на три возрасни ќерки, пробува да му додаде на животот малку повеќе смисол. И Алејша адолесцент израсната во дисфункционална фамилија од неуротична мајка и татко кој ја напуштил на ептен мали години, и постар брат кој пробува да скрпи крај со крај. Двајцата ги спојува таа библиотека во која Мукеш по игра на случајноста наоѓа листа од 10 наслови кои би му помогнале некако да ја преброди својата осаменост. По неколку неуспешни наврати се спријателува заедно со Алејша, и во таа врска се одмотува клопчето на нивните животни судбини. Алејша како скроз затворен лик, преку книгите пронаоѓа повеќе смисла а со тоа и собира храброст да се отвори кон светот кој и не е баш онака суров како што она замислувала. Или е....
Има доста референци од многу познати и одлични книги. Може да се користи како отскочна штица за наведените наслови.
4.5/5

12. The Kite runner - Khaled Hosseini
Ја видов во погоре споменатата книга и ме фати јанза дека одамна ми стои на листа на чекање. Од неговата одамна прочитана Илјада неверојатни сонца имав трауми кои ме прогонуваа едно добри 2 месеци. И сега иако веќе психички поткован очекував да ме дотолчи. И го добив „посакуваниот“ ефект. Нема да одам во подробностите, не сакам да рушам филм (Иако и адаптацијата не е за занемарување - pun intended) само ќе кажам - ако сте љубител на животни стории за неразделно другарство ала сценарија на Once upon a time in america/Deer hunter ова е полн погодок. Имаше сцени кај што буквално ја заџиткав книгата на земја и си викам дај бе не може волку да е сурово ова. Со право ужива толкава светска популарност.
5/5.

13. Three little pigs - Agatha Christie.
Ми требаше голема оддишка после трите прочитани книги па се префрлив пак на крими-мистерија. Доста замрсен случај поготово ако убиството е направено 16 години порано и сите матерјални докази наведуваат кон погрешно осуден лик. Тогаш кој од петорицата преостанати го има направено злоделото? Останува само на Поаро да го разрешни случајот и тоа не преку материјалните докази туку преку реконструкција на петте ликови, секој на свој начин прикривајќи по нешто. Замрсено во секој случај како што само Агата умее да направи.
4/5
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
7
Поени од реакции
18
На веќе прочитаните 30 книги, минатиот месец со скромна бројка од 3.
Мај:
  1. „Кобајаши Мару“, Анде Јанков, 5/5
  2. Of Darkness and Light (The Bound and the Broken #2), 5/5 (за чудо повеќе ми легна од првата книга) (фантазија е)
  3. After Death, Dean Kuntz, 3/5 ова ќе ми е најверојатно последна негова книга што ја читам, континуирано му давам шанса, но доста му беше, затоа што само му ја нучив шемата, иста приказна други ликови и експеримент.
Тоа е тоа, на крај од овој месец и за него, иако добро почнав со веќе три прочитани.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.524
Поени од реакции
22.172
Пред скоро 2 недели ја зедов Петер Пан класика некако ми фати око. Иако на прв поглед книга за деца или тинејџери приказната позната од филмот Hook секогаш ми била фасцинантна па решив да ја читам книгата. Една ден ја земав и во еден здив како би рекле ја прочитав. Морам да признам дека книгата не ме разочара напротив многу убава приказна со некоја длабочина и мислам дека ако се чита како возрасен се добива сосема друга перспектива во споредба ако ја читаш во тинејџерски години. Така да топла препорака.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Пред скоро 2 недели ја зедов Петер Пан класика некако ми фати око. Иако на прв поглед книга за деца или тинејџери приказната позната од филмот Hook секогаш ми била фасцинантна па решив да ја читам книгата. Една ден ја земав и во еден здив како би рекле ја прочитав. Морам да признам дека книгата не ме разочара напротив многу убава приказна со некоја длабочина и мислам дека ако се чита како возрасен се добива сосема друга перспектива во споредба ако ја читаш во тинејџерски години. Така да топла препорака.
На англиски ја читаше? Ја имам дома во оригинал и македонското лектирно издание од 80тите. Не знам која да ја почнам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom