Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Да, чист фаул беше голот. Ама компензираше за пеналот што не го досуди во прво полувреме.
Вака или онака, со тешки маки се докопавме до баражот.
Седум бода разлика од 4 до 10 место, со малку повеќе среќа може и ќе се спасевме директно. Ако ги тепаме последниве две, лесно може да се случи да останеме без директен опстанок само ради полош меѓусебен со Брера. Да извадевме таму нерешено, се' ќе беше поинаку.

Како и да е, сите сили сега треба да се насочат кон баражот.
 
Што знам ја по тоа што го гледав на повторена од телефон немаше фаул, можда грeшам, али како и да е, тешко издвоена победа..
 
Ja од тоа што видов Ѓуриќ скокна класично штоперски од место чист скок без да користи раце над голман, а нивниот голман воопшто немаше убедлив скок кон топката за да биде попречен. По мене не беше пенал.
 
Преостануваат уште два меча без резултатско значење ,да им дадеме максимална подршка на играчите пред баражот и во Кратово и во Скопје против Тиквеш.
Баражот ќе се игра на 26 мај уште да видиме кој град ќе биде домаќин.
 
Да бидеме реални пред почетокот на првенството да ни понудеше некој бараж сите тука со две раце ке прифатевме :)

Ако не се појачавме зимоска со сигурност ке испадневме од лига , србинов Ѓуриќ супер се погоди како засилување , погоди и денес и претходно со Струга со глава за две победи на Вардар :)
Квалитетот на Вецевски се виде колкав е кога потпиша за Еуромилк во трета лига па видете колку слаб бил Вардар со него ..

Во баражот огромен фаворит е Вардар , далеку подобар тим имаме од Детонит и мора уште во прво полувреме да ја решиме утакмицата , во баражите кај нас се игра само 90 мин и одма се изведува пенали така да уште од сам старт јуриш и без потценување на противник бидејки сепак се играат само 90 минути ..

Од нас секако ке имаат поддршка каде и да играат така да играчите ке се чуствуваат како дома ..
 
Преостануваат уште два меча без резултатско значење ,да им дадеме максимална подршка на играчите пред баражот и во Кратово и во Скопје против Тиквеш.
Баражот ќе се игра на 26 мај уште да видиме кој град ќе биде домаќин.
Не би рекол дека се без резултатско значење, иако тешко Брера да киксне последно коло со Ѓорче, сепак шанса теоретска се уште постои за да се избегне баражот…
 
Не би рекол дека се без резултатско значење, иако тешко Брера да киксне последно коло со Ѓорче, сепак шанса теоретска се уште постои за да се избегне баражот…
Има теоретска шанса ама релно тешко,ние треба две победи со Силекс и Тиквеш ,Брера треба два кикса со слога и Македонија.
 
Не би рекол дека се без резултатско значење, иако тешко Брера да киксне последно коло со Ѓорче, сепак шанса теоретска се уште постои за да се избегне баражот…
Ако имаат три екипи ист број бодови што одлучува? Во рамките на научна фантастика е ама еве да речеме Вардар да ги добие двете,Брера едната со Ѓорче и Работнички да ги изгуби двете ќе имаат сите исто бодови
 
Мислам дека гол разлика се глеа мада не сум сигурен
 
Прво се гледа меѓусебен, па после гол разлика…Барем така беше до сега, веројатно уште е…
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom