Абе све океј тоа дека имаат повреди, ама кој ги купува играчите такви стаклени? Еве кажи ми еден играч од Ипсвич (да Ипсвич) што ќе падне фитнес тест пред утакмица како Еванс, макар тој бил и четврт избор на штопер?
Не дека до лани се боревте за титула, па сега повредите ви сметаат. Ако не бевте 8-ми, ќе бевте максимум 4-ти, што и не е некој успех за тим како Јунајтед.
Дно допревте во ЛШ, со глупи голови и киксови од играчи, кои сами ги биравте.
Целата средина е токсична, од играчи до управа. Винициус да дојде, ќе биде како со две леви во тој тим. Не е дека Касемиро игра бек, па губите 4-0. Немањето волја на играчите си го прави своето. Ковентри (еј Ковентри, еден играч не можеш да склопиш од цела 11-ка) ви се враќа од 0-3 и губи на пенали јебига.
Повредите да, ако игравте за титула или нешто. Ама оваа мизерна игра на Јунајтед се влече веќе 4-5 сезони. Дури и кога победувате убедливо, тоа е максимум една утакмица, после пак по старо.
За играчи не знам што ќе правите, не знам кој би сакал да игра во таква токсична средина. Астон Вила и Њукасл за многу играчи се моментално подобар избор од Јунајтед, прифаќале вие или не.