...Државна изборна комисија (ДИК) колку финансиски средства побарале, толку им биле одобрени за организирање на претседателските и парламентарни избори, двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај државата ќе ја чинат
17 милиони евра,
-
над 6 милиони евра за организирање на изборите, со обезбедување на доверлив и недоверлив материјал, транспорт, паричен надоместок за избирачките органи, односно на членовите на општинските изборни комисии, избирачките одбори,
- платено политичко рекламирање за двојните избори над 10 милиони евра.
-
во првиот круг за претседателски избори на сите учесници во изборите им следува по 2 евра за запишан избирач на избирачкиот список.
- во вториот круг
по 1 евро на кандидатите кои ќе бидат во вториот круг, исто така на запишан избирач.
(аман , како може на сите кои се учесници да им следи 2 Е од запишан избирач, а самиот избирач не добива ништо?)
...како и да е државата од сопствен буџет кој е народен буџет издвојува пари за рекламирање за сите кандидати на претседателските избори, а тие кандидати како што се од албанскиот лекторат (ДУИ, ВЛЕН) зашто се рекламираат и трошат пари кога потоа им „наредува“ на нивните симпатизери да не гласат и да го бојкотираат гласањето барем во првиот круг како се гледа, па за кое такво се рекламира на билборди да му ја гледам фацата ако не сака гласање?
... додека за парламентарните избори им следи по 2 евра на сите учесници во избори, исто така на запишан избирач, побарано и дадено од Министер за финансии, а самиот избирач што ќе добие од тие средства шипки варени!!
е затоа излезноста не е како треба и се манипулира и воедно се злоупотребува гласај/ не гласај на претседателските и парламентарните избори 2024!