Контра оваа теза има Латас кој предвидува дека на овие избори Левица го достигна пикот и дека на наредните повторно ќе паднела на 2 за понатаму да ја има доживее истата судбина на НСДП на Тито Петковски:
Поздрави и честитки до лавчињата од дпмне што мјаукаат пред орлињата од дуи. Мјауууу
www.facebook.com
Ќе раснат, но нема да го заземат просторот на СДС, туку ќе придобиваат гласачи од националниот, суверенистички блок.
Единствено да се појави некоја озбилна национална партија што ќе им биде конкуренција. Но, овие имаат голема предност што се во парламент и веќе профилирани како алтернатива. Иако 80% од нивните гласачи не ги гласаат поради нивните идеолошки паламудења, не ги ни интересираат, а голем дел ниту разбираат, гласаат затоа што во нив препознаваат цврста, национална опција (па и антисистемска, против елитите и сл).
Тој простор што го држеше СДС и понатаму ќе го заземат мејнстрим партии. Колку ќе пропадне СДС, уште е рано да се каже, но не очекувам дека ќе имаат монопол на тие гласачи како до сега. Веројатно тој процес на прегрупирање во тој леволиберален, граѓански дел, ќе започне со локалните избори, можеби не со нови партии, но разни независни зелени движења и листи, кои веќе поминаа солидно и на претходните локални.
Максо можеби нешто ќе зафати, но само доколку остане опозиција. Во спротивно ќе задржи нешто од овие и ќе живурка како помал партнер, повеќе на клиентелизам, иако ќе се обиде тоа да го продава како гарант да не забега власта и сл., чекајќи дали ќе го погоди вистинскиот момент да излезе од власта и така повторно да профитира, пред целосно да се заврши прегрупирањето во леволибералниот блок.
Прашање е дали разврската ќе биде како во Словенија или Хрватска. Во Словенија со децении се случуваат големи промени во тој политички пол, во Хрватска не толку драстични, СДП не исчезна, но веќе не е единствената стожерна партија, иако уште најсилна, доста лимитирана и со тенденција падот да продолжи, има голема конкуренција во Можемо. Во наши околности, ова би било како граѓанското крило на шарена револуција, зелените невладини, кучкарските организации и Медуза да формираат партија. Има простор нешто налик на Хрватска да се случи и кај нас.