Значи оваа сезона одлично одработена на репрезентативен план. Три машки и две женски репрезентации ќе играат на првенства почнувајќи од следниот месец, па се до јануари (вкупно 5 и мислам ова е најмногу репрезентации наши на првенства во еден период). Освен женската кадетска, каде можеше и подобро да се изменаџира, ќе играат јуниорките нареден месец во Скопје (да се надеваме на 1/4-финале, кое пред две години за влакно ни избега во оној дуел со Исланд), па потоа се кадетите и јуниорите (тука искрено очекувам голем резултат - печени се тие момци да направат нешто големо). А кадетиве барем да успеат да изборат пласман на наредно кадетско СП би било топ. Потоа има женско европско и на крај светското мажи.
Оваа утакмица ме потсети на онаа со Чешка кога анулиравме -6, па отидовме на СП. А резултатот пак е ист како оној пат кога го елиминиравме Исланд, а и тоа беше светско во Хрватска.
Резултат некој не очекувам (дали главна рунда, дали президент куп, битно се на СП и ќе играат, а утакмици им требаат. Резултати поголеми ќе чекам на СП 2027 здравје кога и Шулевски/Калајџиевски ќе се префрлат во сениорски тим). Потајно се надевам дека америте ќе ни паднат во група, па да ги тепаме.
Баш тоа го зборев вчера, дека за воља на вистината за светско кое се игра у Хрватска исфрламе скандинавска репрезентација после поголем пресврт. А видиш дури и резултатот бил ист. Синојка беше се подредено да одиме натаму, иако судиите исто пак имаа некои замижувања кај Фараните, посебно на старт на утакмица во еден ист напад два пати направија чекори.
Од наша страна многу зрело одиграна утакмица освен тие 5-6 минути кога мислам дека се исплашија од самата победа нашиве и изгубија глава, тоа беше 2ро полувреме некаде кај 50та минута.
Голманите пак слаби, не знам што ќе се прави по ова прашање, искрено се надевам дека Томовски ќе фати Германија и дека ќе влезе во ритам таму, зашто вака прелошо, преслабо. На светско без голман не се иде. Што се случи со Талевски? Иако мислам дека бевме попродуктивни така, едноставно не е играч за големи утакмици посебно за репрезентација се кочи, ама ниакко не треба да се изостави, од клупа у ротација да влезе и распали 2-3 топки океј е, или да го одмори Фитиљ.
Фитиљ - Митев комбото доста солидно, Серафимов конечно покажа дел од потенцијалот, скок со задршка ала Кире. И тие неколку шута што ги спука покрај статива, се гледа работата со Кире на индивидуален план. И да не го изоставам Жарета Пешевског, зашто изедов трици минатата утакмица каде што си заслужи, ама затоа на оваа одигра и за претходната.
И на крај, конечно се направи атмосфера у Борис, после еден куп театарски претстави. До некаде 10-13 мин имавме налик на театар дури и фараните се слушнаа, како да чекаше народот да види што ќе се случи, дали имаме шанси да изиграме па да видат дали да дадат поддршка или не. Ама некако отидовме на 3 разлика и букна Борис, од тука натаму више немаше застанување. Гласот уште ми е зарипнат, ама ако.
И не знам зошто ние сме 3 шешир а Италија 2 по која основа е тоа ама се надевам само дека ќе играме во Вараждин или Загреб наједноставно идење е тоа, другиве се малце мрцварење по Јадранска магистрала ама не дека ќе смета, само да не сме у факинг Норвешка кај што едвај има 1 лет до Осло, и тој ќе е изгор.