Воени авиони

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.463
@callejón de la muerte

Купија половни авиони но тоа е само почеток, ќе видиме низ годиниве колку и како ќе ги употребуваат. Наводно и четниците сакале да се подноват со половни Рафали :)
Автоматски споено мислење:

усташи 12 : четници 12 :)
Веројатно србијанските ќе бидат понови, имајќи предвид цената, ако не и скроз нови.
 
Последно уредено:

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.089
Поени од реакции
9.382
Купија половни авиони но тоа е само почеток, ќе видиме низ годиниве колку и како ќе ги употребуваат. Наводно и четниците сакале да се подноват со половни Рафали :)
Автоматски споено мислење:

усташи 12 : четници 12 :)
Веројатно србијанските ќе бидат понови, имајќи предвид цената, ако не и скроз нови.
Да но кој знае колку години мора да чекаат за да се произведат, да се обучат пилотите и да се испорачаат. Плус може да ги дупат заради 100 причини.

Види Бугарите, нарачани и платени Ф-16 ките па им одложиа 2 години испорака (за сега) а тоа е Америка.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.978
Поени од реакции
6.463
Јапан развива повеќенаменски ловец од шеста генерација Мицубиши Годзила. Засега нема ниту еден авион од шеста генерација во употреба но тоа ќе се смени околу 2030 за кога е планирао полетувањето на годзилата.

Гоџираааааа :icon_lol:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019

Европјаните, а и Јапонија можеби изиграа паметно што ја скокнаа 5-тата генерација и одат директно на шеста, со тоа не трошејќи огромни ресурси, а сепак одржувајќи добра одбрана со постојано надоградување на авионите што ги имаа од 4-та генерација.

Меѓутоа, Американците, како најискусни и најнапредни во ова поле, повеќе од 15 години имаат во развој мотор и технологија за следната генерација, според што мислам дека првиот авион од тој тип ќе биди во нивни раце.

Голема е веројатноста тој авион да е драстично поголем од се досега.
 
Токму така. Јапан на пример ќе го премости времето со морнарички Ф-35 од 5Г плус Ф-2 ид 4,5Г се додека не ја направат годзилата со што ќе имаат авион за наредни 50 години.
Тука се и европјаните со некаков проект, Франција исто па чак и Немачка нешто метка околу тоа.

На другата страна се Ј.Кореја и Кина кои развиваат 5Г ловци. Секако тоа дека Турција развива ловец треба да се земе со резерва, барем во ТТК на тоа идно летало кое изгледа како анемична верзија на Ф-35 со послаби мотори, авионика и радар крос секшн. Турци будали :icon_lol:

Излгеда со 6Г конечно ќе се се укине борба авион-авион при било каков визуелен контакт, сето тоа ќе бидат лансирања од 50-100 км. Зависно од онборд радари .
Имаше анегдоти од Иран-Ирак војната кога ирачани бидувале погодувани со ракети од Томкет бијонд визуал рејнџ и одбивале да летаат операции при такви околности, ниту го гледаат нит слушаат противникот и опа се наоѓаат на земја.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.637
Поени од реакции
42.177
4та генерација е најдобра од сите. Затоа тие авиони ќе продолжат да бидат користени во наредните декади. Све што е после тоа е многу поскапо и практично неодржливо да се произведува у големи бројки. Дури и кога ќе има 6та, 7ма, бројките ќе се драстично помали пошто тие авиони се нереално скапи.
 
Па да, 4Г се веќе 50 години на сцена, тоа е технологија од крај на 60-ти и почеток на 70-ти, легаси фајтерс како што ги викаат. Ако се изземат неколкуте супер сили, 4Г ќе се употребуваат уште неколку децении и ќе најдат борбена употреба во периферни судари по светот. Освен тоа останува да се види како тие 5Г авиони ќе се покажат во реални борбени услови. Разликите меѓу 4,5 и 5Г е само стелтот и евентуалиот супер круз кој го имаат рафалите не пример.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.019
Токму така. Јапан на пример ќе го премости времето со морнарички Ф-35 од 5Г плус Ф-2 ид 4,5Г се додека не ја направат годзилата со што ќе имаат авион за наредни 50 години.
Тука се и европјаните со некаков проект, Франција исто па чак и Немачка нешто метка околу тоа.

На другата страна се Ј.Кореја и Кина кои развиваат 5Г ловци. Секако тоа дека Турција развива ловец треба да се земе со резерва, барем во ТТК на тоа идно летало кое изгледа како анемична верзија на Ф-35 со послаби мотори, авионика и радар крос секшн. Турци будали :icon_lol:

Излгеда со 6Г конечно ќе се се укине борба авион-авион при било каков визуелен контакт, сето тоа ќе бидат лансирања од 50-100 км. Зависно од онборд радари .
Имаше анегдоти од Иран-Ирак војната кога ирачани бидувале погодувани со ракети од Томкет бијонд визуал рејнџ и одбивале да летаат операции при такви околности, ниту го гледаат нит слушаат противникот и опа се наоѓаат на земја.
Прво ќе треба да видиме како ќе помини партнерството со Британија и Италија. Трите земји имаат и тоа како искуство на тоа поле, но ваквите проекти знаат да бидат скапи, а мора да имаат финансиска поддршка со години - децении. И тука е влијанието на САД, како и технолошката надмоќ - сепак се понапред скоро во секое поле. Доколку претстават добар и релативно достапен авион, во комбинација со нивното влијание - трите земји може да се предомислат.

Турција нема способност да изгради авион од 4та генерација, камоли од 5та.
Иако воено ги имаат драстично подобрено своите капацитети за развој и производство на секакви оружја во споредба пред само 20 години, сепак се далеку за развој на така напреден авион. Ќе направат нешто, но којзнае што ќе биде тоа.
Вистински авиони од 5та генерација се само Американските Ф-22, Ф-35 и Рускиот Су-57. Посојат сомнежи во која категорија припаѓа Кинескиот Ј-20. Така да, само 2 или 3 земји се способни за така напредни проекти, Турција е далеку од било каков авион.

BVR е веќе нешто што е карактеристика на 5тата генерација, така да со 6тата веќе би било и повеќе од сигурно.
Интересното е што изгледа тие авиони ќе бидат драстично поголеми од денешните ловци, како би имале моќни радари и еден куп сензори, како и би носеле голем број на ракети. Концептот на Американците за следната генерација е, покрај главниот авион да летаат и неколку беспилотни авиони кои би служеле за директно вклучување во борба. Со овој концепт, Аваксите може да станат минато.
 
брат, излези од Стар Ворс филмот. Нема беспилотни авиони да има како прво. Све што е беспилотно можеш со џамер да го пресечеш и без да влезеш у борба. Беспилотни може да си праат тамо над пустината Аризона дрон конверзии од Ф-4 Фантом да обораат и глумат асови.

Иначе огромни авиони има веќе, Миг-31, и тие се пресретнувачи а не ловци. Голем авион не е маневрабилен и не може да се нарече ловец. Русите работат на Миг-41 кој ќе биде стелт пресретнувач.
 
Чудно е што америте планираат повлекување на Ф-22 од 2030-35, можеби кост-бенефит сметката е преголема а се наоѓа во само 7-8 ескадрили, бројот на авиони бил неколку пати кратен за да на крај останат овие 200 летала.

Јас не им верувам особено на кинези, односно министерството за пропаганда на комунистичката партија. Но и онака нема начин да се дознае што може тој Ј-20 а што се прикаски.
Су-57 сеуште не е во оперативна употреба, сеуште ја опремуваат првата ескадрила и не се знае кога и дали ќе започне масовно производство. Покривање на толкава територија и замена на Су-27/35 и МиГ-29/31 може да потрае барем 12-15 години.

Рафал, Тајфун, Грипен, Су-35, Ф-2, Ф/А-15 и Ф/А-18 се едини авиони од 4,5 генерација, прилично квалитетни платформи кои иако немаат стелт сепак се врвни машини. Германија ми е нејасна тука, од една страна вложија маса пари во Тајфун од друга ќе купувале Ф-35 а тука е и проектот за 6Г со остали ЕУ земји.

Тоа околу пресретнувачите. Ударната авијација нема еквивалент на 5Г бидејќи практично е невозможно сето вооружување да влезе во бомб-беј, така да им преостанува летање под чадор од пресретачи од 5Г.
Су-34 е најмодерен тука иако Су-25 и Су-24 сеуште се наоѓаат во вооружување на 30-тина земји вклучително и Русија.
Франција нема замена за Јагуар и Ф-1, Британија, Германија, Италија и Шпанија за Торнадо, САД се во лав-хејт однос према А-10. Доколку за ударна авијација се генерираат стелт технологии тоа ќе значи дека за одредена мисија ќе треба неколку пати повеќе авиони имајќи предвид колкав е внатрешниот капацитет за оружје, претежно наведувани ракети а можеби и понекоја паметна бомба, пример Ф-35 при напад на земјени цели и не е нешто особено со пар маверикс или 2-4 бомби од 228 кг.

Последно време на сцена стапија еден куп COIN авиони, обично адаптации од веќе постоечки платформи назначени за борба против асиметричен противник на земја.
Уште ми е како сон композитниот асиметричен Рутан Арес да опреми барем една македонска ескадрила за ситуации како 2001 ама тоа се само сништа.

Дали и кога дроновите би ги замениле класичните авиони е прашање на кое ќе добиеме одговор во наредната деценија, рекорден број земји развиваат или веќе произведуваат дронови, дури и јадови како Србија и Хрватска :icon_lol:.

Стратешките бомбардери полека одат во историјата, нема скоро ниту еден нов проект, сеуште летаат мастодонти како Б-52 па и Б-1, Ту-22 и Ту-26, симпатично застарениот Ту-95 и малубројниот Ту-160. Новиот Б-21 е само Б-2 на стероиди и драматично малиот број на такви авиони наметнува прашање од каква корист се тие. Од 21 сериски Б-2 останале уште 18. Колку и да се технолошки напредни и стелт што може една ескадрила да направи? Можеби за прецизни удари на самиот старт на војната а за потоа кој би знаел. Франција имаа еден Мираж-4 до кај почеток на 21.век и Британија со Виктор но сето тоа отиде во музеи без да имаат наследник.

Аваксите се преголем влог за да бидат заменети во скоро време а се покажаа одлично во многу конфликти. Секако прастарата платформа на Боинг 707 кои служат веќе 60+ години ќе треба да биде заменета.

Сите стелт ловци се пресретнувачи како примарна цел. Носењето оружје за делување по земски цели го компромитира стелтот до даска затоа САД пример развија Страјк Игл и Супер Хорнет за ударни улоги.
 
Па не знам, реално Ф-22ката, по авион (air-frame) веќе го достигнува полека животниот век, тоа е некаде накај 40тина години, првите произведени се во доцните 90ти.

Од друга страна самиот концепт им е еволвиран, сепак Ф-22ката е развиен со искуствата и мислењата од 80тите, како надополнување, т.е. директна еволуција на 4тата генерација.

Ф-35ката е комплетно различен концепт, чија примарна цел е комуникација со останатите авиони/машини во борбеното поле кој се потпира на опсежно користење на сензори.
Разликата меѓу двата авиони е огромна. Едниот е супер-маневирбилен, брз, со страшни карактеристики, другиот повеќе изгледа како авион од 2-ра генерација во поглед на да ги речам физичките карактеристики. :D

Ако гледаме од таа точка, бидејќи имаат страшно добра комуникација, заштитена од различни електронски и jamming војувања кои патем и онака се тешки да се остварат во поглед на авијацијата, тогаш 6тата генерација, овој NGAD што го планираат, е сосем реално да се очекува да имаат еден авион со пилот и неколку дронови што ќе извршуваат напади под команда на овој со пилот.

За Кинезите ќе се согласиме, без многу искуство во развивање на авиони го извадоа Ј-20 за 3 години и му ја залепија налепницата 5та генерација, а дури и самата форма на авионот кажува спротивно. Да не се разбереме погрешно, веројатно сосем добро се вклопува Ј-20ката во Кинеската стратегија каква и да е таа, но мислам дека е далеку од нешто што може да се рече 5та генерација.

Су-57ката ги има сите карактеристики на авион од 5та генерација, но изгледа ќе им треба многу време на Русите да го произведат во доволен број за да направи разлика. Мислам дека повеќе им беше замислен за извоз. Русите имаат доволно добри авиони и во согласност со нивната доктрина не им треба некое напредно авиониште.

Патем, ме радува што повеќе земји заедно работат на различни проекти. После Ф-35ката почна да изгледа како Американците да прават комплетна доминација, но добро е, повеќе проекти подобро. Јапонија со Британците, Французите со Германците, Русите посебно, мислам дека и Индија има некој засебен проект итн.

За бомбардерите не сум баш сигурен, сепак има проекти кај Русите (PAK DA) за нов бомбардер, кај Кинезите H-20 и кај Американците Б-21 кој е при крај со развојот. Им требаат авиони кои можат да останат долго во воздух и да пенетрираат длабоко во непријателскиот воздушен простор да достават нуклеарни оружја.
Барем Американците се потпираат премногу на авијација кога се работи за нуклеарни напади. Но да, класичните бомбардери веројатно полека ќе ја напуштаат сцената во конвенционален конфликт.

За аваксите... веќе концептот е секој можен авион (дрон) да носи еден куп сензори и релативно добри радари, каде во комбинација со стелт карактеристиките и комуникацијата ќе овозможуваат реално следење на настаните во борбеното поле, плус соодветно EW. Сега не би ги снемало уште веднаш, но како бомбардерите, можно е да им се наближува крајот.
 
Интересно но некои земји скроз се откажааа од бомбардерите како начин за достава на нуклеарна муниција, Британија пример се ограничи исклучиво на подморниците со ИЦБМ. Франција ги задржа Рафалите и М-2000 со нуклеарни бомби.
Интересен е и развојот на палубната авијација. Ф-35 како своевремено Хариер создаде можност за разни земји да дојдат до можност за флат-топ, нешто кое беше невозможно преку катапултните носачи.
Но и класичните авиони се во употреба, Кина на новиот носач со наводно електромагнетен катапулт ќе лансира Су-27 (кинески варијанти де) во пресретачка улога а веројатно на истите авиони ќе им падне и ударната улога бидејќи кинезите немаат соодветно летало од таков тип како што е на пример Ф/А-18.
Немањето AEW/IFR авион уште повеќе го става во прашање квалитетот на кинеските проекти.
Некој би рекол дека јапанските два носачи двојно помали од кинеските се многу пологична опција со својата ескадрила Ф-35 на и под палуба.
Италија исто така има три носачи кои ќе носат Ф-35 но и итало-британскиот Краунснест, хеликоптер со огромен радар на него (AEW) нешто кое го немаат кинезите, иако постои советски проект од Камов кој бил и сеуште е на совјетски/руски носачи како каков-таков вид за рано откривање, секако со сите недостатоци кои еден таков хеликоптер ги има во споредба со еквивалентен авион за таа намена. Не е тешко да се претпостави дека кинезите ќе купат и реновираат неколку такви летала од Русија.

Никогаш досега немало ваква манија за носачи, од Шпанија до Тајланд и од Турција до Ј.Кореја сите сакаат присуство на носачи во своите флоти, што од практични што од политички причини.:)

Малите носачи како аустралска Канбера би можеле да бидат првите носачи на дронови во историјата
 
Ф-35ката испадна еден од најприменливите авиони што ги произведиле Американците. Иако доста критикуван особено во текот на развојот, најмногу заради цената, испаѓа еден од поефтините авиони што може да се купат денеска. Некои договори за 4.5 генерација чинат повеќе отколку купувањето на Ф-35ката. А Американците ги произведуваат по 150+ годишно, веројатно повеќе отколку целото останато производство на авиони во цел свет. За кратко време ги опремија повеќето од своите сојузници.

А нуди еден куп можности. Кратко полетување ќе значи земјите што имаат носачи на хеликоптери да ги претворат во носачи на авиони, што е многукратно зголемување на способностите на една армија. Опременоста со разни сензори и networking ќе ги направи дури и малите земји (пример како Грција) моќни во применувањето на сила.
Интересното е што Европа ги доби првите Ф-35ки, а не сојузниците на далечниот Исток, како што би било очекувано во порастот на новата сила - Кина. Тоа мислам дека зборува доволно дека Кина сеуште не е технолошки доволно напредна за да фокусираат Американците поголем трансфер на технологија кај сојузниците таму.
Не е дека Американците не се свесни за опасноста, туку таа ја надополнуваат со авиони од 4та и 4.5 генерација, мислам дека пред некоја година одобрија продажба на напредни Ф-15ки на Тајван.

Би било интересно да се видат тие Азиските земји како Тајланд, Виетнам, Индонезија, можеби Сингапур со свои носачи и Ф-35ки на истите. Не би им требало на Американците пивотирање на армијата кон Кина. :D
 
Шокиран бев кога прочитав дека еден час налет на Ф-35 e поефин од Рафал и Ф-15 Страјк Игл. Осмомоторни чудовишта како Б-52 се 3 пати поскапи на час летање
 
Kajgana Shop

На врв Bottom