Human
Explorer
- Член од
- 10 октомври 2009
- Мислења
- 12.394
- Поени од реакции
- 5.021
Едно е да загинат 5 000 Руси, друго е 50 000.Во двата случаи ризикува Руси. Не е ова Ирак, Авганистан или Виетнам. Руси ќе се ризикуваат и во случај на герила и вака како што е. Вака добиваат почиста ситуација.
туку како ги добиваат парите од САД Украинциве? Што поточно ќе им значат парите и како ќе ги употребат?
Едно е да бараш гранати од С. Кореја, друго е да не имаш потреба за истите.
Едно е да трошиш ресурси за на секој чекор да имаш оперативно ПВО, друго е да не мораш да го извадиш од магацин.
Украинците парите ги добиваат во форма на оружје. Повеќето.
Помагаат, не велам не.Абе и овие што ги плескаат се мобилни, ама ги наоѓаат
Аваксите и останатите системи им даваат навремена информација, нивните радари ти се со преку 400км (најчесто преку 300км со ефективен домет за следење), далеку подобра поставеност и проблеми од пречки и имаат далеку подобар TWS. Сите останати системи најчесто можат да им детектираат мети на 50-100км, што значи немаат баш време навремено да реагираат при напади каде им пуштаат мамка од сворм со дронови и проектили напред, а назад авиони кои летаат ниско и би ги таргетирале батериите. Со сателитите им даваат информација уште кога ќе се дигнат авионите на Руските писти, што дава време за екипите да пресметаат и да се спремнат за брза реакција. Е ова е злато од информација, и во моментот ја добиваат од НАТО, и затоа им туркаат авиони, и затоа имаат сеуште ПВО. Без вакви информации како прво ќе мора да скенираат активно, со што ќе им ги фатат радарите, а како второ веднаш ќе реагираат на првичниот напад од дронови/ракети и ќе си ги издадат позициите. Колку и да се мобилни, им треба време за да го преместат, скријат, и активираат за ново пукање, што ги прави апла лесна мета за авионите.
Велам дека и без нив Русите нема да летаат над Киев, заради бројноста на против-воздушна одбрана од краток и среден дострел што ја поседува Украина.
Нема со секое парче ПВО да стрелаат на дронови, повеќето ќе ги чуваат за авиони што летаат високо.
Ќе почекаат да помини бранот на дронови, па ќе бидат активни ако некој проба со авион да влезе во воздушниот простор што го бранат.
Дури е после недели/месеци во воздушната кампања на Американците врз Србија и Ирак губеа авиони на системи што Србите/Ирачаните ги чувале неактивни.
Замисли го истото, само што Украина има далеку, далеку повеќе парчиња ПВО и тоа ПВО што е технолошки децении понапред, наспроти авијација што не е создадена за потиснување на противнички ПВО.