Отвори темата Станови во Скопје па ќе забележиш веднаш пар ликови што веруваат во Дедо Мраз.Тој што се убедува дека во Македонија има поголем квалитет на живот отколку земјите во EU/USA/AUS сигурно верува дека Дедо Мраз е вистински и живее во свет кој е паралелно еднаков на фантазија.
Другар, нема потреба да се вреѓате меѓусебно. Еве и сам кажуваш дека 10 години си живеел странство па си купил имот работејќи по 2-3 работи паралелно.Трапале имотот ти е штедна книшка ако барем имаш 2 грама мозок.
Колкави се пензиите во странство знаеш или незнаеш? Како сакаш да живееш кога ке остареш како куче или како достоен човек?
Тоа што повеќето не се ни трудат да купат нешто си е ваш проблем не мој, вие ке бидете без заштеда.
Шлепајте се 30 години под кирија ако сакате, нека ви кажува некој кога и како ке се преселувате. Нека ви крева кирија он кога сака. Такви ли граѓани од 1в ред сте?
Во ред, така и е на почеток или било кој пат да го фатиш ќе ти требаат години за да стигниш до имот (како што ти искоментирав порано на темава, секој има свој различен пат и своја борба).
Во Германија, пример, добро е што може да правиш Untervermietung т.е. да го реиздаваш просторот (во договор со газдата). Тоа е еден начин да направиш пари.
Пример, земаш куќа цирка 1500-2000еур кирија и издаваш соби во неа на работници и слично. Им земаат по 300-400еур, дури и повеќе од кревет. Двајца, некогаш до тројца во соба. Удри му математика.
Само неодамна имаше измени мислам во делот на оданочување (но не ги имам побарано пошто засега не ми е тоа во интерес) и малку станува потешко да имаш поголем профит. Отсегаде гледаат да ти исцедат пари.
Друга опција ти е, две добри плати дома, исто земаш куќа за некои 400к еур на кредит, има постари куќи од минатиот век со еден куп соби. Си пазариш мајстори од Балкан кои ќе ти ја средат што на фактура (што поголем дел на црно) тип топ со вода и струја и рентај ја.
Куќа на 2 спрата со 8 станови ваму кај што сум годишно прави ЧИСТ профит после данок од 40к еур, па сеа ти види.
Тие што ги кажуваш НЕ елитни населби баш се цел на ваквите издавачи на станбен простор затоа што ќе ја наполни со бабари од Иран и шо ти ја знам каде (сега модерно и со Украинци), државата ја плаќа киријата, НЕГО НЕ МУ ЧУЕ.
Дали се расипало нешто, дали функционира или не (а грото функционира) многу многу не се замараат таквите на кои државата им плаќа.
И многу е битно да капнува, НЕ да тече. Не може се доселил вчера странција и одма бизнисмен или одма највисока плата во фирма. Не оди тоа така, се' си бара време.
Но еве ти погоре два примери како со рентање од сопствена хипотека или со ре-рентање да капнува секој месец. После X години, покрај сопствената работа со која се бавиш и ова ќе ти донеси една пристојна куќа дури и во таква елитна населба како што ти ја посочуваш низ примери.