- Член од
- 17 декември 2019
- Мислења
- 2.206
- Поени од реакции
- 3.805
Mislam deka Orlando ke iznenadi..
Ако не ги даваат сите од 2 рунда нека не остаат да се нервираме со стримови боље.Ќе ја даваат кретените на Арена 1,ама ја немале ставено на листа на програма дека ќе ја даваат тек сега објавија на фб.
Само да се најде некоја будала нека го земаат моментално и него и тој што му даде 200 милиони.Гарланд дечково е изгубен во свемирот,прво што треба да направат после ПO е да го трејдуваат.
Им се вратија некако од -18,и прошлата можеа да добијат 4-2,Гарланд ја заеба сега пак полош плеј немам видено,неможе двочекор да погогоди ,преку 7 изгубени топки,дечкото е само за во Кина да игра.Пак почнаа слабо шутерски, и еве сега фаќаат приклучок, се надевам нема пак да заебат во четвртата како прошлата утакмица.
И судииве нека си пак блистаат, како тргнало последната четвртина ќе се игра 3на3.
Само да се најде некоја будала нека го земаат моментално и него и тој што му даде 200 милиони.
Хмммм ај добро,реално ако се врати Ален може некоја партија да земат Кавси ама не би ги отпишал во никој случај,Бостон се без Порцингис.Многу сум разочаран од кловнот Гатланд ништо не игра во плеј оф јас незнам што му даваат толкава минутажа ,Окоро подобро да игра барем нема да губи топки како него.Boston-Klivlend nemora ni da se igra realno..
Тејтум за овој ќе биди мала маца пошто ако се сретнат некогаш Антман ќе го уништи психички.22 години , а 4та сезона му е. Братот допрва ќе поместува граници , многу потсеќа на МЈ со тоа fadeawayот. Сега дали намерно го имитира или едноставно таков му е стилот, не е битно. Американците имаат во кој да се крстат, кој го тркала Тејтум
Гарланд лапна париња па легна на брашното. Ликот не е за потценување али имаше сезона со повреди, ко и Мичел, па убаво е што во плејоф се тука и здрави. Бостон ако спие на тоа уво дека се најофанзивен тим годинава т.е. тим со најповеќе победи дома и воопшто тогаш, според мене, подобро да не излегуваат на терен.Мичел ли е, Леброн 2018 ли е? Страшна енергија има, последниве две утакмици искина и за среќа вечерва останатите играчи покажаа знаци на живот за разлика од минатата утакмица, но против Селтикси ќе мораат многу подобро, поготово Гарланд, ќе треба да се освести дека игра плејоф а не предсезона.
Но, најважното е дека поминавме во следната рунда и се почнува одново. Нека се спреми Бостон, тие се следните жртви на пајакот.