Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.822
Поени од реакции
23.031
Сезоната е комплетирана. Последниве неколку утакмици се без никакво значење после киксот со Каљари па нема ни што да се брка од рекорди.
Останува да се фокусираме комплетно на Марсеј и нивниот настап во ЛЕ. Од големо значење е да се шампиони таму со оглед на тоа како стојат работите на табелата во француска лига.
 
Член од
25 јуни 2017
Мислења
57
Поени од реакции
149
Со еден на саат движат. На пола пат се до Дуомото, не би ме чудело без гориво да останат :D.

Многу рано некако ја направија прославата, очекував последната со Лацио вака да биде, но небитно :D.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.040
Поени од реакции
1.164
Честитки до играчите, тренерот, раководството...

Многу уштешна сезона, би дал оцена 9/10. Има уште некое коло, ама исто како да е завршена.

За жал не сме финансиски моќни па овој тим со не така големи вложувања, и да биде во топ 3 во Европа, иако и сега сме блиску.

Може е рано за анализи но факт е дека на овој тим му недостига еден врвен напаѓач за ротација со Лаутаро и Турам. Тереми и Арнаутивич не ги сметам за такви.
Мал пад на формата на Лаутаро и Турам или некоја повреда и веднаш се одрази. Последниов период, можеби од реваншот со Атлетико нападот не е на истото ниво од предходно.

Зиелински е ок играч ама јас би сакал некој како Ковачич. Моментално има ниска цена, играч со искуство кој може да ја крене средината на повисоко ниво.

Моја желба е враќање на Хакими. Имаше изјава дека би сакал да се врати, а со продажба на Думфриз може постојат некои шанси.

Одбраната е супер, не би менувал ништо. Басто - Ачерби - Павард а имаме и добри алтернативи.
Супер е да се донесе играч како Скалвини на пример. Ама според мене имаме поприоритетни позиции.

Сигурно Марота и Аусилио веќе работат на трансфер пазарот и во рамки на можностите ќе извадат максимум.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Приоритет треба да биде нов централен дефанзивец, дали Хермосо за 0 или купување на друг не знам, ама нов играч на таа позиција треба.
Да се бара изводлива опција за у напад покрај Тареми и да се откачат Арнаутовиќ и Санчез. Гудјонсен, Зиркзе сеедно кој ќе дојде.
Џанго ако си иде ќе треба и нов десен бек.

Некој Бенто голман од бразилско првенство бараме, може да дое летово да ротира со Зомер или па другото поима немам.

Најбитно е Лаутаро, Барела и Инзаги да продолжат договори, Бастони да се осигура дека нема да мрдне и да се одолее на некои глупи понуди за Турам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.822
Поени од реакции
23.031
Шкриниар не е ниту трет бек во ПСЖ моментално.Во 2024 нема една минута одиграно во ЛШ, дупна гз на клупа. Овој Бералдо што им дојде во Јануари испадна побитен играч за Енрике.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.455
Поени од реакции
6.739
Шкриниар не е ниту трет бек во ПСЖ моментално.Во 2024 нема една минута одиграно во ЛШ, дупна гз на клупа. Овој Бералдо што им дојде во Јануари испадна побитен играч за Енрике.
Доаѓа од небитна држава во фудбалски рамки, нема да го памти никој по националниот дрес. Имаше шанса да стане легенда у Интер, сам си побара да си замине за пари, никој нема да го памти од фановите на Интер по 20 30 години.
Ќе биде играч со просечна кариера, ќе има само пари на крајот. ПСЖ ќе го шутне, ако не оваа наредна сезона.
За разлика од него Кордоба, Матераци ден денеска ги викаат на пријателски утакмици да играат за Интер, кога се појавуваат на стадион ечи цела Меаца по нив. Никогаш нема да може да го осети тоа. Сам си бараше си доби, и не е дека во Интер зимаше мала плата. Милион два разлика што за еден човечки живот е небитно ама еј, нема да има 5 стана ќе има 10, нема да вози ферари ќе вози 2 ферариња. Глуп.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom