Јас читам, читам и доаѓам до заклучок дека пребрзо се носи одлука. Гордана не спие, туку жената од почеток не може да гледа малограѓанштина, односно онакви аплаузи, онакви викања и дерења. Таа е жена цивилизирана, културна, со став. И не може, ама баш ич да ја споредуваме со останатите. Треба сложно во вториот круг да се поддржи. Затоа што само нови лица ни требаат. А да знаете дека сите кои изгледаат како наведнато цвеќе имаат многу капацитет. Сум видел доста такви кои сѐ успеале. А ако се земе предвид и нејзиното знаење, нејзината ученост, тогаш сите ги шие. Македонецот, Албанецот, Турчинот, Ромот, Србинот, Влавот, Хрватот, Бугарот, Еѓуптинот, а и сите треба да разбереме оти само со учени се оди напред. И дека не треба претседателот да биде партија, туку човек. Ама ние сѐ уште не сме дораснати за да разбереме. Политиката е наука која се менува секојдневно и треба да биде модерна. Ние сѐ уште се делиме на секаква основа. Но сепак мислам оти ќе разбере нашиот народ оти треба да се гласа за умствени способности и вештини, како и искуство. Но покрај сѐ верувам дека многу ќе се отрезнат за вториот круг и ќе ја изгласаат Силјановска Давкова која навистина е на ниво. И верувам оти ќе биде претседател слично како Киро Глигоров и Борис Трајковски. Мислам дека ќе разберат сите дотогаш дека треба да излезат и да ја поддржат професорката.