Premier League - 2023/2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 23/24 ќе биде?

  • Вкупно гласачи
    232
Овој Гарначо појма нема, го засени и Антони денеска.:pos:
Автоматски споено мислење:

Да бев Гарначо сам ќе побарав измена, дно проби на утакмицава.:facepalm:
 
Последно уредено:
Мнооогу слабо и од двата тима. Јунајтед една шанса не направи, Арсенал голот жими жими.

Гарначо лајкува постови на твитер кои го критикуваат тренерот дека го вади од игра, а не знае една акција да финишира како што треба. А преку 30 меча по ред е стартер и троши еден милион топки на утакмица. Ако го удри и него во главата, џабе му е талентот, иако мора да се каже дека не ни имавме посалам крило сезонава.
 
Честито на Манчестер Сити за освоената 4та титула по ред.
 
Толку од битката за Европски фудбал.
Со среќа нека им е на Јунајтед во Премиер лигата следна сезона, и нека неавиваат за англиските претставници во Еворпа следната сезона за да добие лигата уште еден претстсавник повеќе :)

За Сити... не би зборел пред рака, ајде одиме чекор по чекор.
Секоја чест за Арсенал и ова што го играат овие пар сезони, за почиот е што ова ќе се решава до последно коло
 
Чееекај бе види го, се запна пред време да ни пише пораз во финалето од купот овие 10тина дена. :D
 
Се разбира вие знаете најубаво. :D
 
До некаде, не го кривам. Од 500 професионални утакмици, само 4 има изиграно на CB, сите во Јунајтед, со партнер како Еванс. Има катастрофални одлуки последниве 3 меча.

Мнооогу слабо и од двата тима. Јунајтед една шанса не направи, Арсенал голот жими жими.

Гарначо лајкува постови на твитер кои го критикуваат тренерот дека го вади од игра, а не знае една акција да финишира како што треба. А преку 30 меча по ред е стартер и троши еден милион топки на утакмица. Ако го удри и него во главата, џабе му е талентот, иако мора да се каже дека не ни имавме посалам крило сезонава.

Гарначо е преигран, баш како што си пишал, душа нема веќе во него. 35 уткамици има како стартер, последователно. Пробај сети се кога последен пат бек му има направено вишок од таа страна?

За утакмицава денес, Арсенал си ја казни грешката на Јунајтед, ама немаше ништо од нивниот фудбал што ги красеше сезонава.
 
Чееекај бе види го, се запна пред време да ни пише пораз во финалето од купот овие 10тина дена. :D
Дап, у право си, пред рука зборам, тотално заборавив на тоа. Извини, некако у глава цело време ми беше "топ 7 одат", ама заборавив дека топ 6 одат + победникот во купот, така да...
Интересна ќе биде онда битката за 6 место кое гарантира Еврофудбал без разлика на ФА Куп победникот.
Автоматски споено мислење:

Ама секако за Манчестер-Њукасл за пар дена се знае... forza nereseno! :ojeaa:
 
Толку од битката за Европски фудбал.
Со среќа нека им е на Јунајтед во Премиер лигата следна сезона, и нека неавиваат за англиските претставници во Еворпа следната сезона за да добие лигата уште еден претстсавник повеќе :)

За Сити... не би зборел пред рака, ајде одиме чекор по чекор.
Секоја чест за Арсенал и ова што го играат овие пар сезони, за почиот е што ова ќе се решава до последно коло
Како они шо навиваа за нашите во септември и октомври? Не фала, место тоа ќе се молиме да испаднат :LOL:

И не надевајте се многу на Арсенал, Сити го имаат појакиот тим и затоа ќе ја освојат лигата и тоа е тоа. Ваков перформанс и резултат против најлошиот тим на Јунајтед се засрамувачки за тим шо се бори за титула, требаше 3 голови да дадат.
 
До некаде, не го кривам. Од 500 професионални утакмици, само 4 има изиграно на CB, сите во Јунајтед, со партнер како Еванс. Има катастрофални одлуки последниве 3 меча.

Гарначо е преигран, баш како што си пишал, душа нема веќе во него. 35 уткамици има како стартер, последователно. Пробај сети се кога последен пат бек му има направено вишок од таа страна?

За утакмицава денес, Арсенал си ја казни грешката на Јунајтед, ама немаше ништо од нивниот фудбал што ги красеше сезонава.

Мислам дека и Онана е виновен за голот, не се разбраа со Касемиро, остана назад за да прими топка од Онана, ама голманов се реши за долга топка пред центарот кон никој и им отвори полуконтра на Арсенал.

Оваа утакмица беше најлошата на Арсенал во новава година, Парти со мозочен удар играше, скоро сите беа под ниво освен Салиба.
 
Слаби Арсенал денес, ако играат вака во следни, џабе им е и Тотенхем да им земе бод на Сити.
Криво ми е за Јунајтед, стварно квалитетна екипа ама барем Хојлунд ќе си земе златна копачка сезонава, убедливо најдобар, расен стрелец, како го пазарија овие Јунајтед пред сите, секоја им чест.
 
Малце непопуларно мислење
Ентони не е толку лош играч како што се претставува по нет.
Далеку е од светска класа но има доста квалитет и во некој друг тим мислам дека би можел да биде добар првотимец.

И после натпреваров, сакам само да се повторам за нешто што ги иам пишано и во Фан Клуб на Јунајтед
Онана е многу потценет од страна на навивачите на Јунајтед.
Не е Онана крив што во најголемиот дел од утакмиците цело време го фрлаат во оган. Си покажа и во Ајакс и во Интер (зборам за ЛШ знам дека не ги цените калчо и низоземска) како знае да биде класа голман кога има организација пред него. Денес само имаше 2-3 одлични реакции. Баталете грешки и слично, секој голман греши, секој играч греши, Онана во поголемиот дел од утакмиците беше сосем солиден голман.

И да, Салиба е убедливо најелегантниот халф во ПЛ сезонава. Во каков играч прерасна дечкото е чудо, од позиционирање, дуели, реакции, игра без топка до дриблинг, пас, смиреност со топка у нога, визија.
Капа доле. Изгледа позајмицата (по која што плукаа дел од фановите на Арсенал) заврши добра работа во градење како играч.

Се надевам дека Арсенал без разлика на резултатот сезонава ќе фрлат добри пари летово за да купат барем 1-2 квалитетни играчи, повеќе од потребно им е тоа со оглед на тоа дека Сити веќе 10 години секоја сезона си засилува тим навремено. Мора да се има и длабочина на составот за борба на два фронта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom