Никаде не пишав јас дека се однесува на ИТ.
За ИТ знам многу добро како е затоа што лично ги интервјуирам луѓето и прегледувам апликациите. За почетници беше далеку полесно пред 10 години, сега е речиси невозможна мисија. А и дури и за мид левел, особено во последните година и пол.
Па види, у поглед на конкуренција и отворено позиции денеска е далеку потешко, и тука е проблемот. Но од друга страна денешниве почетници имаат една алатка која многу работи може да им разјасни и да им заштеди драгоцено време.
Кај нас во фирма имавме интервјуа со graduates, искрено доста разочарувачки.
Поминуваат тестови, т.е задачи алгоритми, ооп и тн... И доаѓаат на интервју. Ништо надвор од факултет немаат сработено.
А точно знаат во фирмава каков продукт се работи, нели. И покрај тоа што откако ќе бидат примени ќе бидат тренирани неколку месеци (2-3 месеци имаат тренинг).
Не знам дали е до новава генерација, ама многу entitled ми делуваат. У смисла, не се многу по потење и копање ствари. Сакаат све на тацничка.
Да се вратам на чет џпт. Од толку многу деца кои интервјуираат, ни еден не се погоди да има искреирано проект во VS пример.
Лупам, они можат мноогу лесно денес да креираат јава нативен проект во Андроид Студио на пример. Со еден промпт ќе го имаат искреирано и ќе можат да чепкаат низ такво решение, кое што баеги ќе ги издвои од другите. Ама ради некоја причина нема такви деца.
Пред Х години, креирање на проект па run-ување, па инсталации, конфигурации и што уште не беше потење и копање по Stack Overflow, документации, туторијали на јутуб и просто сетирање на еден најобичен проект може да трае со саати, наспроти сега каде што се им е сервирано. Може не е добар примерот, ама таа е поентата.
Друга работа кај поновиве генерации, е што мислат пример дека со тоа што штанцаат реакт CRUD feature-s преку апи повици и се инжинери. Многу ретко некој од поновиве да покаже интерес за домејнска логика и domain knowledge во една индустрија.
У суштина ова се многу underrated ствари кои што не се пренесуваат од фирма во фирма, ама пак, премалку интерес гледам кај зумерчињата (97/98 генерации па нагоре).
Немаат пасија, туку веројатно од лукративни причини го бираат овој пат.
Искрено и самиот интервју процес е катастрофален by itself, ама тоа е друга тема на муабет.
Според мене, ако си човек што ќе тапка во место и нема да се надоградува, нема да истражува core логика на сложени пример монолити, у стилот "ми е гајле мене што праат на бек енд" тип на програмер, многу полесно ќе може да те замени некој AI.