Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.512
Има и мала вистина во ова, само не специфицираат за чија слобода и чии права. Реалноста е дека во моментот се борат само и само за правата и слободите на нивните политичари. Ако се предаде војската, моменталниот политички режим или ќе одат на превоспитување во гулаг, или ќе скокаат од прозор.Украинците се гордеат со фактот дека се штитот на Европа, Западот и нивните демократски вредности. До ден денес има украински дипломати и политичари (како и западни) кои велат дека Украина се бори за права и слобода, треба само да се побараат клучни зборови на гугл и излегуваат безброј артикли.
Народот е заебан од секој аспект, ако сакаше да ги оправи западот имаше време, финтата е што на западот му требаат само како ефтини аргати, и како топовско месо.
Автоматски споено мислење:
Генерално војна се добива со артилерија и бомбардирање, ракетите се за специјални операции, исто како и снајперистите во пешадијата.Истата тактика како и на Американците во Виетнам.
Американците убијаа 15% од тогашното население во Виетнам, Русите 12%.
И не, Америка не ја почна војната во Авганистан, како што СССР не ја почна во Виетнам.
И да, денешна Русија е продолжение на СССР, без идеологијата.
Прашањето е какво оружје им треба.
-Русија има доволно авијација, да нема потреба да произведува нови авиони. Но не ги користат многу во Украина, па немаат потреба од многу авиони.
Би имале потреба од стелт авиони или слични поседи за да извршат потиснување на противничката ПВО, но Русите не функционираат така, па оттука и немаат потреба за тоа.
-Наведувани бомби, ги немаа многу, но очигледно, заради потребата за краток период успеваат да произведат или опремат многу наведувани бомби.
-Артилерија, очигледно можат да го зголемат производството нагло, значи и тука се ок.
-Наведувана муниција (дронови, артилерија) веројатно малку потешко, но изгледа дека поголем проблем е недостатокот (неможноста) на откривање мети отколку самото количество и производство на наведувана муниција.
Единствен проблем што може да се забележи засега е што не можат да внесат во масовно производство модерни оружја, како Су-57ката, Т-14 и слични оружја.
Е сега, колку реално тоа оружје ќе ја смени ситуацијата на терен и дали вреди огромно вложување е веќе нешто што можеби им е пресметано.
Ако можат да произведат 10 тенкови Т-84 по цена од 1 Т-14 и ако тие десет се далеку поефективни од еден Т-14, тогаш зошто да трошат ресурси без причина?
Артилерија и бомби произведуваат колку што имаат потреба.
СУ-57 не верувам дека ќе направи некаква промена, исто како што не би направиле сериозна промена ни ф-16 кај Украина, или дури и Ф35 кога би ги добила од западот.
Сериозна разлика би направило кога би смееле да ги туркаат Аваксите, или западните сателити. Реалноста е дека овие работи им сметаат за воздушно да им влезат со се јајца. Без овие ќе може да им прелетуваат и со ТУ-95 над Киев, и тука лежи зајакот за таа воена супериорност која што ја бладате со другарите на темата. Единствениот начин за истата да се постигне е туркање на западните сателити и авиони, кое засега е недостижно, бидејќи ќе мора да влезат во директен конфликт и веројатно да ја избришат од постоење цела планета, а чисто се сомневам и во блиска иднина. Мислам дека е далеку поголема веројатноста за печурки низ Украина, отколку да ги чепнат западните летала и сателити.
Последно уредено: