Кајганџиски книжевен предизвик за 2024 година

Колку книги сметате дека може да прочитате во 2024?

  • Extremely Easy Level - 1 книга

  • Very Easy Level - 3 книги

  • Easy Level - 5 книги

  • Medium Level - 10 книги

  • One Per Month Level - 12 книги

  • Major Level - 15 книги

  • Hard Level - 20 книги

  • Very Hard Level - 30 книги

  • Extremely Hard Level - 40 книги

  • Ultimate Level - 50 книги


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.699
Поени од реакции
36.527
05. Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка - Блаже Миневски (Матица македонска, 2023)
1712944172958.png

Влегов со сосема поинакви очекувања во книгата, а добив нешто сосема поинакво од она што се сугерира во насловот и поднасловот. Многу сакав да ми остави силен впечаток и да ја сакам, но едноставно не се пронајдовме на иста бранова должина.

Во поднасловот стои: „Фасцинантен роман за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче напишан со вонсериски усет за динамика, брилијантна наративна леснотија и раскошна лексика“. Од оваа реченица можам да се согласам само за раскошната лексика: Миневски е мајстор при ракување со јазикот. Но се останато - јас не го најдов тука. Ова не е роман за љубовта меѓу Гоце и Јанка, туку роман за еден новинар кој за време на пандемијата пишува фељтон за љубовта меѓу Гоце и Јанка. Притоа, дали едвај една четвртина од него е за Гоце и Јанка, дури и тоа е многу преувеличено. Во него има се, само љубовта меѓу Гоце и Јанка не. Тој е и апологија на љубовта, во него има пасуси за љубовта на Достоевски, Толстој, Есенин, Никола Карев... за кого уште не. Но за Гоце и Јанка - најмалку. Се базира на еден завет кој Гоце пред неговото убиство му го дал на својот пријател Михаел Герџиков, парафразирано: „ако умрам, чувај ја Јанка. Ако меѓу вас се родат некакви чувства, сакајте се.“ Така и биднало - се родиле чувства, Михаел и Јанка оформиле семејство, имале ќерка, таа ќерка своја ќерка, а нејзината ќерка Маја му праќа документи на Блаже за овој да ги објави во фељтонот кој го пишува. Притоа, повеќе од документите се за чувствата, за љубовта, за психологијата, емоциите, занесот и што уште не, само најмалку за тоа за што треба да бидат. Како таков, ова е навистина исклучителен постмодернистички автореференцијален роман со многу метатекстуалност, историска фикција, психолошки опсревации и што уште не. Но јас не го зедов за да читам се тоа, туку за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче. Дури и да беше целосно фикционален, па и alternate history, и Гоце да не загинеше во Баница во него - ќе ми се допаднеше повеќе отколку вака. Вака се трудев да го сакам, сакав да ми се допадне, но едноставно или тој беше преголем залак за мене, или некаде јас скршнав од патот читајќи го, па не можев да се вратам во колосек до сам крај. Само 3/5 од мене.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Убаво ми почна месецов јануари.
1. Hercule Poirot's Christmas - Agatha Christie 3.5/5
2. Appointment with death - Agatha Christie 4/5
3. Мали нешта како овие - Клер Киган 4.5/5 (Откритие на годината - за сега)
4. The pianist - Wladislaw Szpilman 5/5 (исто како и филмот)
5. Се` уште можам нешто да сторам 5*/5- Фросина Пармаковска (фаворит за сега)
Ау од февруари тука не сум апдејтирал статус на предизвиков.
6. Измеѓу - Кристина Гавран (Антолог) 4.5/5 Хумористичен приказ на животот на мигранти од Балкан во западна европа. Шармантна е Гавран.
7. Американа - Нгози Чимаманда Адичи (Арт-Конект). Немав сомнеж (по многуте препораки) дека ќе наидам на еден одличен роман за животот на мигрантите од Африка во САД во поновово време. Она што ние источно-европејците малку површно го гледаме и се палиме на евтиниот расизам што ни се пласира од двете екстреми. Романов нуди слоевит опис на животот на еден црнец роден во(н) американските граници. 5/5 - Една од фаворитите за прочитан роман на годината.
8. Зелениот дворец - Сибо (Арс Либрис). Симпатично книже, но се гледа дека му е едно од првенчињата на писателот. Сепак е на добар пат да се надогради. 4/5
9. Before coffee gets cold - tales from the cafe - Toshikazu Kawaguchi. 4/5 Позитивно книже, продолжение на кецот. Интерсен концепт
10. Чиракот на Архитектот - Елиф Шафак. Кога ја почнав очекував дека ќе ја завлечкам можеби месец ако не и јаче, испадна за неполни 10тина дена ја завршам со оглед на нејзината масивност. Шафак умее да раскаже историска фикција, се приметува нејзината посветеност колку црпела трудови и истражувала за историјата на отоманците во 16ти и 17ти век. По мене, рамо под рамо со големиот Памук. Прекрасна, навистина прекрасна книга. 5/5
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.851
Поени од реакции
23.199
4) Печалбари - Антон Панов

Немам многу што да коментирам за "Печалбари" од Антон Панов. Краток драмски текст кој веќе го имам прочитано како лектира во основно ама добро беше да се освежи меморија.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.699
Поени од реакции
36.527
06. Кобајаши Мару - Анде Јанков (Антолог, 2024)
1714152096171.png

Морам да почнам со - не сакам и не читам трилери! Причината за тоа е што секогаш кога сум се обидел и од тоа малку што сум прочитал, ми сметала клишеизираноста на дејството до крајности, стереотипизираните ликови и ултимативно - секогаш среќниот крај што ги прави неоригинални и предвидливи. Да не бидам погрешно сфатен - во „Кобајаши Мару“ авторот Анде Јанков не измислува топла вода и не прави нешто што премногу отстапува од оваа моја претстава за трилерот во книжевноста, но сепак, дури и на мое лично изненадување - ми се допадна и тоа многу. Причини има повеќе. Прво: „Кобајаши Мару“ не е само трилер, туку многу повеќе од тоа. Анде успешно ги инкорпорира трилер-елементите во една посериозна приказна која говори за многу нешта: од семејството, татковството, животот, изборите на поединецот кои секојдневно ги правиме и прашањето кое се раѓа потоа: „дали правилно постапивме“; моралот, честа, образот, вистината, правдата; па се до трулоста на општеството во кое живееме во кое најверојатно вистински криминалци не се оние кои се извршители на криминалните активности, туку некои, некаде, седнати во некоја фотелја, кои си играат со нашите животи како марионети. Второ: можеби чудно, но на трилерот во „Кобајаши Мару“ јас му верував! Кај трилерите го имам и тој проблем - постапките на ликовите ми делуваат нереалистично. Во реалноста така никој не би постапил, во најголем дел од случаите. Но тука, искрено, помалку реалистични ми беа пасажите на разговорот на Даниел и Андреа за книжевноста и начинот на кој треба да се изгради еден добар роман, отколку трилер - елементите. Трето: ми се допадна вештата употреба на елементи од поп културата (музика, филм, телевизија, книжевност, медиуми...) во речиси секоја глава. Истото ми изгледаше проникливо и можеби придонесе кон целата таа реалистичност за која зборував претходно. Четврто: одлично се инкорпорирани и елементи од реалноста во која денес живееме како на пример војната во Украина, доделувањето на наградата „Роман на годината“, некои политички и други актуелни случувања кај нас од изминативе години и сл. Ми се допадна и (најчесто) предавањето на дијалогот на англиски во оригинал, преведен во фуснота. И последно, особено ми се допадна тој bittersweet крај на романот кој не го очекував. Зашто ова не е роман кој завршува тогаш кога ќе се реши злосторството, што е често клише кај трилерите, туку со еден интересен plot-twist Анде го заокружува во сосема поинаква насока која уште повеќе придонесе кон неговата реалистичност, ме натера да му верувам и заради која уште повеќе ми се допадна.

Реков - не сакам и не читам трилери. Имам прочитано навистина малку од овој жанр што веројатно ќе се смени по „Кобајаши Мару“, кој од тоа малку што го имам прочитано, несомнено е еден од најдобрите, ако не и најдобриот роман. По ова, морам да ги ѕирнам и претходните три романи од серијалот за Виктор Николов, а зошто да не и некој друг трилер од некој друг наш автор. 5/5
 
D

Diferans

Гостин
06. Кобајаши Мару - Анде Јанков (Антолог, 2024)

Реков - не сакам и не читам трилери. Имам прочитано навистина малку од овој жанр што веројатно ќе се смени по „Кобајаши Мару“, кој од тоа малку што го имам прочитано, несомнено е еден од најдобрите, ако не и најдобриот роман. По ова, морам да ги ѕирнам и претходните три романи од серијалот за Виктор Николов, а зошто да не и некој друг трилер од некој друг наш автор. 5/5
Исто искуство имав со - Тегли од Јордан Коцевски. Фатив да ја читам чисто од штос, крими-трилер никогаш не ми било по ќејф, ни порано ни сега. Со предобар смисол за хумор, книгава врие од изненадувања и се спрдава со сите очекувања - што е смешно а што страшно, приватно-професионално, што е машка а што женска перспектива...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.699
Поени од реакции
36.527
Исто искуство имав со - Тегли од Јордан Коцевски. Фатив да ја читам чисто од штос, крими-трилер никогаш не ми било по ќејф, ни порано ни сега. Со предобар смисол за хумор, книгава врие од изненадувања и се спрдава со сите очекувања - што е смешно а што страшно, приватно-професионално, што е машка а што женска перспектива...
Каква коинциденција - вчера ја почнав баш „Тегли“. :D
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
7
Поени од реакции
18
Здраво друштво.
Мојот годишен предизвик е 50+ книги (добро и по некој стрип), но си имам поставено цел секој месец да читам најмалку еден македонски автор.
За сега добро ми оди со 30 прочитани. Подоцна ќе надополнам со листа на прочитани книги и оценки.
Поздрав!
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
7
Поени од реакции
18
Повелете листа по месеци
Јануари
  • Wicca Starter Kit for Begginers, Frank Bawdoe 3.5
  • Succubus, Катерина Шошко 5
  • The freeze-frame Revolution, Peter Watts 4
  • Dawnshard, Brandon Sanderson 4.5
  • Vera Wong’s Unsolicited Advice for Murderers, Jesse Q Sutanto 5
  • The Three-Body Problem (REP #1), Cixin Liu 5
  • Сè уште можам нешто да сторам, Фросина Пармаковска 5
Февруари
  • Вонземјанки, Влада Урошевиќ 5
  • The Dark Forest (REP #2), Cixin Liu 5
  • Death’s End (REP #3), Cixin Liu 5
  • Natthuset, Jo Nesbo 3
  • Телефонската говорница на крајот од светот, Лаура Имаи Месина 4.5
  • Дилан Дог и Бетмен 4
  • The Last Kids on Earth (#1), Max Brallier 5
  • The Troop, Nick Cutter 5
Март
  • Единствен матичен број, Лидија Димковска
  • Lord of the Flies, William Golding 5
  • One Piece, v1 5
  • How to sell a haunted house, Grady Hendrix 3
Април
  • The Humans, Matt Haig 5
  • The Grownup, Gillian Flynn 4
  • One piece, v2, Eiichiro Oda 4
  • One piece, v3, Eiichiro Oda 5
  • We have always lived in the castle, Shirley Jackson 3
  • Чук, чук, Андерс Рослунд 5
  • Коски, пепел, чад, Мери Арсова 5
  • The Manchurian Candidate, Richard Condom 3
  • Мина, Игор Анѓелков 5
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
3.314
Штета што не сум доволно активен на Кајгана, баш ми е криво што лани не учествував во овој предизвик - на Goodreads целта ми беа 10 книги, успеав само 9.

Оваа година одам скромно со 5 книги.


1. Метро 2033 - пост-апокалиптичен роман
1714392817808.png
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
1. Пред да се излади кафето - Тошиказу Кавагучи

Постои едно необично кафуле во кое можеш да патуваш низ времето, ама има неколку услови кои треба да се почитуваат. Еден од условите е: можеш да се задржиш во минатото само додека кафето е топло, во спротивно ќе останеш заробен таму. Целата приказна се случува во кафулето ( Ова можеби е поради тоа што авторот пишувал драми и можеби ова првично било замислено како драма за полесно да се одигра на сцена) каде неколку ликови пробуваат да се вратат во минатото и да се вратат на некои важни или пропуштени моменти со сакани и блиски личности. Кога ја земав очекував дека е некој SF роман ама испадна сосема спротивно. Интересна книга која е преполна со емоции; Ја препорачувам.

2. Варијантата Линебург - Паоло Мауренсиг

Кратка книга, има околу 160стр но добро е спакувана приказната и не се чувствува дека нешто фали или е избрзано.

На почетокот се појавува еден богат тип кој е голем љубител на шахот. Секогаш кога се враќа со воз играат шах со колегата, чита шаховски списанија па дури и пишува статии во нив. Еден ден додека се враќа од работа се појавува еден непознат лик кој исто има огромна пасија за шахот. Тука почнува навраќање на едно ривалство од минатото, се спомнуваат многу легенди од светот на шахот итн... да не откривам многу мала книга е. Ја препорачувам на секој а особено на љубители на шахот.

3. Ајванхо - Волтер Скот
Историска фикција каде се опишани судирите меѓу Норманите и преостанатото саксонско благородништво во Англија а фокусот е на херојството и витештвото. Покрај измислените се појавуваат ликови од историјата на Англија: Робин Худ и Ричард Лавовско срце. Она што ми фалеше тука е подобар заплет и разрешница, сепак не е лоша книга.

4. Малиот Принц - Антоан де Сент Егзипери
Милион пати е пишувано за книгата и нема да пишувам сега. Секох треба да ја прочита и да ја препрочита неколку пати :)

5. Уметноста на војувањето - Сун Цу
Се мисли дека првично е напишан како прирачник за подучување. Содржи поучни работи за тоа како треба да се војува.

6. Пробај со девојката - Рејмонд Чендлер

Ако сте фан на постарите детективски филмови каде главниот лик: пие виски, пуши цигари, мава боксови, итар е и снаодлив, шмекер е и има добри дијалози. Тогаш оваа кратка книга морате да ја прочитате.

Другите книги ќе ги допишам друг пат. :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.699
Поени од реакции
36.527
07. Тегли - Јордан Коцевски (Антолог, 2024 (прво издание ПНВ Публикации, 2021))
1714664416613.png

Уште едно ептен пријатно изненадување за мене! За разлика од претходниот трилер кој го читав и кој дефинитивно не беше само трилер, или барем не трилер во класична смисла на зборот, „Тегли“ е по сите параметри - трилер! А реков претходно - трилери не сакам и не читам. Но ова беше многу несекојдневен трилер! Ме фрли во вртлогот уште по првиот дел кој по мое мислење беше една од кулминациите во романот, можеби најинтересниот и воедно најтрилерскиот дел. Како песна со рефренски почеток: бумот е на сам старт и после не можеш да ја извадиш од глава. Особено ми се допадна употребата на хуморот - Златко, македонскиот Декстер, по многу нешта ме потсетуваше на Гручо, иако тука Гручо испадна не sidekick, туку главниот херој! Уште од старт до финиш имав впечаток дека за да се напише ова потребно било многу истражување, што на крај, во делот „Благодарност“ самиот автор ми го потврди. Ми се допадна и јазикот, не можев да најдам ни една единствена замерка. Ми се допадна и shift-от во перспективите: додека Златко раскажува во прво лице, за Розе се зборува во трето... И уште многу нешта ми се допаднаа и дефинитивно ќе го прочитам и продолжението: „Тајни“. Навистина едно вешто осмислено, несекојдневно и забавно четиво во нашата книжевност од кое не очекував, а добив многу. Го замислив и како филм и мислам дека совршено би функционирало. Чиста ко солза 5/5!
 
Член од
26 февруари 2024
Мислења
7
Поени од реакции
18
03. Сè уште можам нешто да сторам - Фросина Пармаковска (Или Или, 2023)

Уште еден одличен роман на Пармаковска. секоја чест за храброста и браво за секој збор, за секоја мисла, зашто не верувам дека некој друг некогаш кај нас ја доловил така добро целата таа комплексност на чувствата кај еден лик
Ова е дефинитивно најзрелиот текст на Фросина Пармаковска! Прекрасен роман!

И најважно од се: да допре до многумина, барем трошка од тоа ко што ме допре мене.
И јас уживав во романот. Ме понесе. Доста добро ми беа доловени сите ликови во приказната, како роман за човечките односи, врските кои не прават индивидуи, како си влијаеме, и што кога се оддалечува е.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.699
Поени од реакции
36.527
08. Куќа над брановите - Билјана С. Црвенковска (Чудна шума, 2020)
1714759407117.png

Многу чуден роман! Ми се допадна првиот дел, напишан во стил на епистоларен роман, но во некоја блиска, дистописка иднина во која Земјата умира, а нејзиниот последен жител, Бела, која живее на осамен остров, во куќата над брановите кои се закануваат и неа да ја проголтаат, се допишува со нејзиниот љубен Лукијан кој со вселенски брод е заминат на Калисто, природен сателит на Јупитер, за таму да ја побара иднината за човештвото. Ми се допаднаа и фантастичните елементи од почетокот на вториот дел и иако бев свесен кон што се ова води на крај, сепак се разочарав и ја сфатив како крајно песимистично претскажување за она кон што се стремиме - конечното умирање на светот и на човекот, за што крив е исклучиво само човекот. Тој крај многу ме потсети од една страна на филмот The Fountain на Дарен Аронофски, а од друга - ми личеше на еден научно-фантастичен, пост-апокалиптичен есхатолошки мит. Како што после секое умирање неминовно доаѓа и новото раѓање, Црвенковска не запира тука, туку на крајот опишува каква-таква космогонија, но сепак, разочарувањето во мене остана. Од една страна, зашто очекував повеќе од Бела, па и од Лукијан, а од друга, зашто не сакав така да заврши. А и кој би сакал.

Морам да признаам дека ова е вешто осмислен роман, длабок, убаво напишан и со силна порака која те тера да размислуваш и која ни сугерира дека мора да го смениме нашиот однос кон Земјата која почнува да трешти под нашите нозе и да не предупредува. И, и покрај моето разочарување од крајот на истиот, е четиво кое најтопло би го препорачал на секој љубител на научната фантастика, а и општо на секој љубител на пишаниот збор. 4,5/5
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.524
Поени од реакции
22.173
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
1. Пред да се излади кафето - Тошиказу Кавагучи

Постои едно необично кафуле во кое можеш да патуваш низ времето, ама има неколку услови кои треба да се почитуваат. Еден од условите е: можеш да се задржиш во минатото само додека кафето е топло, во спротивно ќе останеш заробен таму. Целата приказна се случува во кафулето ( Ова можеби е поради тоа што авторот пишувал драми и можеби ова првично било замислено како драма за полесно да се одигра на сцена) каде неколку ликови пробуваат да се вратат во минатото и да се вратат на некои важни или пропуштени моменти со сакани и блиски личности. Кога ја земав очекував дека е некој SF роман ама испадна сосема спротивно. Интересна книга која е преполна со емоции; Ја препорачувам.

2. Варијантата Линебург - Паоло Мауренсиг

Кратка книга, има околу 160стр но добро е спакувана приказната и не се чувствува дека нешто фали или е избрзано.

На почетокот се појавува еден богат тип кој е голем љубител на шахот. Секогаш кога се враќа со воз играат шах со колегата, чита шаховски списанија па дури и пишува статии во нив. Еден ден додека се враќа од работа се појавува еден непознат лик кој исто има огромна пасија за шахот. Тука почнува навраќање на едно ривалство од минатото, се спомнуваат многу легенди од светот на шахот итн... да не откривам многу мала книга е. Ја препорачувам на секој а особено на љубители на шахот.

3. Ајванхо - Волтер Скот
Историска фикција каде се опишани судирите меѓу Норманите и преостанатото саксонско благородништво во Англија а фокусот е на херојството и витештвото. Покрај измислените се појавуваат ликови од историјата на Англија: Робин Худ и Ричард Лавовско срце. Она што ми фалеше тука е подобар заплет и разрешница, сепак не е лоша книга.

4. Малиот Принц - Антоан де Сент Егзипери
Милион пати е пишувано за книгата и нема да пишувам сега. Секох треба да ја прочита и да ја препрочита неколку пати :)

5. Уметноста на војувањето - Сун Цу
Се мисли дека првично е напишан како прирачник за подучување. Содржи поучни работи за тоа како треба да се војува.

6. Пробај со девојката - Рејмонд Чендлер

Ако сте фан на постарите детективски филмови каде главниот лик: пие виски, пуши цигари, мава боксови, итар е и снаодлив, шмекер е и има добри дијалози. Тогаш оваа кратка книга морате да ја прочитате.

Другите книги ќе ги допишам друг пат. :P
7. Калеш Анѓа - Стале Попов
Во оваа книга е претставен животот на мариовци во 16век, кога на престолот на Османлиската империја е Сулејман Величествениот. Анѓа е грабната од турскиот кадија кој пробува да ја потурчи но Анѓа упорно одбива и покрај убедувањата а подоцна и заканите. Кога селаните дознаваат каде ја држат Анѓа тие се организираат и тргнуваат да ја ослободат. Ова легенда за грабнувањето на Анѓа се смета како повод за кревање на Мариовската буна во 1565г.

8. Зоја - Паскал Гилевски
Слична тематика како Калеш Анѓа само проткаена со малку повеќе еротика.

9. Записи од подземјето - Фјодор М. Достоевски

Преку "Човекот од подземјето" Достоевски укажува колку човекот е всушност ирационално суштество кое не само што ужива во страдањето туку тоа му е потребно; да му го одземеш страдањето значи да му ја земеш слободата.
За оваа книга ми е криво што не напишав осврт кога ја прочитав додека се уште бев под импресии и впечатоците беа свежи.:(

10. Мазурка за двајца мртовци - Камило Хосе Села

Веќе имав пишано мислење во друга тема па само ќе го копирам од таму.

Генерално се разкажува животот на луѓето во Галиција (Шпанската област над Португалија, каде што живеат Галицијани кои зборуваат Галициски јазик кој е сличен на шпанскиот и португалскиот) за време на граѓанската војна. Главниот настан е убиството на еден лик и подоцна неговата одмазда. Она што е интересно и оригинално е формата во која е напишан романот и можеби е причината поради која Села добива Нобелова награда. Има еден куп ликови кои се појавуваат во секој следен параграф и не се знае кој со кого зборува и раскажува и малце е тешко да се запомнат ликовите и да се следи приказната; но сите ликови се меѓусебно поврзани во роднинска, брачна или швалерска врска. Исто нарацијата е циклична и се повторува (10 пати минимум прочитав дека Бенисиа има пупки тврди како бадеми :ROFLMAO:) помага да се направи поврзаност и да се следи приказната.
Се уште не ми лежат вакви експериментални романи и реално повеќе ќе уживав да имаше нормална структура романот ама ок е и вака. :)

11. Дневникот на писателот (том 1) Фјодор М. Достоевски

Ова се фиктивни и нефиктивни текстови што Достоевски ги објавувал по весници од 1873 па до 1881 година. Има текстови од најразлични теми кои биле актуелни во тогашното општество и Достоевски пробувал да ги прокоментира или да даде свое мислење.
Она што мене ми дојде интересно е што уште тогаш западно европските земји стравувале од Русија и имале слична реторика против Русија како денес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom