Отприлика реална анализа, но молам за појаснување како тоа БГ би влегле во Уставот, кога Вмро е изричито против освен во еден случај - почнување преговори па отворање устав, што секако за Европа е смешна маалска уцена. Јас па додавам уште едно гледиште на ова - владина криза, т.е краткорочна влада која нема да опстои подолго од Нова година, а сето тоа поради Вреди кои ќе го покажат своето вистинско лице, и со кои Вмро нема шанси на долг пат. Во овој случај, берзата не би одела еуфорично нагоре, но секако отпорна на вакви глупости би се одржала на стабилно ниво.