Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.207
- Поени од реакции
- 1.236
Младиве генерации, особено тие што "студираа" vo короната, имаат малце извртено сфаќање за приоритетите во кариерата. Наместо да се интересираат за технологија, да се усовршат, да го испечат занаетот (народски кажано), тие се фокусираат на пари. Мислам дека тоа што "студираа" од дома допринесе да не се поврзат со струката. Немаа предавања во живо, решавање вежби, дружење со колеги. Немаа шанса да се стекнат со инженерски менталитет.
Следен проблем е промоцијата на ИТ како "многу пари со седење пред компјутер".
Друг проблем се "инфлуенсерите" кои што само зборат за нивнтие успеси и како тие сеа прават луди пари.
Ретко кој од нив вика: "Се убив од работа првите 2 години, заглавував по 10 саати на работа, прочитав 5 книги за софтверска архитектура кои после 5 години почнав да ги разбирам". Ама затоа ќе труби за тоа како прави X кеш и како не треба да прифаќаш се што е помалце од Y. А да му видиш CV на ликот, ќе видиш дека нема една линија продукциски код напишано.
Пред некое време, едно дете ми рече: "Што бе ќе се бавам со програмирање во МК, ќе земам 500 евра почетна, имам другар, диспечер за камиони 1к прави". Е тоа е тој менталитет. И ова дете смета дека треба да почне со 1к плата, иако неговиот придонес за фирмата најверојатно ќе биде 0 во првите 3-6 месеци