- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 21.621
- Поени од реакции
- 37.582
Филипче ќе бара приватна фирма за Брзата помош, експертите со резерва - НОВА ТВ
Огласот во Бирото за јавни набавки за изработка на физибилити студија е објавен пред неколку дена, а прибирањето на понуди е до 14 ноември
novatv.mk
...имаше обиди за приватизација на Брза Помош уште во 2018 година, но малку ги измешаа брзините оти неспремни ќе решат нешто и ајде да се спроведе, за таква работа треба прво сопственоста да се реши, а не како кому ќе му текне за профит, слично со обидот за централизација на реагенсите и тестовите за лабораторија за да би се приватизирало полесно.
... Брза помош со уште една нејзина услуга како Домашна посета во Здравствен дом во Скопје е под ингиренции на Владата, за разлика од Брзата помош во сите други градови кои се во склоп на Здравствен дом кој е под локално, па потоа по централно управување од Министерство за здравство.
...ако една Брза помош не функционира како треба, не треба да се смени сопственоста односно да се приватизира туку да се сменат тие кои ја „менаџираат“, а во Скопје нели власта да се преслуша!
...за вработените како среден кадар во здравството општо, до пред една година било кој со завршено средно образование, дали стручно од друга област или гимназија, односно било кое средно но не од областа на медицината, можеше да се запише вонредно во средно медицинско училиште било кој отсек (физиотерапевт, лаборант, медицинска сестра, стоматолошки асистент техничар итн) и да ги „полага“ дадените стручни предмети од областа на медицината и за најмногу 12 месеци ќе си добие ново звање во медицината, а да има завршено редовно средно економско училиште, па таа особа може да работи после како здравствен работник.
...сега тоа го укинаа нема префрлување и вонредно „учење“ во медицинско средно образование, арно ама сега најдоа „нова дупка“ веднаш одат на факултет за медицинска сестра 2 години и пак тој со економско средно образование со тие две,три години демек факултет за медицинска сестра (инфермерија) ќе работи во здравствена установа, па дури може да биде и главна сестра оти ќе се води како дипломирана медицинска сестра (дипломиран физиотерапевт, дипломиран лаборант...итн), тоа се вика хаос во образованието што вака на терен пациентот трпи, па фризерка ќе работи во Брза помош!