Фарски Острови - Македонија (29-30)
Кизиќ (9 одбрани, 2 седмерци), Серафимов 9, Костески 6, Кондев 5, Џигероски 5, Симонски 3, Каковски 1, Карапалевски 1
По сите основи лош меч, особено второ полувреме. Тепавме благодарение на Кизиќ кој одбрани пенал осум секунди пред крај на мечот по кој Брестовац побара тајмаут, па со два бекови и два пикери успеавме да ја навлечеме одбраната нивна на лева страна при што се отвори простор голем за Костески, кој успеа да поентира во последна секунда и да дојдеме до победа.
Огромни црни дупки во текот на целиот меч, некаде на крајот на прво имавме четири гола водство и за неполни две минути си примивме четири гола, поштено! Премногу млако во одбрана одигравме, левиот бек и десното крило ни дадоа заедно околу 20 голови, како на тренинг да се. Среќа Кизиќ бранеше добро денеска па не ни се случи поголема катастрофа. Оваа репрезентација има проблем што нема деснак бек шутер според мене. Во ситуации кога одбраната на противникот е подвижна и дуел играта или играта 2 на 2 не ни функционираат, се останува на Серафимов да се дигне на шут и да проба да шутне преку блок и да поентира. Не знам зошто толку се плаши Брестовац да го форсира Ѓоргиев во такви ситуации, има и шут и висина детето иако рака на срце техниката не му е јака страна.
Не знам што да очекувам за утрешниот меч против Швајцарија. Ми се чини дека се најсилна репрезентација во групата, па после еден ваков истоштувачки меч ќе видиме колку сме спремни да одговориме на предизвикот.
Костески ли е, Чупиќ ли е